мини|Тезеј го убива Минотаурот (1843), бронзена скулптура од Антоан Луј Бари.

Тезеј (старогрчки: Θησεύς) бил јунак во старогрчката митологија. За разлика од Херакле кој бил дорски херој, Тезеј бил херојот-основач на Атињаните, кои го сметале за свој голем реформатор: неговото име потекнува од истиот корен како и θεσμός („thesmos“), грчкиот збор за „институција, закон“. Тој бил одговорен за synoikismos („живеење заедно“) - политичкото обединување на Атика под Атина, симболично претставено во неговото патување на подвизи, покорувајќи ги мошне ограничените дивјаци и монструозни ѕверови. Бидејќи тој бил обединувачкиот крал, Тезеј изградил и престојувал во палата на тврдината на Акропол која можеби била слична на палата што била откопана во Микена. Паузаниј изјавува дека по synoikismos-от, Тезеј основал култ на Афродита Пандема („Афродита на сите луѓе“) и Пејто на јужната страна на Акропол.

Плутарховата Vita (реалистична биографија) на Тезеј користи различни описи за смртта на Минотаурот, бегството на Тезеј и љубовта на Ариадна кон Тезеј. „Поради тоа, може ли да успеам во прочистувањето на бајката, правејќи ја достатна на разумот и да се прифати слична на историјата. Но, каде што таа презира да се направи веродостојна и одбива да признае каков било елемент на веројатност, ќе се молам за љубезните читатели, како такви да ги примат со попустливост приказните од антиката.Plutarch, Life of Theseus. Плутарховите извори, од кои не сите текстови самостојно опстанале, ги вклучувале Ферекид (средина на V век п. н.е.), Демон (околу 400 г. п.н.е.), Филохор и Клидем (двајцата од IV век п.н.е.).Edmund P. Cueva, „Plutarch's Ariadne in Chariton's Chaereas and Callirhoe“, American Journal of Philology 117(3), 1996, pp. 473–484.

Рани години

Егеј, еден од првобитните кралеви на Атина, нашол невеста, Етра, која била ќерка на кралот Питој од Трезена, мал град југозападно од Атина. На нивната прва брачна ноќ, Етра се пробила низ морето до островот Сферија кој лежи блиску до брегот и таму легнала со Посејдон (богот на морето и земјотресите). Тезеј добил комбинација од божественост како и смртни одлики во својата природа; двајца татковци, еден бесмртен и еден смртен била позната одлика на грчките херои. Ова кај некои истражувачи наметнало дури и тврдењето дека Тезеј морал да има близнак.Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 95.Теоријата, изложена како природознание од Аристотел, била прифатена низ XIX век и докажано е дека е погрешна во модерната генетика: види Телегонија. Понекогаш во митовите, резултатот може да биде близнаци, едниот со божествен, а другиот со смртен татко: види Диоскури. За наводниот Парнас, основачот на Делфи, Паузаниј забележува: „Како и другите херои, како што се наречени, и тој имал двајца татковци; за едниот се вели дека бил богот Посејдон, а смртниот татко бил Клеопомп.“ (Description of Greece x.6.1). Откако Етра забременила, Егеј решил да се врати во Атина. Пред да замине, сепак, ги закопал сандалите и мечот под еден голем камен: Камен „кој имал дупка во него толку голема за да ги собере овие предмети“, вели Плутарх. И ѝ рекол на Етра кога нивниот син ќе порасне, да го помести каменот. Ако е доволно јунак да ги земе обележјата за себе како доказ за неговото кралско потекло. Во Атина, на Егеј му се придружила Медеја, која го напуштила Коринт откако ги убила децата што му ги родила на Јазон и го прифатила Егеј како нејзин нов маж. Свештеничка и крал заедно го претставувале стариот поредок во Атина.

