Кери Бредшо ПрестонОмажена е за Џон Престон. е измислен лик и главен карактер во драмата на телевизиската куќа HBO и комедијата на ситуација „Сексот и Градот“ како и серијата Дневниците на Кери на телевизиската куќа „CW“ каде главните улоги ги играат Сара Џесика Паркер и Ана Софија Роб. Таа е полуавтобиографски лик измислен од страна на Кендис Бушнел која ја објави книгата „Сексот и Градот“, а е заснована на колумните кои ги пишувала за „Њујорк Обзервер“. Во серијата на телевизиската куќа „HBO“, Бредшо е колумнист во еден Њујоршки весник, помодар, а подоцна и независен писател за „Вог“ и застапен автор. Нејзината колумна „Сексот и Градот“ која излегува секоја седмица ги одредува насловите, приказните и коментарите за секоја епизода од серијата.
Во 2004 година, Бредшо се најде на листата за „најдобрите 100 филмски ликови“ на магазинот „Браво“. Во 2009 година весникот „The Guardian“ ја нарече Бредшо „икона на деценијата“ наведувајќи дека и Кери Бредшо направила пресврт во културата и разбирањето на одредени прашања за жените како и вистинските пионери. Во 2010 година, пак, се најде како втора по ред, на списокот на „ТВ Водич“ за „25 најславни телевизиски лица на сите времиња“. Котираше како 41-ва личност на списокот на „незаборавни женски телевизиски личности“ на компанијата „АОЛ“. Според „Тв Водич“ таа е најмодерното ТВ лице. Нејзината љубовна врска со „Ѕверката“ се најде на листата за „Најдобри филмски двојки на сите времиња“ на „Тв Водич“. Паркер за својата изведба доби Еми награда, награда од „Здружението на глумци“ како и Златен Глобус. Во февруари 2012 година билп најавено дека Ана Софија Роб ќе ја игра улогата на младата Кери Бредшо во тинејџерската ТВ серија „Дневниците на Кери“, чиј претходник е серијата „Сексот и Градот“.
Главни информации и особини за ликот Кери пишува колумни во непостоечкиот весник "Њујорк Стар", која се вика "Сексот и Градот". Колумната се фокусира на сексуалните авантури на Кери и на нејзините блиски пријатели како и размислувања поврзани со љубовните врски помеѓу мажите и жените, состанувањето и животот во Њујорк. Сето тоа станува еден белег по кој Кери ќе стане препознатлива во градот. Луѓето кои ја читаат нејзината колумна понекогаш ја опишуваат како нивна идол. Метју Мекхонаки ќе продуцира филм заснован на нејзината колумна во третата сезона од серијата. Во петтата сезона дел од нејзините колумни ќе се спојат во книга. На крајот на четвртата сезона Кери почнува да пишува хонорарни колумни во "Вог". Иако на почетокот тешко се согласува со Енид (Кендис Берген), нејзината зајадлива и напорна уредничка во "Вог", Кери успева да го пронајде својот пат и да се спријатели со неа.
Кери непоправливо ја водат нејзините емоции, барајќи го своето место во светот на "Ѕверката" (според неа: клучот од неговиот стан или пак фиока во неговата бања) но и кај другите блиски (кога се вознемирува заради критиката напишана во "Њујорк Стар" од страна на книжевниот критичар Мичико Какутани, по повод нејзината книга). На крајот од првата сезона од серијата таа го тера Ѕверката да ѝ каже : "Јас сум таа вистинската" и е загрижена бидејќи тој одбива да ја запознае со неговата мајка. Кери честопати е себична (како што е случајот со нејзината афера), и доколку оваа нејзина "комплицираност" не и ја посочат пријателките, таа е склона да се "понесе во чувствата" - фраза која ја измисли Ѕверката во втората сезона. Од сето ова се создаде еден лик со недостатоци и размислувања како и сите, а тоа се должи на самопотценувачкиот хумор со кој објаснува стереотипни прашања како на пр. машко-женските односи (чија главна цел е секако обврската да се биде со некого).
