Лисестиот глувчар (Buteo rufinus) е средно голема граблива птица од семејството на јастребите. Го има во Македонија.

Опис По надворешниот изглед е сличен на гаќестиот глувчар (Buteo lagopus), но е поголем и поробустен. Лисестиот глувчар е еден од најголемите од видот Buteo. Должината му достига од 50 до 66 см, а има распон на крилјата од 115 до 160 см. Женките, со просечна тежина од 1.3 килограми, се поголеми од мажјаците, кои просечно тежат 1.1 килограм.Field Guide to the Birds of East Africa: Kenya, Tanzania, Uganda, Rwanda, Burundi by Stevenson & Fanshawe. Elsevier Science (2001), ISBN 978-0856610790 Постојат во многу различни бои, но обично лисестиот глувчар има јасна портокалова нијанса на пердувите, црвена или портокалова опашка, светла глава и претежно е бел под крилјата. Обично има карактеристични црни рабови на крилјата. Задниот дел и „гаќите“ му се темни или изразено бакарни. Поединците се различни по боја, па кај некои перјето е светло, кај други темно. Некои се многу слични со степскиот јастреб, источниот подвид, но лисестиот глувчар има подолги крилја.

Распространетост и живеалиште Лисестиот глувчар се среќава во сувите и отворени рамнини на северна Африка, југоисточна Европа, Западна и Средна Азија на исток до Кина, и во централна Индија. Последните видувања укажуваат на тоа дека постои мала популација и во регионот на југоисточна Италија. Отворенте, необработени површини, со високи грмушки, дрва и карпи се местата каде гнезди овој вид. Помладите птици се движат северно од територијата за размножување.

Поведение

Исхрана Лисестиот глувчар се храни главно со мали глодачи, како и со гуштери, змии, мали птици и големи инсекти.

Размножување Лисестиот глувчар е моногамна птица. Гнездото го гради на земја, карпи и дрвја. Ги користи гнездата на враните, но може да си изгради и свое. Несе 2-5 (обично 3) јајца, бели со многубројни светлокафени точки, и со димензии 60х47 мм. Јајцата ги квачат и двајцата родители околу 28 дена. Подоцна, и двајцата родители почнуваат да ја оставаат храната само на работ на гнездото. Младенчињата го напуштаат гнездото на 42-дневна возраст, а родителите ги хранат уште некое време.

Наводи

Надворешни врски Bird Guides: Long-legged Buzzard . Identification information and videos. Retrieved 2006-NOV-28.

Категорија:Птици Категорија:Птици на Македонија Категорија:Соколовидни Категорија:Грабливи птици