ТШГ 1899 Хофенхајм е германски фудбалски клуб од градот Зинсхајм. Во 2007, клубот одлучил да го усвои користењето на своето име во пократок облик Хофенхајм 1899 наместо традиционалното име ТШГ Хофенхајм.
Историја Клубот е основан во 1945 година, со спојување на гимнастичкиот клуб Турнверајн Хофенхајм (основан на 1 јуни 1899) и фудбалскиот клуб Фудбалверајн Хофенхајм (основан во 1921). Во почетокот на 1990-тите, Хофнхајм бил само локален аматерски клуб кој настапувал во осмата лига, Баден-Виртемберг А-Лига. Маѓутоа, полека напредувале и во 1996-тата започнале да се натпреваруваат во Verbandsliga Nordbaden.
Околу 1990, со-основачот на софтвер компанијата SAP, Дитмар Хоп, уложува значајни парични средства во својот поранешен клуб. Неговите вложувања речиси веднаш донеле резултати: па во 2000-тата година Хофенхајм завршува како прв во Verbandsliga и се квалификува за Оберлигата, четвртото ниво на германскиот фудбал. Со уште едно освоено прво место, клубот дошол до Регионалнатта лига-Југ во сезоната 2001-02. Во својата прва сезона во Регионалната лига завршуваат на 13. место, но значајно се поправиле наредната сезона, кога завршиле на петто место.
Во наредните две сезони, Хофенхајм завршил на седмо и петто место, па и на четврто место во сезоната 2005-06. Сезоната 2003-04, клубот за првпат во својата историјата настапувал во германскиот куп во кое стигнале до четвртфиналето, во кое ги запира клубот од 2. Бундеслига, Либек. На тој пат до четвртфиналето ги исфрлиле Ајнтрахт Франкфурт, Карлсруе, и бундеслигашот Баер Леверкузен.
Во 2006 година, раководството на клубот донело неколку искусни играчи кој претходно играле во Бундеслигата, како што се Јохен Зајц и Томислав Мариќ, како и поранешниот тренер на бундеслигашите Штутгарт, Хановер и Шалке, Ралф Рагник, кој потпишал петгодишен договор. Тие вложувања во клубот се исплатиле во сезоната 2006-07, кога избориле промоција во 2. Бундеслига, откако завршиле на 2. место во Регионалната лига. Веќе следната сезона, Хофенхајм изборил промоција во Бундеслигата, откако завршуваат уште една сезона на второ место, и така клубот од село со 3,000 жители во сезоната 2008-09 за првпат заиграл во највисоката фудбалска лига во Германија.
Стадион thumb|190px|right|Хофенхајм против Борусија Дортмунд во август 2011 Пред да избори промоција во 1. Бундеслига во 2008 година, клубот настапувал на Стадион Дитмар-Хоп, кој бил изграден во 1999 година со капацитет од 5000 (1620 седечки места). Повишените амбиции на Хофенхајм станале јасни во 2006 година, кога раководството на клубот одлучило да изгради нов стадион со 30.150 седишта, а новиот нивен дом го добил името Рајн Некар-Арена, погодна за угостување на квалитетните тимови од Бундеслигата. Првично стадионот бил во план да се гради во Хајделберг пред изборот на едно место во Зинсхајм.
Тие ја отвориле својата прва сезона во 1. Бундеслига на стадионот Карл-Бенц во Манхајм со капацитет од 26.022, и го одиграле тука својот прв натпревар додека нивниот нов стадион не бил отворен-на 31 јануари 2009 година.Wirsol Rhein-Neckar-Arena weltfussball.de, accessed: 18 September 2011
Играчи Моментален Состав
Познати поранешни играчи Јохен Зајц Томислав Мариќ Мартин Ланиг Михаел Зепек Демба Ба Ведад Ибишевиќ Чинеду Обаси Карлос Едуардо Бубакар Саного Луиш Гуштаво Исак Ворса Марвин Компер Андреас Ибертсбергер Даниел Хас Тимо Хилдебранд Принс Тагое Јосип Шимуниќ Мајкосуел Франко Зукулини Том Штарке Давид Алаба Гилфи Сигурдсон Рајан Бабел Пениел Млапа Срџан Лакиќ
Последни тренери Последни тренери на клубот:1899 Hoffenheim .:. Trainer von A-Z weltfussball.de, accessed: 18 September 2011 Започнал Завршил Тренер 1979 1982 Хелмут Зубер 1982 1982 Мејнард Стаделбауер 1982 1984 Руди Ебел 1984 1985 Клаус Келер 1986 1989 Хелмут Једеле 1989 1990 Герхард Бол 1990 1992 Егон Лудвиг 1992 1994 Ханс Шрајнер 1994 1998 Роланд Шмит 1998 1998 Алфред Шон 1998 14 март 1999 Рајмунд Лицау 15 март 1999 30 сеп 1999 Гинтер Хиленбранд 31 авг 1999 12 март 2000 Рико Вејганд 2000 30 јуни 2000 Алфред Шон 1 јули 2000 19 ноем 2005 Ханс-Дитер Флик 19 ноем 2005 23 дек 2005 Роланд Дикгицер* 10 јан 2006 21 мај 2006 Лорен-Гинтер Кјостнер 24 мај 2006 30 јуни 2006 Алферд Шон* 1 јули 2006 1 јан 2011 Ралф Рагник 2 јан 2011 30 јуни 2011 Марко Пецауоли 1 јули 2011 9 фев 2012 Холгер Станиславски 10 фев 2012 3 дек 2012 Маркус Бабел 3 дек 2012 31 дек 2012 Франк Крамер* 1 јан 2013 2 април 2013 Марко Курц 2 април 2013 денес Маркус Гисдол* * Тренери на привремена должност.
Титули 2. Бундеслига : 2008-вицешампиони Регионал лига : 2007-вицешампиони Оберлига : 2001
Надворешни врски Официјално мрежно место на клубот Информации за клубот на soccerway
Наводи
Хофенхајм