мини|десно|Рибникот Дошница Рибникот Дошница се наоѓа во општина Демир Капија, на 5 км. оддалеченост од автопатот Скопје-Гевгелија. Рибникот има околу 2000 квадратни метри земјиште и на располагање има 100 тони риба за консумирање годишно. Со постоење од 60 години, рибникот Дошница има долга традиција на одгледување калифорниска и речна пастрмка и за првпат свеж лосос од видот Coho Salmon. Во ова мрестилиште се произведува по 500 000 мали рипчиња од калифорниска и речна пастрмка во еден турнус. мини|лево|Калифорниска пастрмка Калифорниска пастрмка Калифорниска пастрмка (), со величини за консумирање од 250-400 грама. Калифорниската пастрмка претпочита ладна, чиста и висококвалитетна вода. Рибникот е изграден на реката Дошница, која има висококвалитетна вода, каква што бара овој специфичен тип на пастрмка. Калифорниската пастрмка има дамки во различни бои и затоа на ( - виножитна пастрмка). Оваа риба има висококвалитетно месо, што е важен податок за нутриционистите и за сите оние кои водат грижа за своето здравје. Калифорниската пастрмка обично се продава свежа, во вообичаената величина за консумирање. мини|лево|Речна пастрмка Речна пастрмка Речна пастрмка () живее во многу чисти води, богати со кислород. Карактеристична е по нејзината златеникаво-кафеава и црна боја, како и по црвените дамки по целото тело. Освен за консумирање овој вид на риба се користи и за спортски риболов.
Категорија:Рибници во Македонија