Галичица — висока планина во Македонија. Заради особените природни убавини и карактеристичниот растителен и животински свет на шумите и шумските предели на планината Галичица, еден поголем дел од неа, на површина од 22.750 хектари, во 1958 година е прогласен за национален парк. Националниот парк Галичица којшто се наоѓа во крајниот југозападен дел од Македонија, се одлика по положбата што ја зазема меѓу двете најголеми езера во земјата — Охридското и Преспанското. Забележителна е по празгранетата орографија и интересните геоморфолошки облици како длабоки долови, разни карстни образби и групата Галичички езера од ледничко потекло.Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009 Географската положба на паркот е 40°59’ СГШ 20°52’ ИГД.Македонија низ бројки, 2011
Најниска точка е нивото на Охридското Езеро 695 м.н.в. и нивото на Преспанското Езеро 850 м.н.в., а највисока врвот Магаро 2255 м.н.в. Планината Галичица има развиен релјеф со длабоки долови и стрмни падини кон двете езера. Поради релјефните одлики, единствениот масив на Галичица поделен е на четири засебни делови.
Делот јужно од Зли Дол се именува како Стара Галичица. Тоа е највисокиот и најмаркантниот релјефен дел на националниот парк. Неговите страни стрмно се отсечени кон езерата и избраздени се со суводолици што на планината и дава изглед на непристапност. Во неговиот централен дел оформено е широка висорамнина со надморска висина поголема од 2000 м. На него се застапени скоро сите површински карстни облици. Јужно од овде, масивот продолжува во Сува Гора во Мала Преспа на територијата на Албанија.
На север од него се наоѓа делот Галичица. Највисокиот врв Вакоски Гној има централна положба и висина од 1999 м. Во овој дел ширината на планината е најмала (9,75 км). Падините кон Охридското Езеро се стрмни и слични со оние од претходниот дел, додека источните падини поблаго се спуштаат кон Преспанското Езеро. Платото во централниот дел е на висина од околу 1400 м. и на него се оформени четири карстни полиња.
Остатокот од масивот меридијански е поделен на два дела и тоа Петрино кој гравитира кон Охридската и на исток кон Преспанската Котлина.
Геологија и хидрологија мини|лево|Поглед на планината Галичица и Охридското Езеро Основна геолошка подлога на Галичица во најголем дел е од палеозојски метеморфни силикати, покриени со слој од масивни сунѓерести варовници дебел 500-550м. Ваквата геолошка структура и присуството на карстните геоморфолошки форми на планината и даваат изглед на планините од Динарскиот систем. На Галичица ги сретнуваме шкарпите, вртачите, увалите и карстните полиња (површински карстни форми), и пештерите и пропастите (подземни карстни форми).
Геолошката подлога и морфологијата на планината вршат големо влијание на зголемување на пејсажните и естетските вредности на паркот и претставуваат еден од условите за појава на високата биоразновидност и карактеристичност на живиот свет.
Водопропусливоста на варовничкиот слој ја направила Галичица една од најсушните планини во Македонија. Во нејзиниот планински дел се сретнуваат само неколку постојани извори, со многу мала издашност. Понекогаш во години со обилни снежни врнежи напролет се појавуваат извори кои во лето пресушуваат.
За разлика од планинскиот дел, крајбрежјето на Охридското Езеро е богато со извори. Нај карактеристично е извориштето кај манастирскиот комплекс Св. Наум. Тоа претставува типична карсна хидролошка појава во вид на вруток. мини|десно|Поглед на планината Галичица од излетничкото место Корита Се состои од триесет подводни (сублакустрични) и петнаесет крајбрежни (лакустрични) извори, со вкупен капацитет од околу 7,5 метри кубни во секунда. Изворите формираат мал езерски слив со површина од 30 ха и најголема длабочина од 3,5 м. Во рамките на езерото создадени се два мали острови. Со последните испитувања на водите во изворите со помошна природни радиоизотопи потврдена е претпоставката дека дел од нив потекнуваат од ПреспанскотоЕзеро, чие ниво е повисоко од нивото на Охридското Езеро, за 150 м.
