Зијадин Села (; роден во во Ливада, Струшко) — македонски политичар и градоначалник на Општина Струга во периодот 2013 — 2017 година. На Локалните избори во 2013 Села го победил заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Владимир Кочовски со околу 5.000 гласови разлика. По изборните резултати имало 15 жалби од страна на ВМРО-ДПМНЕ до ДИК, но комисијата прифатила само две кои не влијаеле врз конечниот резултат.
Една од првите негови мерки по преземањето на градоначалничката функција било уривање на сите дивоградби сместени долж кејот на реката Црн Дрим. На Парламентарните избори 2016 година коалицијата предводена од него, Алијанса за Албанците, учествувала на изборите на кои Села бил избран за пратеник во македонското Собрание.
Медицинска кариера Што се однесува до неговата професионална кариера, тој по професија е лекар, специјалист интернист. Започнал како специјализант работејќи во Црвениот крст, а потоа преминал во Општата болница во Струга. Со запливувањето во политичките води, извесен период бил и директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат, а потоа станал пратеник. Зијадин Села е оженет и татко на две малолетни деца.
Контроверзност Пред да стане градоначалник, Села бил пратеник во Македонскиот парламент во периодот 2011 — 2013. За време на неговиот пратенички мандат предизвикал големо медиумско внимание со неговата радикална изјава во врска со законот за македонските бранители, заканувајќи се дека ќе го запали парламентот.
На 11 јули 2014 г. Села бил еден од предводниците на поголема група демонтранти во Скопје поради судската пресуда за сторителите на Убиствата кај Смилковското Езеро. Групата скандирала „УЧК“, и „Етничка Албанија“, иако во извештајот не се наведува дали Села скандирал заедно со нив.
Напад во Собранието (27 април 2017) На 27 април 2017 година, за време на насилниот упад во Собранието на Република Македонија, Зијадин Села беше меѓу најтешко повредените пратеници, откако беше физички нападнат од повеќе лица. Тој се здоби со тешки повреди и неколку дена беше хоспитализиран. Основното јавно обвинителство отвори истрага, оценувајќи дека постојат основи на сомнение за обид за убиство. По нападот, Села поведе граѓанска постапка против државата за надомест на нематеријална штета, а со правосилна пресуда на Апелациониот суд во Скопје му беа досудени 7,8 милиони денари, додека неговото барање за повисок износ беше делумно одбиено.
Поврзано Општина Струга
Наводи
Надворешни врски Биографија на Зијадин Села на порталот на Општина Струга
Категорија:Луѓе од Ливада Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски лекари Категорија:Градоначалници на Општина Струга Категорија:Пратенички состав 2011-2014 Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Политичари од ДПА Категорија:Пратенички состав 2016-2020