Томаш Репка (роден на 2 јануари 1974) — поранешен професионален чешки фудбалер, одбранбен играч.

Последниот клуб за кој играл Репка бил Ческе Будјејовице. Претходно тој настапувал за Острава и Спарта Прага (на двапати 1995-1998 и 2006-2011) во Чешка, како и за Фјорентина (во Италија) и Вест Хем Јунајтед (во Англија).

Репка има еден настап за репрезентацијата на Чехословачка, а по распадот на оваа земја тој играл за репрезентацијата на Чешка, за која забележил 46 настапи и два гола во периодот 1994-2001 и ја претставувал на Европското првенство 2000.

Титули Клупски Спарта Прага Чешко првенство : 4 1996–1997, 1997–1998, 2006–2007, 2009–2010 Куп на Чешка : 3 1995–1996, 2006–2007, 2007–2008

Фјорентина Куп на Италија : 1 2000-2001

Репрезентативни Чешка Кирин куп : 1 1998

Надворешни врски Официјално мрежно место на Томаш Репка Официјална страна (на Чешки) Томаш Репка на FootballDatabase Профил на Томаш Репка на Официјалното мрежно место на Спарта Прага

Категорија:Чешки фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед Категорија:Родени во 1974 година