Сокол Митровски — воен аташе и еден од основачите на Факултетот за одбрана во Скопје, кој служел како градоначалник на Општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2005 до 2017 година.
Биографија Сокол Митровски е роден во скопското село Кучково на 16 март 1948 година. Потекнува од рударско семејство. По завршување на гимназијата „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров, школувањето го продолжил на Воената академија во Белград, а потоа заминал на воен колеџ во Париз. Имал успешна воена, дипломатска и политичка кариера. Денес е генерал во пензија. Тој е еден од основачите на Факултетот за одбрана во Скопје, како и долгогодишен професор на Воената академија. Бил член на Кабинетот и аѓутант на поранешниот претседател Киро Глигоров и на починатиот претседател Борис Трајковски. Во својата богата кариера бил воен аташе во Париз и во Софија.
Тој трипати има победено во трката за градоначалник на Општина Ѓорче Петров. Во 2005 победил како независен кандидат, додека на локалните избори 2009 бил кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. На Локалните избори 2013 победил со тесна разлика пред противкандидатот Александар Наумовски, по прегласувањето во две избирачки мести. Неговата победа била оспорувана од опозициската СДСМ, а против него била поднесена и тужба до Управниот суд за изборни нерегуларности. Негово хоби е ловот.
На 1 ноември 2017 година бил приведен за наводна злоупотреба на службената положба и овластувањата за што добил домашен притвор.https://kanal5.com.mk/sokol-mitrevski-vo-domashen-pritvor/a299333
Наводи
Надворешни врски Биографија Новости за Сокол Митровски Профил на страницата на Општина Ѓорче Петров Интервју за весникот Вечер
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Кучково Категорија:Македонски политичари Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Македонски воени лица Категорија:Градоначалници на Општина Ѓорче Петров