Така, Тезеј бил одгледан во земјата на својата мајка. Кога Тезеј пораснал и станал храбар младич, го поместил каменот и ги земал обележјата на татка си. Мајка му тогаш му ја кажала вистината за идентитетот на татко му и му рекла дека мора да ги однесе мечот и сандалите кај кралот Егеј за да го побара своето право од раѓање. За да патува до Атина, Тезеј можел да избере да оди преку море (што било безбеден пат) или преку земја, следејќи го опасниот пат околу Саронскиот Залив, каде би наишол на низа од шест влезови во Подземниот свет Споредено со Задачите на Херакле, „Тезеј е зафатен само со светите влезови кои се наоѓаат во околината на Атина.“(Ruck and Staples 1994:204)., секој чуван од некој хтонски непријател. Млад, храбар и амбициозен, Тезеј одлучил да оди сам преку земја, при што поразил многу големи разбојници по патот. Присуството на Тезеј во старогрчката митологија е големо, но најчесто се зборува за неговите осум подвизи: ги убил Коринт, Питиокамп, Прокруст, Скирон, Керкион, вепарот Кремион, го убил маратонскиот бик и го убил Минотаур.Хиган, Митови, Три, Скопје, 2016, стр. 46.

Шесте влезови во Подземниот свет

На првото место, кое било Епидаур, посветено на Аполон и исцелителот Асклепиј, Тезеј му ги променил плановите на хтонскиот разбојник Перифет, кој ги победувал своите противници на земјата, и му го земал боздоганот кој често го прикажува Тезеј во сликите на вазните. Кај Истмискиот влез во Подземниот свет имало крадец наречен Синис, често нарекуван „Pityokamptes" (грчки: Πιτυοκάμπτης, „оној што се качува на борови“). Тој заробувал патници, ги врзувал меѓу два бора што биле навалени до земјата и потоа ги пуштал дрвјата да се исправат, растргнувајќи ги своите жртви. Тезеј го убил на истиот начин. Потоа спиел со ќерката на Синис, Перигуна, со која го добил синот Меланип. Во друг подвиг, северно од Истм, во место наречено Кромион, тој убил огромна свиња, Кромионската свиња, одгледана од старица по име Фаеја. Некои верзии ја именуваат свињата Фаеја. Библиотека ја опишува Кромионската свиња како потомок на Тифон и Ехидна. Во близина на Мегара, еден стар крадец по име Скирион ги терал патниците да одат по тесниот пат од страната на карпата за да му ги измијат стапалата. Додека тие клечеле, тој одзади ги туркал од карпата, при што морското чудовиште ги јадело (во некои верзии, тоа е огромна желка). Тезеј го турнал од карпата. Друг негов непријател бил Керкион, кралот на светото место Елефсина, кој ги предизвикувал случајните минувачи во натпревар со борење. Кога ќе ги победел, ги убивал. Тезеј го победил Керкион во борењето и го убил. Последниот разбојник бил Прокруст Растегнувачот, кој имал две постели, една која им ја нудел на минувачите во рамнината на Елефсина. Тогаш тој ја правел постелата соодветна, или преку растегнување на жртвите или преку пресекување на нивните стапала. Бидејќи имал две постели со различна големина, ниту една не била соодветна. Тезеј му го променил планот на Прокруст, пресекувајќи му ги нозете и отсекувајќи му ја главата со неговата секира.

Медеја и Маратонскиот бик, Андрогеј и Палантидите

Кога Тезеј пристигнал во Атина, тој не го открил својот вистински идентитет веднаш. Егеј бил гостопримлив, но бил сомничав кон намерите на младиот, силен странец. Жената на Егеј, Медеја веднаш го препознала Тезеј како син на Егеј и се загрижила дека Тезеј ќе биде избран како наследник на Егејовото кралство наместо нејзиниот син Мед. Таа се обидела да нареди Тезеј да биде убиен, замолувајќи го да го зароби Маратонскиот бик, амблем на критската моќ.

На пат кон Маратон, Тезеј се засолнил од бурата во колибата на стара жена по име Хекала. Таа се заколнала дека ќе му посвети жртва на Зевс ако Тезеј успешно го зароби бикот. Тезеј го заробил бикот, но кога се вратил во колибата на Хекала, таа била мртва. Во нејзина чест, Тезеј го дал нејзиното име на еден од демовите на Атика, при тоа правејќи ги нејзините жители во една смисла посвоени деца на Хекала.

Кога Тезеј победнички се вратил во Атина, каде го жртвувал бикот, Медеја се обидела да го отруе. Во последен момент, Егеј ги препознал сандалите, штитот и мечот и го турнал пехарот со затруено вино од раката на Тезеј. Така, таткото и синот биле одново обединети, а Медеја, како што се зборувало, избегала во Азија.

