Свети Ѓорѓи — главна селска црква во струмичкото село Сушица, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во горниот дел на селото, а во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
Црквата била изградена во периодот 1918-1920 година.
Истата била обновена во периодот 1983-1984 година.
Архитектура
Претставува трикорабна градба. Состојбата на црквата е добра, а при обновата во 1983-1984 година се користеле армирано-бетонски елементи.
На самата црква има поставени клима-уреди и несоодветно осветлување, со што се нарушува нејзиниот изглед.
Фрескоживопис
Црквата нема фрескоживопис, освен над влезната врата.
Икони и иконостас
Во црквата се наоѓаат две икони од век, а иконописот е од 1925-1930 година. Во црквата има икони од Гаврил Атанасов.
Галерија
Поврзано Струмичко архијерејско намесништво Сушица
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Категорија:Храмови посветени на Свети Ѓорѓи во Македонија