Пеликани () — семејство големи водни птици. Карактеристични се со нивниот долг клун и вреќичката под него, која им служи за лов и исцедување на водата од клунот. Тие имаат светло перје, со исклучок само на два вида. Клуновите, ќесичката и кожата на лицето им добива малку боја пред сезоната на парење. Фосилните остатоци од пеликаните се стари најмалку 30 милиони години.
Таксономија и систематизација
Семејството прв официјално го опишал Карл Лине во 1758 г. Името потекнува од старогрчкото пелекан (πελεκάν), што произлегува од зборот пелекис (πελεκυς) кој значи „секира“. Во античко време, зборот се однесувал и на пеликаните и на клукајдрвците.
Пеликаните го дале своето име на редот пеликановидни, кој со текот на времето претрпува промени.
Дијаграмот е заснован на Hackett et al. (2008).
Видови
Осумте вида пеликани може да ги поделиме во 2 групи, едната со 4 пеликани кои гнездат на земја со претежно бели перја, и другата со 4 пеликани со сиви или кафени перја и кои гнездат или на дрва или на морски карпи.
Живи видови пеликаниСекојдневни и стручни називи на птиците ФотографијаОписРанг и статусКафен пеликанPelecanus occidentalisЛине, 1766Долг е 1.4 m, распон на крилјата 2 – 2.3 m, тежи 3.6 – 4.5 кг. Најмал пеликан, прекриен со кафено перје, се храни со нурнување.Пет подвида. Живее од брегот на северна Америка и Карибите до јужна Америка и Галапагос. Статус: Најмала загриженост.Перуански пеликанPelecanus thagusМолин, 1782Долг е 1.52 m, распон на крилјата 2.48 m, тежи околу 7 кг. Со темни перје и светли линии од главата надолу по страните на вратот.Монотипичен е. Тихоокеанскиот брег на јужна Америка, од Еквадор и Перу до јужен Чиле. Статус: Близу до загрозен.Точкестоклун пеликанPelecanus philippensisГмелин, 1789Долг е 1.27 – 1.52 m, распон на крилјата 2.5 m, тежи околу 5 кг. Претежно има сиво-бело перје, розовкаста задница и клун со точки.Монотипичен. Јужна Азија, од јужен Пакистан, преку Индија, источно до Индонезија; веќе изумрен во Филипини и источна Кина. Статус: Близу до загрозен.Розов пеликанPelecanus rufescensGmelin, 1789Долг е 1.25 – 1.32 m, распон на крилјата 2.65 – 2.9 m, тежи 3.9 – 7 кг.Elliott (1992), p. 309 Сиво-бело перје, повремено розовкасто на грбот, со жолта точка на врвот на клунот и сива ќесичка.Монотипичен. Африка, Сејшели и југозападна Арабија; изумрен на Мадагаскар. Статус: Најмала загриженост.Американски бел пеликанPelecanus erythrorhynchosGmelin, 1789Долг е 1.3 – 1.8 m, распон на крилјата 2.44 – 2.9 m, тежи 5 – 9 кг. Перјето е речиси цело бело, освен пердувите за летање кои се црни и се гледаат само во лет.Монотипичен. Северна Америка, зимува во Мексико. Статус: Најмала загриженост.Обичен пеликанPelecanus onocrotalusLinnaeus, 1758Долг е 1.40 – 1.75 m, распон на крилјата 2.45 – 2.95 m, тежи 10 – 11 кг. Бело перје, со розовкасто лице и нозе.Монотипичен. Широко распространет, од источен Медитеран, на исток до Индокина, на југ до јужна Африка. Статус: Најмала загриженост.Кадрав пеликан (бабјак)Pelecanus crispusBruch, 1832Долг е 1.60 – 1.80 m, распон на крилја 2.70 – 3.20 m, тежи 10 – 12 кг . Најголем пеликан, со кадрави перје на главата, сиви нозе и сивкасто-бело перје.Монотипичен. Југоисточна Европа, до Индија и Кина. Статус: Ранлив.Австралиски пеликанPelecanus conspicillatusTemminck, 1824Долг е 1.60 – 1.90 m, распон на крилјата 2.5 – 3.4 m, тежи 4 – 8.2 кг. Претежно бело перје, со црни пердуви на крилјата, и долг, тенок розов клун.Монотипичен. Австралија и Нова Гвинеа, повремено се среќава во Нов Зеланд, Соломони, Бизмарков Архипелаг, Фиџи. Статус: Најмала загриженост.
Опис
Пеликаните имаат крупно тело покриено со бели, розово-бели, сиво-бели или потемни пердуви. Перјата за летање на врвовите од крилата им се црни или темни. Имаат мала глава, долг врат, а карактеристичен е нивниот долг клун со растегливо ќесе. Розовкастите нозе им се кратки и силни, а четирите прсти споени со кожичка за пливање. На земја е тромав, но добро плива и многу добро и високо лета. Живеат во јата, крај големи езера, мочварни брегови, плитки калливи морски брегови или широки речни утоки.
Исхрана
Се храни со риби кои ги ловат заеднички, но и со други водни животни. Пленот го здогледуваат во лет, па слетуваат во полукруг со раширени крилја и ги опкружуваат преплашените риби.
Размножување
Во сезоната на парење, голите површини кожа им добиваат поживи бои: жолта, портокалова или црвена. Гнездата ги прават во поголеми колонии, на земја, со трски, водени растенија и гранки. Еднаш годишно снесуваат 2-3 бели јајца. Младенчињата ги хранат и двата родитела, со полусварена храна која ја чуваат во ќесичката под клунот.
Наводи
Литература
Надворешни врски
Видеа со пеликани на Internet Bird Collection
Категорија:Птици Категорија:Пеликановидни Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј