Адам Хансен (; р. ) — австралиски ајронмен триатлонец и поранешен професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2007-2020 за екипите и .
Кариера
Хансен станал професионалец во 2007 година, работејќи со доктор Лотар Хајнрих на Фрајбуршкиот универзитет. Во 2012 година, Хансен станал втор Австралиец кој завршил на сите големи трки — Џиро д’Италија, Тур де Франс и Вуелта а Еспања — во една календарска година. Тој бил единствениот возач кој успеал во овој подвиг во 2012 и 32. во велосипедската историја. По етапата 12 на Џиро открил дека има скршена градна коска пред околу две недели, меѓутоа бидејќи заздравувала одлучил да продолжи да вози.Birnie, L. (2012). The Grand Slam. In E. Bacon & L. Birnie (Eds.), The Cycling Anthology Volume One (pp. 148-161). London: Yellow Jersey Press. На Џиро бил слободен, додека на Тур морал да работи за Андре Грајпел (како предводник за спринтовите) и за Јирген ван ден Брук (да достигне добро место во генералниот пласман).
Во 2013, Хансен рано се вдал во бегство на седмата етапа на Џиро д’Италија, етапа со бројни кратки и стрмни искачувања. Хансен се одвоил од другите членови на бегство и победил сам во Пескара во услови на пороен дожд со предност од над една минута во однос на групата зад него. На етапата 19 на Вуелта а Еспања 2014, Хансен ја нападнал главната група на 4 километри пред целта и ја издржал неорганизираната потера за соло-победа. Завршувајќи го Вуелта а Еспања 2015, негова тринаесетта голема трка по ред, со што го срушил 57-годишниот рекорд на Бернардо Руис за завршени последователни големи трки. Со завршување на Џиро д’Италија 2018, го срушил својот сопствен рекорд со што станал единствен возач кој завршил 20 последователни големи трки. Низата завршила на 20, откако Хансен не учествувал на Тур де Франс 2018.
Како инженер, Хансен си ги создал своите патики и возел со нив на бројни трки. Исто така, напишал софтвер за неговата екипа , кој управува со нивната логистика.
Откако Лото-Судал одлучил да не му го продолжи договорот на Хансен на крајот на 2020 година, во октомври истата година објавил дека ќе стави фокус на ајронмен триатлон во 2021 година, откако претходно настапил на Ајронмен Флорида во 2019 година. Ја завршил својата кариера во Светската турнеја откако завршил 26 големи трки од 29. трки кои ги започнал.
Во 2022 година, Хансен потпишал за австриската континентална екипа ВСА КТМ Грац.
Личен живот
Живее во Фридлант на Остравице, Чешка од 2005 година.
Хансен е веган."We speak to the vegan Grand Tour cyclist who makes his own salad dressings on the road". gq-magazine.co.uk. Retrieved 31 March 2022.
Достигнувања
2004 1. Краен пласман Трофеј Крокодил 1. Трка околу Градиште 1. ГП Дојчландсберг 2005 1. Краен пласман Трофеј Крокодил 1. Вин-Ласницхее 2006 1. ГП Брадло 1. Лавантталер Радшпортаге 2. Залцкамергут Џиро 2. Џиро дел Мендрисиото 2. Национално друмско првенство 10. Краен пласман Џиро дела Реџоне Фриули Венеција Џулија 2007 6. Ле Самин 2008 Национални друмски првенства 1. 20п Хронометар 2. Друмска трка 2. Хел ван хет Мергеланд 2009 3. Национално друмско првенство 2010 1. Краен пласман Стер Електротур 1. Етапа 4 2012 4. Национално друмско првенство 2013 1. Етапа 7 Џиро д’Италија 2014 1. Етапа 19 Вуелта а Еспања 9. Краен пласман Тур Даун Андер 1. 20п Планински пласман 9. Краен пласман Трка околу Турција 2015 9. Краен пласман Трка околу Турција 2016 5. Краен пласман Трка околу Турција 20п Награда за борбеност на етапа 2 Тур Даун Андер
Распоред на резултатите на големи трки
Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија ЏироСО108—СО—9472737768936068117 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур—108—СО—817264114100113——— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта89—94—12912360535511095———
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Австралиски велосипедисти Категорија:Луѓе од Квинсленд Категорија:Австралиски етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Австралиски етапни победници на Вуелта а Еспања