Кери е пасивен пушач и кога тоа го прави најчесто ја гледаме со "Марлборо" цигари. Во 3 и 4 сезона , кога веќе е во врска со Ејден, неколкупати се обидува да ги откаже цигарите користејќи лепенки против пушење. Таа ужива пиејќи коктели (особено Космополитан - тоа помогна да се популаризира овој пијалак). Иако Кери многу добро ги знае проблемите што ги има во врските, поради лошите искуства во текот на серијата, сепак е романтичарка во бескрајна потрага по вистинската љубов и не се задоволува со : "ништо помалку од пеперутки во стомакот". Но и покрај ова, таа постојано се двоуми дека е од оној тип на жена која би се омажила и би имала семејство.
Кери живее во околината на Менхетен во Њујорк, во зграда од црвеникав градежен камен, која се наоѓа на горен Менхетен, на измислен куќен број 245, а адресата е East 73rd Street, меѓу Парк и Медисон. Во овој стан живее во сите 4 сезони од серијата и во 4тата сезона го купува од Ејден. Во почетните епизоди од првата сезона може да се забележи дека станот на Кери се наоѓа веднаш над едно кафуле во непосредна близина на Авенијата Медисон. До приближно четвртата сезона сите згради во близина на нејзиното место на живеење се со исти фасади и така остануваат до крајот на серијата. Само во првата епизода станот на Кери е различен од останатите 93 епизоди од тв серијата и од двата дела од играниот филм. Во вистинскиот живот, познатите скали од нејзината зграда се наоѓаат на Пери Стрит 66, Њујорк (Вест Вилиџ, Менхетен).
Многу малку се кажува за животот на Кери пред серијата. Таа за првпат доаѓа во Менхетен во вторник на 11 Јуни 1986 година, кога имала приближно 21 година земено според нејзината возраст која се спомнува во други сцени од серијата. Во филмот таа кажува дека во истиот стан живее 20 години (иако во една сцена вели дека има 35 години и дека во тој стан живее веќе една деценија), што значи дека живеела во градот 5 години пред да се пресели на наведената локација. Во четвртата сезона, Кери му кажува на еден фотограф дека кога првпат пристигнала во Њујорк била толку сиромашна што би си купела еден примерок "Вог" наместо јадење. Исто така се спомнува дека таткото на Кери ги напуштил неа и мајка и кога таа имала само 5 години, а браќа и сестри нема. Во серијата се открива и дека на 22 годишна возраст имала абортус, откако се впуштила во авантура со некој келнер во 1988 година.
Во еден разговор со Шарлот, таа и кажува дека кога имала 16 години ја изгубила невиноста во собата на Сет Бејтсмен, поточно на неговата маса за пинг-понг. Во шестата сезона (Момче на паузи), Кери се среќава со уште едно нејзино бившо момче по име Џереми (Дејвид Духовни) и според неа, тие никогаш немале интимен однос, бидејќи биле млади и сакале да се чуваат.
Авторката на "Сексот и Градот", Кендис Бушнел, неодамна ја објави во печат нејзината нова книга насловена како: "Летото и Градот": "Роман за Дневниците на Кери" кои ги опишуваат ликовите во "Сексот и Градот" во нивните тинејџерски години. Романот открива дека Кери учела во престижниот Ivy League University, Brown, во 1980 ите.
Облека/костими Кери е опишана како личност која живее за модата и има признаено дека во одредени моменти купувала "Вог" наместо вечера.
Позната е по тоа што обожува чевли и е наклонета кон скапите брендирани чевли (особено оние на Маноло Бланик , Кристијан Лобутин и Џими Чу). Во една ситуација Миранда сфаќа дека Кери има потрошено над 40 илјади американски долари само за чевли. (Според Миранда) нејзините чевли, односно еден пар чевли, најверојатно чинат приближно 400 американски долари и додава дека во нејзиниот плакар има барем 100 уникатни чевли. Кери често знае да измеша кичести старомодни парчиња облека со модерни брендирани потпетици. Се споменува и дека Barneys, Bergdorf Goodman,и Saks Fifth Avenue се меѓу нејзините најомилени места за шопинг.
