десно|мини|310п|Повик за востанието лево|мини|Спомен плоча на зграда во Битола, во која се одржало советување за Илинденското востание во 1903 и пред истата зграда се оджале демонстрации против бугарскиот окупатор во 1941 година мини|десно|310п|Востаничката територија во Македонијамини|десно|310п|Напис во весникот Њујорк Тајмс на 14 ноември 1903 година Илинденско востание — востание на македонскиот народ против османлиската власт. Конгресот на Македонската револуционерна организација, одржан во Солун, донел одлука на пролет да се крене оружено востание при што започнувањето и водењето на востанието им биле препуштени на окружните комитети. Конгресот на Битолскиот револуционерен округ, одржан во Смилево, одлучил да се крене општо ослободително востание и избрал Главен востанички штаб на Битолскиот револуционерен округ (во состав: Даме Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев), кој донел одлука востанието да започне на денот Свети Илија, 2 август 1903 година (нов стил).Македонска енциклопедија
По започнувањето на востанието, Задграничното претставништво на Организацијата во Софија им предало на владите на европските големи сили Декларација со која биле известени за неподносливата експлоатација и за жестокоста на режимот на османлиската држава кој не ги почитувал елементарните права признаени на македонскиот народ со Берлинскиот конгрес. Од нив се барала ефикасна интервенција за да се присили владата на Турција, како единствено одговорна за воениот конфликт, да ги изврши преземените обврски и на Македонија да ѝ даде автономија.
Востаничките сили презеле нападни дејства во сите востанички реони. Востаниците од Крушевскиот востанички реон со концентриран напад го ослободиле Крушево. Во Костурскиот востанички реон биле ослободени поголемите населени места Невеска и Клисура, a во Леринскиот, Охридскиот, Преспанскиот и во Кичевскиот револуционерен реон се воделе жестоки борби.
Во ослободеното Крушево била создадена Крушевската република, со Совет и со Привремена влада, избрани од народот. Привремената влада имала ресори: за внатрешни работи, за финансии, за исхрана, за изградба и за санитет. Посебните дејности ги извршувале специјални служби: за обезбедување и градење опкопи за заштита, за поправка на оружјето и за производство на воени материјали, вклучително и црешево топче. За одбрана Привремената влада извршила мобилизација на машкото население способно за борба и презела мерки за заштита на муслиманските семејства на избеганите државни службеници и на нивните имоти, обезбедувани од Востаничкиот штаб. Во селата со муслиманско население бил упатен повик, познат како Крушевски манифест, во кој се соопштувало дека македонскиот народ се кренал на оружена борба против тиранската власт и насилниците, а не против сиромашното муслиманско население, дека востаниците не се разбојници, туку револуционери па затоа тоа да не се плаши, да остане мирно и дека во автономна Македонија сите ќе имаат еднакви права и слободи.
Во другите револуционерни окрузи (Солунскиот, Серскиот и Скопскиот), востанието имало карактер на герилско војување. Биле активирани сите вооружени чети кои вршеле напади на воените цели: гарнизони, стражарници и други цели, како и на стратегиските објекти: патиштата, железничките линии, телефонските и телеграфските инсталации. Со нивното дејствување била опфатена целата територија на Македонија и со тоа Илинденското востание добило карактер на општонародно востание.
Во Битолскиот револуционерен округ, каде што востанието било најмасовно, била извршена мобилизација на голем дел од боречкото население. Востаничкиот штаб им предал Меморандум на дипломатските претставници со протест поради варварските постапки на регуларните единици на војската, против палењето и разурнувањето на селата и масакрирањето на неборечкото македонско население.
Во Одринскиот револуционерен округ востанието избувнало подоцна. По Конгресот на Петрова Нива Михаил Герџиков се вратил за неколку дена во Бугарија и телеграфски побарал од ЦК да се одложи денот на востанието. Му одговориле дека востанието може да се одложи најдоцна за 20 јули, Илинден. Герџиков се вратил во Странџа кај своите другари од штабот, Лазар Маџаров и Стамат Икономов на кои им го објавил резултатот. Со нив бил и секретарот Христо Силјанов. Сите тие заедно решиле сами да го продолжат рокот за уште 15 дена, до 6 август - Преображение, за две причини: да се подготват подобро во борбите и да го користат случајот кога турските војници, кои биле концентрирани кон нивниот крај, ќе бидат испратени да го задушаат македонското востание, па тогаш со нивната акција да ги разделат и ослабаат. Сепак, тој факт не попречил востанието во Тракија да биде подолготрајно од востанието во Македонија.Михаил Герджиков, Защо Преображение, а не Илинден? (Бегла историческа бележка), Михаил Γерджиков и подвигът на тракийци 1903 г. съст. Надежда Недкова, Евдокия Петрова. Таму востаничката власт потоа ја формирала Странџанската комуна, која ја опфаќала територијата меѓу Мало Трново и Василико.
Европските големи сили имале свои интереси во османлиската држава и во регионот, биле против оруженото востание во Македонија и Одринско и за зачувување статус кво. На Владата на Турција и дале полна слобода да ги употреби сите потребни сили и средства за задушување на востанието. А соседните балкански држави биле исто толку заинтересирани за ликвидирање на востанието и за уништување на Македонската револуционерна организација, стравувајќи од интервенцијата на силите за давање автономија на Македонија.
Во такви услови, при целосна изолираност и во непријателско окружување од соседството, македонските и одринските востанички сили опстоиле до пред крајот на 1903 г., спротивставувајќи им се на огромната модерно вооружена регуларна армија и на нерегуларните воени формации, кои примениле тактика на тотално уништување на македонските села, материјалната база и борбената резерва. По повеќемесечни борби, за да се поштеди народот од натамошни репресалии, Востаничкиот штаб издал директива за запирање на Востанието.