Кога Тезеј се појавил во градот, му претходела неговата репутација, бидејќи патувал низ озлогласениот пат покрај брегот од Трозана и убил некои од најстрашните разбојници таму. Не поминало долго време пред надежите на Палантидите да бидат загубени за наследувањето на очигледно бездетниот Егеј ако не се ослободат од Тезеј (Палантидите биле синови на Палас и внуци на кралот Егеј, кои во тоа време живееле на кралскиот двор во светилиштето на Делфскиот Аполон) „...каде што сега се наоѓа заградениот простор во Делфиниум, таму беше куќата на Егеј, а Хермес на истокот од светилиштето е наречен Хермес на Егејовата порта." (Plutarch, 12)). Па му поставиле стапица. Една група од нив ќе оди во градот од едната страна додека друга група ќе чека во заседа близу местото наречено Гаргет. Планот бил откако Тезеј, Егеј и стражарите од палатата ќе бидат насила извлечени однапред, другата половина ќе ги изненади одзади. Сепак, Тезеј не бил измамен. Информиран за планот од гласникот по име Лео, Тезеј на полноќ се искрадил надвор од градот и ги изненадил Палантидите. „Тогаш Тезеј одеднаш се нафрли врз групата која чекаше во заседа и ги уби сите. Потоа, групата со Палас се растури.“, кажал Плутарх.Plutarch, 13.

Митот за Тезеј и Минотаурот

Пасифаја, жената на кралот Миној од Крит, имала неколку деца пред да го роди Минотаурот. Најстарото од нив, Андрогеј, отпловил за Атина за да учествува во Пан-атинските игри, кои се одржувале на секои пет години. Силен и вешт, поминал добро, победувајќи веднаш на некои настани. Брзо станал миленик на публиката, на незадоволство на Палантидите, по што тие го убиле, навлекувајќи го на себе бесот на Миној.

Кога кралот Миној слушнал што го снашло син му, наредил критската флота да исплови за Атина. Миној го замолил Егеј да му бидат предадени убијците на син му и градот ќе биде поштеден. Сепак, не знаејќи кои се убијците, кралот Егеј го предал целиот град на милоста на Миној. Неговата одмазда била: на крајот од секоја Платонска година (седум сончеви години), седум најхрабри младичи и седум најубави девојки да се качат на брод и да бидат испратени како данок на Крит, никогаш повеќе да не бидат видени.

Во друга верзија, кралот Миној од Крит војувал со Атињаните и бил успешен. Тој барал, во интервали од девет години, да бидат испратени на Крит седум атински момчиња и седум атински девојки за да бидат изедени од Минотаурот, чудовише кое било получовек, полубик и кое живеело во лавиринтот создаден од Дедал.

На третата пригода, Тезеј доброволно се пријавил за да го убие чудовиштето. Тој го заземал местото на еден од младичите и испловил со црно едро, ветувајќи му на татка си Егеј дека ако биде успешен, ќе се врати со бело едро Плутарх го цитира Симонид и вели дека другото едро кое му го дал Егеј не бил бело, туку „црвено едро обоено со нежното цвеќе на богатиот „свет даб“.” (Plutarch, 17.5).. Како и другите, и на Тезеј му било одземено оружјето кога отпловиле. При доаѓањето на Крит, Ариадна, ќерката на кралот Миној, се заљубила во Тезеј и советувана од Дедал му дала клопче со конец, за да може да го најде патот надвор од лавиринтот.Ариадна понекогаш е претставена на сликите од вазните со рана од вретено. Таа ноќ, Ариадна го испратила Тезеј до лавиринтот и Тезеј ветил дека ако се врати од лавиринтот ќе ја земе Ариадна со себе. Откако влегол во лавиринтот, Тезеј го заврзал едниот крај од клопчето за вратата и замавнал со својот меч кој го чувал под туниката, скриен од стражарите. Тезеј ги следел упатствата на Дедал дадени на Ариадна; оди напред, секогаш ниско и никогаш лево или десно. Тезеј стигнал до срцето на лавиринтот и веднаш до заспаниот Минотаур. Ѕверот се разбудил и се случила стравотна борба. Тезеј го совладал Минотаурот со својата сила и го прободил ѕверот во грлото со својот меч (според една схолија на Пиндаровата Петта немејска ода, Тезеј го задавил).Noted by Kerenyi 1959:232 note 532.