Taa еднаш се согласува да биде модел на една добротворна модна ревија (со "вистински луѓе" и модели), но под услов да ја задржи оригинална "Долче и Габана" облека која ќе ја носи за снимањето. Но нејзиниот план не успева бидејќи фустанот кој треба да го носи на ревијата е заменет со свилена долна облека. Позната е и по тоа што се облекува и во "Александар Меквин" и многу други: Ана Молинари, Баленсијага, Бетси Џонсон, Селин, Шанел, Клои, Кристијан Диор, Кристијан Лакроа, Кристијан Лобутин, Дајан фон Фурстенберг, Фенди, Живанши, Гучи, Хедерет, Хелмут Ланг, Хермес, Жан Пол Готје, Џереми Скот, Џими Чу, Луј Витон, Ланвин, Маноло Бланик, Марк Џејкобс, Марни, Мисони, Миу Миу, Мосчино, Прада, Оскар де ла Рента, Роберто Кавали, Шиаци Чен, Серхо Роси, Соња Рикиел, Том Форд, Ив Сен Лорен, Вера Ванг, Валентино, Версаче, Вивиен Вествуд.
Фантастичниот плакар на Кери изгледа малку прескап за скромниот приход за една писателка (барем така е прикажано до петтата сезона, кога добива понуда да напише книга. Секоја наредна сезона, а и во двата дела од играниот филм, таа станува побогата, иако тоа може да биде поради нејзиниот богат сопруг). Всушност многу од нејзините блиски коментираат дека Кери не може да си ја дозволи таа нејзина зависност од шопинг. Одвреме - навреме, Кери го надминува лимитот на нејзините кредитни картички и затоа не и е дозволено подигнување на кредит од банка. Таа има признаено дека и нејзината "зависност од чевли" е голем виновник за долговите со кредитните картички. Во една епизода, иронично коментира дека "буквално таа би можела да биде жената која си живеела во својот чевел". Во епизодата "Моќта на женскиот пол" од првата сезона на серијата, својата зависност од чевли Кери ја нарекува "суштинска злоупотреба". Друг моден инцидент од животот на Кери е кога и ја крадат нејзината "Фенди" чанта и омилените "Маноло Бланик" розови сандали со ремчиња од антилоп што ги купила на распродажба.
Во третата сезона, трчајќи по траектот кој вози до Стејтен Ајленд го губи едниот чевел "Џими Чу"и за тоа време го пропушта и траектот. Во епизодата "Правото на жената за чевли" Кери несрамејќи се и бара пари на една нејзина пријателка за чевлите кои се изгубиле на нејзината забава бидејќи истата пријателка не дозволувала на забавата да се влезе обуен. Ова лицемерие од страна на пријателката која и вели дека"самата си виновна бидејќи си купила многу скапи чевли" Кери го забележува откако сфаќа дека во текот на годините потрошила илјадници долари за подароци (за нејзините деца, за свршувачки, за свадбени подароци и слично). По оваа случка Кери се прашува зошто слободните жени не би можеле да си дозволат да потрошат малку повеќе пари за нивните лични потреби, и одговорот го наоѓа во фразата "Халмарк не произведува картички со слоганот: Ви честитаме што не се омаживте за погрешниот човек".
Љубовните врски на Кери "Ѕверката" Серијата почнува и завршува со "Ѕверката" (Крис Нот), најголемата и љубов на Кери во серијата. Нивната врска е проследена со романтични но и кризни периоди како што се неговите нејасни чувства но и срамежливоста на Кери што ја спречува да му се спротивстави и да ги реши сите нејзини стравувања, несигурности и емоционални потреби. И покрај сите кризни моменти во нивната врска тие секогаш завршуваат заедно- а тоа ги причинува и радоста и стресот на Кери.
"Ѕверката" е претставен како богат човек кој случајно налетува на Кери на улица и не сакајќи ја турка нејзината чантата од која испаѓаат неколку презервативи - колку засрамувачки за неа. Втората случајна средба е на една забава, од каде што тој ја враќа дома со неговата лимузина. Во текот на серијата тие стануваат се поблиски. На почетокот таа е малку зачудена од него и се однесува резервирано и веднаш му го дава прекарот "Ѕверката". Но сепак, тие имаат пријателски и страсен однос иако тој "секогаш останува малку недостижен за Кери"-според зборовите на продуцентот Мајкл Патрик Кинг. Вистинското име на "Ѕверката" не се открива сè до последната епизода од крајната сезона, кога го дознаваме од идентификаторот на мобилниот телефон на Кери. Неговото целосно име и презиме, Џон Џејмс Престон конечно го дознаваме во првиот игран филм "Сексот и градот".