СОУ„Јосип Броз-Тито” во Битола — една од најстарите образовни институции од современ трип на просторите на Македонија, со големо реноме и почит. Таа е првата гимназија во ослободена Македонија во која на 6 февруари 1945 година почнува да се изведува настава на македонски јазик. Секоја година во училиштето настава посетуваат околу 800 ученици.

Основање и развој

Почетокот на нејзиното постоење се врзува со периодот на Османлиското Царство, на крајот од XIX век. Зградата во која денес работи ова средно училиште е изградена во 1882 и била приватна куќа на Сали-паша, богат земјопоседник. Тој во 1892 за 600 златни турски лири ја продал куќата на општината, а таа ја претворила во полна гимназија, во која наставата се изведувала на турски јазик. Во неа учеле исклучиво машки деца, и тоа од побогатите турски семејства во градот. За потребите на гимназијата биле носени професори од Солун.

Балканските војни донеле промена на власта во Битола, а со тоа и во битолската гимназија. По заземањето на градот од страна на српската војска, во ноември 1912 година, српските власти ова училиште целосно го промениле и наставата започнала да се одвива на српски јазик. Со мали паузи во периодот на најжестоките борби во Првата светска војна, оваа гимназија продолжила да работи како српска сѐ до 1941 година, односно до почетокот на Втората светска војна. Значењето на ова училиште е уште поголемо, поради тоа што меѓу двете војни во Македонија имало само две средни училишта, во Скопје и Битола, поради политиката на денационализација што српската власт ја спроведувала на овие простори.

По поразот на Југославија и окупацијата на Македонија, новата бугарска власт гимназијата ја претвора во полна гимназија, во која се предава на бугарски јазик. Најголем дел од професорите кои предавале во гимназијата биле донесени од Бугарија.

Битолската гимназија има особено место во историјата на македонскиот народ и поради тоа што таа е првото средно училиште во кое започнала настава на македонски јазик. Тоа се случило на 6 февруари 1945, во период кога сѐ уште траеле борбите во Втората светска војна.

150px|Предната фасада на гимназијата|thumb|right

Претходното име на гимназијата било „Гоце Делчев”, но во 1952 година со одлука на Наставничкиот совет името е променето во „Јосип Броз Тито”, а тоа име го носи денес.

Школување

Проектни активности Мир, заштита и толеранција Урбана култура Проектни активности од областа на музиката Ликовно-творечки проектни активности Литературни клубови и драмски секции (драма, новинарство, литературно творење и критика, дебатен клуб) Спортски активности Култура за здраво живеење Проектни активности од областа на природните науки (географија, физика, хемија, биологија, математика, програмски јазици) Претприемништво и бизнис Граѓанско образование

Изборни предмети за II година Информатичка технологија Етика Класични јазици Елементарна алгебра

Изборни предмети за III година Природно-математичко подрачје - Комбинација А Физика Линеарна алгебра и аналитичка геометрија Алгебра Програмски јазици Математичка анализа

Природно-математичко подрачје - Комбинација Б Физика Хемија Биологија Програмски јазици Географија Латински јазик

Јазично-уметничко подрачје - Комбинација А Трет странски јазик (француски, германски, англиски) Класични јазици (латински, старогрчки) Педагогија Психологија Компаративна книжевност

Јазично-уметничко подрачје - Комбинација Б Ликовна уметност Музичка уметност Драмска уметност Педагогија Психологија

Општествено-хуманистичко подрачје - Комбинација А Економија Вовед во право Менаџмент Логика Социологија Историја Латински јазик Општествено-хуманистичко подрачје - Комбинација Б Социологија Филозофија Историја Психологија Педагогија Етика

Учество на натпревари Освоени награди

Наградата „4 Ноември“ во 1975 година Наградата „Климент Охридски“ во 1976 година Како највисоко општествено признание за особено значајни остварувања во воспитно – образовната дејност од посебно значење за СР Македонија и е доделена диплома на 24 јуни 1976 година. Награда „Орден заслуга за народ со златна ѕвезда“ од претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито во 1976 година.

Познати личности кои учеле во ова училиште Стив Наумов Елпида Караманди Страшо Пинџур Владо Малески Коле Чашуле Борислав Траиковски Ѓорѓи Цаца Јован Калаузи Кирил Лазаров Каролина Гочева

Членови на МАНУ Во СОУ Гимназија Јосип Броз-Тито со средно образование се здобиле 18 членови на Македонска академија на науките и уметностите од кои четворица биле и основоположници: Михаил Петрушевски - редовен член од 1967, еден од 14-те основоположници Кирил Миљовски - редовен член од 1967, еден од 14-те основоположници Петар Серафимов - редовен член од 1967, еден од 14-те основоположници Ѓорѓи Филиповски - редовен член од 1967, еден од 14-те основоположници Димче Коцо - дописен член од 1969, а редовен од 1974 година Љубен Лапе - дописен член од 1972, а редовен од 1976 година Александар Христов - дописен член од 1979, а редовен од 1986 година Ѓорѓи Чупона - дописен член од 1979, а редовен од 1983 година Томе Бошевски - дописен член од 1988, а редовен од 1994 година Ристо Лозановски - дописен член од 1988, а редовен од 1996 година Анте Поповски - редовен член од 2000 година Петре М. Андреевски - редовен член од 2000 година Владо Камбовски - редовен член од 2006 година Живко Попов - редовен член од 2009 година Фанула Папазоглу - член надвор од работниот состав 1994 година Коле Чашуле - почесен член од 2003 година Георги Константиновски - почесен член од 2015 година Владимир Костов - почесен член од 2015 година

Познати личности кои предавале во ова училиште Владимир Точковски (1925-1994) - географ, професор и директор на СОУ „Јосип Броз-Тито“, учебникар

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на училиштето Портал за основните и средните училишта во Македонија Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука

Категорија:Средни училишта во Битола Категорија:Училишта посветени на Јосип Броз Тито