Одлука за кревање на Востанието Софискo советувањe Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Гоце Делчев, Иван Гарванов, Тома Карајовов, Туше Делииванов, Владимир Руменов, Никола Наумов, Лазар Димитров, Атанас Мурџев и домаќинот Бојан Биолчев. На оваа средба било разгледано барањето на битолчани за кревање на востание. Делчев, Руменов и Карајовов остро се спротивставиле за востание и била донесена одлука против дигање на какво и да е востание.Д. Димески, „Солунски јануарски конгрес на македонската револуционерна организација 1903 година“, ГИНИ, бр. 2, Скопје 2001.
Горноџумајско востание
Кога веќе било евидентно дека ќе дојде до Горноџумајското востание, Централниот комитет сметал дека движењето на Врховниот комитет не е сериозно и опасно, се искажал против него и го осудил. Но по избувнувањето на востанието, ЦК почнал да приклонува кон востание. На 26 септември 1902 година ЦК во преписката до Задграничното претставништво истакнал дека „ако бугарската влада се ангажира да го покрене прашањето, да не се држи многу остар јазик кон врховистите јавно, подобро ќе биде и ние да го развееме знамето“. Кореспонденцијата меѓу ЦК и Задграничното претставништво укажува дека:
Во почетокот на ноември „Врховистичкото востание“ спласнало и тогаш Иван Гарванов со новоназначените задгранични претставници Христо Матов и Христо Татарчев, во тајност од другите членови на Централниот комитет се решил за востание. Матов и Татарчев веднаш откако пристигнале во Софија на својата должност започнале преговори за помирување со Врховниот комитет врз основа за проширување на востанието. Тие тврделе дека тоа е желба на Централниот комитет, а за сето тоа ја имале поддршката на Иван Гарванов кој сакал помирување по секоја цена. Гарванов на 29 ноември 1902 година му пишал на Задграничното претставништво и истакнал:
Во средината на декември Христо Татарчев имал средба со бугарскиот премиер Стојан Данев и кнезот Фердинанд I и известил дека акциите идната година се неминовни.
Кон крајот на ноември 1902 година ЦК на Гарванов и Задграничното претставништво ја донеле конечната одлука за кревање на востанието. Таа требало да се санкционира и затоа Иван Гарванов на 24 декември 1902 година испратил окружно за одржување на Конгрес.
Второ софиско советување Задграничното претставништво откако го примило окружното од ЦК организирало советување во Софија кое траело неколку дена. На оваа советување присуствувале: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Матов, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Борис Сарафов, Михаил Герџиков, Кирил Прличев, Туше Делииванов, Христо Силјанов и други.
На ова советување Матов и Татарчев ја поддржувале идејата за општо востание, додека пак Ѓорче Петров и Гоце Делчев се залагале за перманентно востание.
Ѓорче Петров предложил да дојде до засилување на четите и терористичките акции кој постепено требало да водат кон востание кое не требало официјално да се објави. Михаил Герџиков предложил терористички напади кој би ја засегнале османската власт и европскиот капитал. Тој планирал да се формираат терористички групи по градовите кој би биле во контакт со Централниот комитет, а кон овие идеи клонел и Гоце Делчев.
Делчев истакнал дека Турција треба да се фрли во анархија, да се разниша Царството во неговите основи со што би се предизвикале Големите сили да интервенираат за решавање на Македонското прашање. Меѓутоа Делчев се решил за комбинирано дејствување со чети и терористички акции.
На крај од советувањето се дошло до компромисно решение за засилени партизански дејства Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933. . По советувањето бил известен Централниот комитет дека тие се против општо востание но за партизански дејства. Треба да се истакне дека ова советување не влијаело на одлуката за донесување на востанието бидејќи Солунскиот конгрес без да ги сочека резултатите од советувањето донел одлука за востание.
Солунски конгрес
мини|десно|300п|Гоце Делчев и Јане Сандански со Серската чета, февруари 1903 Централниот комитет на Иван Гарванов и Задграничното претставништво - Христо Татарчев и Христо Матов кон крајот на ноември 1902 година биле решени за кревање на востание. Затоа Иван Гарванов на 6 јануари 1903 година (стар стил) испратил окружно до Задграничното претставништво, окружните и околиските комитети со кое свикал Конгрес и ги поканил делегатите.Д-р Христо Татарчев, „Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност“, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995.
Меѓутоа, голем дел од истакнатите делегати немале доволно време да стигнат на Конгресот, а тоа најверојатно било и посакувано од Гарванов.
Во јануари 1903 година се одржал Солунскиот конгрес. На третото заседание, на 16 јануари, кое траело час и половина се прифатил и потпишал Протоколот за извршената работа и преземените решенија. Решително против востанието се изјаснил само серскиот делегат Димитров, но на крајот и тој се присоединил кон заедничкото мислење. Скопскиот делегат Димитар Ганчев, испратен со директива да дејствува за одлагање на востанието бар за една година, исто го потпишал затоа што и другите потпишале.
Најважниот аргумент против востанието – недостигот на доволно оружје во повеќето реони – било до извесен степен демантирано од уверувањата на Иван Гарванов, дека за скоро време ќе се случат крупни доставувања, како и од надежта, дека при општо востание, четите од Пиринска Македонија ќе префрлат значително количество пушки и други материјали. По донесување на решението за востание, окружните комитети биле задолжени да ги преземат потребните мерки за забрзување на подготовките за кревање на востанието.
Делчевата агитација за нова тактика