Бистра — планински венец во централниот дел од Западна Македонија. Поради богатството со растителен и животински свет, како и пријатната и лековита планинска клима, претставува туристички доста привлечна и привлечна, пружајќи услови за развој на зимскиот скијачки и летниот стационарен туризам. Издигната е помеѓу Кичевската Котлина на исток и течението на реката Радика од запад. Северната граница ја сочинува басенот на Мавровското Езеро и течението на Мавровска Река а јужниот, изворишниот дел на реката Треска со Ехловечка Река, превојот Јама со Јамска Река, Гарска Река, Мала Река сè до Бошков Мост.
Планината зафаќа површина од Панов, Митко. „Географска положба и граници на Бистра“. Во зборникот: „Бистра -природни и социогеографски одлики на планината Бистра“. МАНУ, Скопје, 1983. стр. 7 од кои 483,8 со висина над 1.000 м и со висина над 2000 м.
Геолошко потекло Според генезата на настанувањето од една страна и морфолошкиот облик од друга, Бистра претставува впечатлива целина. Од геолошки аспект изградена е од палеозојски карпи, мезозојски седименти и квартерни наслаги. Планината има силно изразен карстен релјеф претставен со сите негови генетски типови. Бистра претставува вистински учебник за карстниот релјеф. Тука можат да се сретнат голем број на површински и подземни форми на карстниот релјеф. Од површинските форми како највпечатливи целини се карстните полиња. Од нив попознати и проучени во целост се карстните полиња: Суво Поле, Тони Вода, Говедарник, Бардаш, Соломуница, Горно и Долно Пољце, Три бари, и Лазарополе. Не помалку можат да се сретнат и подземни карстни форми, пештери, јами и понори. Надалеку познати се пештерите Алилица и Калина Дупка кои изобилуваат со импозантен пештерски накит и сплет од ходници кои водат доста длабоко во внатрешноста. Како такви сигурно претставуваат мамка за спелеолозите и љубителите на пештерските убавини.
Врвови Планината претставува голем зарамнет масив, опкружен со бројни планински врвови. Меѓу бројните врвови 15 се повисоки од 2000 метри или просечно на површина се наоѓа по еден таков врв повисок од 2000 метри. Од врвовите на Бистра позначајни се:
Меденица (2163 м) Карбула (2151 м) Ќурков Дол (2141 м) Острово (2105 м) Бистра (2102 м) Десовтор (2092 м) Шарен Пејко (2086 м) Голем Брзовец (2085 м) Манастириште (2060 м) Думовица (2042 м) Јарочкач (2027 м) Говедарник (2018 м)
Голем Рид (2015 м) Езерски Врв (2014 м) Горна Корија (2005 м) Мал Шар (1993 м) Сандакташ (1983 м) Зенгови Рупи (1980 м) Вели Врв (1916 м) Мал Брзовец (1899 м) Русин (1890 м) Старци (1710 м) Стог (Кочо Рацин) (1574 м) Стог (1363 м)
Езера
Сенечко Езеро Езериште — група од повеќе езерца
Поврзано Бистра (река) Мавровско Езеро
Наводи
Категорија:Бистра Категорија:Планини во Македонија