Покрај геолошко-хидролошките особености извориштето се одликува со големо богатство на растителен и животински свет што ја зголемува неговата амбиентална вредност.
На самата граница на националниот парк во близина на Охрид се и Билјанините извори кои се едно од најпосетените места на крајбрежјето.
Клима мини|десно|230п|Поглед на Пештани (десно) и Охрид (во позадината) од Галичица Климата во Охридско-преспанскиот регион, а со тоа и на планината Галичица која ги дели овие две котлини е условена од неколку фактори што придонесуваат таа да биде различна од нејзиното пошироко опкружување. Засебното влијание на секој од овие фактори не е толку големо, но нивното взаемно дејство придонесува да се појави еден посебен вид на умерено-континентална клима. Ова го овозможуваат следниве фактори:
меридијанскиот правец на протегање на планината Галичица кој ја олеснува комуникација на воздушните маси во правецот север-југ, што овозможува на нејзините падини да се чувствува влијанието на медитеранот релативно ниските планински превои во Албанија и близината на Јадранското и Јонското Море, кои од Галичица се оддалечени 110 км го овозможуваат продирањето на топлите морски струења големата количина на вода во Охридското и Преспанското Езеро која се јавува како своевиден акумулатор на топлина ги намалува температурните амплитуди кои се јавуваат помеѓу денот и ноќта и помеѓу годишните времиња варовничката геолошка подлога која климата ја прави потопла и посушна;
Секако овие фактори не дејствуваат подеднакво на целата територија на националниот парк. Има делови во кои влијанието на овие фактори е поголемо и климата во нив е нај умерена што придонело да се појават растителни видови типични за медитеранот. Од друга страна големата надморска височина и експозиција на некои падини прават климата да биде слична на алпската што условува присуство на алпски флорни елемeнти.
Почви
Почвата како природно историско тело настанува како последица на заедничкото комплексно делување на сите педогенетски фактори (клима, вегетација, матичен супстрат, животински организми, релјефот, времето и човекот).
Факторите кои влијаат на образувањето на почвите и нивната натамошна еволуција, како и нивните својства се многубројни и се во најтесна корелација со условите на средината.
Поради големата хетерогеност на еколошките услови: климатските, орографските, геолошко-петрографските, хидрографските и вегетациските - на планинскиот масив Галичица се образувани поголем број на почвени типови и поттипови.
Систематската припадност на почвите на планинскиот масив Галичица според најновата прифатена класификација е следнава:
I Класа Неразвиени почви со профил А - Ц
1 тип Литосоли
2 тип Регосоли
II Класа-Хумусно - акумулативни почви со профили А - Ц
3 тип Рендзина
4 тип Варовничко - доломитна црница (Калкомеланосол)
а) поттип органогена, органоминерална и браунизирана
5 тип Хумусно - Силикатна почва (Ранкер)
а) поттип проторанкер, зрел ранкер и браунизиран ранкер
III Класа Камбични почви со профил А - ( Б ) - Ц
6 тип Еутрично - кафеави шумски почви (Еутричен камбисол)
7 тип Циметни шумски почви (Хромичен камбисол)
8 тип Кафеава почва врз варовник и доломит (Калкокамбисол)
9 тип Црвеница (Terra Rosa)
IV Класа Преталожени почви
10 тип Алувијални почви
11 тип Колувијални почви
Флора и Фауна
Националниот парк Галичица особено се истакнува по големото флористичко богатство. Тука допираат ареалите на голем број видови растенија, претставници на различни флорни елементи, од коишто некои овде ја достигнуваат северната, односно јужната граница на своето распространување, или пак источната или западната граница. Наоѓалиштата за некои од растителните видови на Галичица се единствени за територијата на Република Македонија. На територијата на паркот се застапени 37 растителни заедници, од кои 20 се шумски. Националниот парк Галичица претставува класично наоѓалиште за 20 видови виши растенија (Cormophytae) од коишто 12 видови се познати само за планината Галичица и за крајбрежјето на Охридското и Преспанското Езеро и претставуваат локални ендеми.
