Џон Едвард Греј (; 12 февруари 1800 – 7 март 1875) — британски зоолог, постар брат на Џорџ Роберт Греј и син на фармакологот и ботаничар Семјуел Фредерик Греј (1766–1828).

Греј раководел со зоолошкото одделение на Британскиот музеј во Лондон од 1840 до крајот на 1874 г, пред природонаучниот дел да му припадне на Природонаучниот музеј. Издал неколку каталози на музејските збирки, меѓу нив и опширни дела за групирањето на животните и трудови за нови видови. Благодарение на неговите заложби, зоолошките примероци на музејот станале меѓу најдобрите во светот.

Животопис Роден е во Волсол, но семејството набргу се преселило во Лондон, каде Греј студирал медицина. Му помагал на татко му при пишувањето на делото „Природно распоредување на растенијата во Британија“ (The Natural Arrangement of British Plants, 1821). Членувал во Линеевото друштво, но морал да напушти по гласање на членовите. Тогаш Греј го свртел вниманието од ботаниката кон зоологијата и на 15 години почнал да се занимава со собирање на инсекти за Британскиот музеј. Во 1824 г. се вработил во зоолошкото одделение и се зафатил да му помага на научникот Џорџ Џон Чилдрен во каталогизација на збирката на влекачи. Во 1840 г. дошол на местото на Чилдрен како раководител на одделението, каде се задржал 35 години, објавуваќи преку 1000 научни трудови. Греј е одговорен за именувањето на голем број видови, родови, потсемејства и семејства на животни од групата на китовите.

Соработувал со истакнатиот природонаучен уметник Бенџамин Вотерхаус Хокинс на делото „Паперки од ѕверилникот во Ноузли“ (Gleanings from the Menagerie at Knowsley), опишувајќи ги видовите во „Ноузли Парк“ кај Ливерпул, приватен ѕверилник на ерлот од Дарби и еден од најголемите во Британија.

Во 1826 г. се оженил со Марија Ема Греј. Сопругата дала свој придонес во научната работа, особено во цртежите. Во 1833, Греј ја основал организацијата што подоцна станала Кралското ентомолошко друштво на Лондон.

Се занимавал и со малакологија - изучувањето на мекотели.

Погребан е во Богородичната црква во Луишам. Во негова чест е наречена индиската барска чапја (Ardeola grayii).

Прв филателист

Греј се интересирал и за поштенски марки. На 1 мај 1840, истиот ден кога била пуштена во продажба првата марка во светот (наречена „Црно пени“), Греј купил неколку примероци со намера да ги сочува во збирка. Вака станал првиот филателист во историјата.

Наводи

Надворешни врски

Џон Едвард Греј, индиската барска чапја и Волсол — РСПБ Волсол Дела од Џ.Е. Греј — „Семрежен архив“

Категорија:Британски орнитолози Категорија:Британски зоолози Категорија:Филателисти Категорија:Херпетолози Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Родени во 1800 година Категорија:Починати во 1875 година Категорија:Членови на Торинската академија на науките Категорија:Британски ботаничари