Досега се евидентирани преку илјада растителни видови, од кој 176 од дрвенестата флора што претставува 58,4% од македонските автохтони дрвни видови. Од посебно значење за заштитата е присуството на голем број реликти за кои Галичица во минатото често претставувала место каде наоѓале засолниште пред налетот на ледените периоди. Од нив најзначајни се оние кои потекнуваат од плиоценот и успеале да ги преживеат четирите ледени периоди на плеистоценот. Такви се Morina persica, Stipa mayeri, Ramonda nathaliae и Phelipaea boissieri и други.
Исто така посебен интерес за заштитата се големиот број ендемски видови. На Галичица се присутни неколку типа на ендеми:
балкански чии број е толку голем што нивното набројување би значело набројување на поголемиот дел од видовите кои се среќаваат на Галичица јужнобалкански чии број е многу голем, а посебно внимание заслужуваат следниве видови: Ajuga piskoi, Erodium guicciardii, Oxytropis purpurea, Astragalus baldaccii, Poa galicicae, Lilium heldreichii, Arabis bryoides и многу други локални кои можат да се сретнат само на падините на Галичица и никаде на друго место. Нивниот број во моментов е 14, но според сегашните индиции и интензитетот на проучување на флората во националниот парк нивниот број во иднина ќе се наголемува. Локалните ендеми се: Centaurea soskae, Crocus cvijici, Laserpitium ochridanum, Astragalus mayeri, Helichrysum zivojinii, Nepeta ernesti-mayeri, Alyssum galicicae, Thymus ciliatopubescens, Thymus skopjansis, Geranium cinereum, ssp. subcaulescens var. rupestris, Echinops bannaticus ssp. Prespaensis, Centaurea galicicae, Dianthus galicicae и Sempervivum galicicum.
Од не помало значење се и голем број на ретки растенија кои ги има и на друго место меѓутоа ретко се среќаваат или нивното присуство на Галичица е неочекувано. Интересен е примерот на гола копривка (Celtis glabrata) кој природно расте на планината Кафказ но исто така го среќаваме и на островот Голем Град во Преспанското Езеро кој е оделечен од Кафказ неколку илјади километри.
Фауна За разлика од флората фауната во националниот парк многу малку е проучувана. Ова особено се однесува на безрбетниците чии број е сигурно многу голем и кој е карактеристичен за оваа планина која со своите особености условува појава на високa биоразновидност. За разлика од безрбетниците, рбетниците се евидентирани и делумно проучени. Во националниот парк застапени се 171 вид на рбетници без риби, од кои 10 водоземци, 18 влекачи, 124 птици и 19 цицачи.
За одбележување е присуството на дивата коза, рисот и мечката од цицачите кои се реткост во останатите делови на Европа и големиот и малиот корморан и пеликанот од птиците кои природно го населуваат Преспанското Езеро и островот Голем Град.
Од фауната, на подрачјето на националниот парк Галичица регистрирани се 26 ендемски видови. Посебно е интересна бројноста на пеперудите - 1644 видови, што претставува огромна концентарција за толку мал простор. Според бројната застапеност на 30 видови водоземци и влекачи, Националниот парк Галичица е приближно на исто ниво каква што е застапеноста на херпетофауната на целата територија кај некои од средноевропските земји (Германија, Швајцарија, Австрија и др.). Класата птици на Галичица е застапена со 266 видови, што претставува 84% од вкупната македонска орнитофауна, додека пак бројноста на цицачите - 51 вид, претставува 62% од вкупната фауна на цицачи во Македонија.
Строго заштитени зони Во групата строго заштитени делови на паркот вклучени се предели и биотопи кои имаат универзално или национално значење односно се одликуваат со автентичност и природна состојба на растителните и животинските заедници, со нивната мала распространетост претставуваат типични и единствени појави и се одликуваат со особени природни убавини. Такви предели во паркот се: