мини|Кралството Хетити Хетитите се антички народ кој бил распространет во Анадолија околу 18-от век п.н.е. со главен град во Хатуша во Централна Анадолија. Ова царство го живеело својот врв во средината на 14-от век п.н.е. и под водство на Супилулиума Први успеале да завладеат со скоро цела Мала Азија како и со делови на северен Левент и Горна Месопотамија. По 1180 г.п.н.е. за време на распадот на бронзеното доба, на царството му дошол крајот, расцепкувајќи се на повеќе независни неохетитититски градови-држави, од кои некои преживеале сè до 8-от век п.н.е.
До крајот на 20 век, постоењето на Хетити било повеќе мит отколку факт. Сето ова се променило со откривањето на градот Хатуша, главниот град на Хетитското Царство.
Нивниот јазик води потекло од анадолското говорно подрачје на индоевропското семејство на јазици.Ardzinba, Vladislav. (1974): Some Notes on the Typological Affinity Between Hattian and Northwest Caucasian (Abkhazo-Adygian) Languages. In: "Internationale Tagung der Keilschriftforscher der sozialistischen Länder", Budapest, 23.-25. April 1974. Zusammenfassung der Vorträge (Assyriologica 1), p. 10-15. Тие својата татковина ја нарекувале Хати, а јазикот Нешили (јазикот од Неша). И покрај тоа што тие самите се нарекувале Хати, Хатите би требало да се раздвојуваат од Хетитите, пред сè како постар народ од двата, кој го населил истиов регион, се верува во 2 милениум п.н.е., и се користеле со северозападната кавкаска група на јазици, позната како хатитска. Нивното конвенционално име „Хетити“ се должи на библиските Хетити според археологијата во 19-от век. Имено, историјата и цивилизацијата на Хетитите се реконструирани од страна на истражувачите од крајот на 19 век благодарение на ископувањата на анадолските наоѓалишта, од кои на прво место Божазкој, каде што се наоѓаат урнатините на Хатуша; илјадници плочи со клинесто писмо биле откопани таму, документирајќи неколку аспекти од политичкиот, верскиот и економскиот живот на Хетитското кралство.
Нивната војска главно се состоела од запрежни кочии. Иако овој народ му припаѓал на бронзеното доба, тие опстојувале и за време на железното доба, произведувајќи предмети од железо уште во 14-от век п.н.е. а ова се потврдува преку писмата кои тие ги испраќале и од нив барале стоки од ваков вид.
По 1180 г.п.н.е. во период на општи превирања во Левент поради пристигнувањето на Луѓето од Морето, кралството се распарчило на неколку независни неохетитититски градови-држави, некои постоејќи сè до 8-от век п.н.е. Историјата на оваа цивилизација се дознава најмногу преку клинестите списи кои се пронајдени во таа област, како и преку нивните дипломатски и трговски врски кои ги воспоставиле со Египет и Блискиот Исток.
Археолошки наоди мини|270x270пкс|Големиот храм во градот Хатуша Хетитите користеле месопотамиско клинесто писмо. Археолошките експедиции кои биле изведени во Хатуша откриле цела збирка на кралски списи на клинести таблички, напишани или на семитско – месопотамскиот акадијански јазик кој се користел во Асирија и Вавилонија, или на различни дијалекти кои се користеле ширум подрачјето.
Пред пронајдоците, единствениот извор за нивното постоење можело да се увиди во Стариот завет. Францис Вилијам Њуман го искажал својот критички став, што можело често да се слушне во почетоците на 19-от век, дека ако Хетитите воопшто постоеле: ”ниеден крал на Хетитите не можел да се спореди со моќта на Кралот на Јудеја”.Francis William Newman (1853). A history of the Hebrew monarchy: from the administration of Samuel to the Babylonish Captivity (2nd ed.). London: John Chapman. p. 179 note 2. Како што ископувањата во втората половина на 19-от век откривале делови од кралството на Хетитите, се воспоставила слика дека ова анадолско царство е далеку помоќна од онаа во Јудеја.The Hittites: the story of a forgotten empire By Archibald Henry Sayce Queen's College, Oxford. October 1888. Introduction Научната јавност посочила дека според еврејските текстови, Хетитите и Јудеa никогаш не биле непријателски настроени меѓусебе, тие ги снабдувале Израелитите со кедар, запрежни коли, коњи, а според “Книгата на Битието”, Хетитите му биле сојузници на Аврам. мини|268x268пкс|Портата на лавовите Божазкале, Турција мини|321x321пкс|Фрагмент од обредна плоча што содржи опис на фестивал за божицата Тетешхапи. 14 век п.н.е. Хатуша. Музеј на Ориенталниот институт во Чикаго. Првиот запис за нивното појавување на историска сцена пронајдени се записи во асирската колонија на Ќултепе, кои содржат податоци за трговска размена меѓу асирските трговци и “земјата на Хатите”. Некои од имињата што се споменувале во записите не биле ниту на хетитски ниту на асирски јазик, туку на индоевропски.
Натписите на зданието во Божазкој, пронајден од страна на Вилијам Рајт во 1884 г. се совпаѓале со хиероглифските натписи пронајдени во Алеп и Нанат во Северна Сирија. Во 1887 г. ископувањата кај Тел ел Амарна во Египет откриле дипломатски записи на фараонот Амеотеп Трети и неговиот син Ахенатон. Две букви од името на кралството на Кета, кој се наоѓал во истиот региот кој би познат како “земјата на Хатите”, се напишани со стандардно акадијанско клинесто писмо но на непознат јазик, така што научниците можеле да го прочитаат но не и да го преведат. Накратко после ова, се заклучило дека Хатите и Катите во Анадолија се всушност истиот народ со “кралството на Кета” опишано во египетските списи. Други пак научници се согласувале дека Хатите и Кетите се истиот народ, но ги поврзувале со библискиот поим Кити, а многу помалку со “Децата на Хат”. Првите претпоставки биле општоприфатени во текот на 20-от век, а името на Хетитите се поврзувало со цивилизацијата која живеела околу Божазкој.
Во текот на ископувањата околу Божазкој во 1906 г. археологот Хуго Винклер пронашол кралски архив кој содржел 10.000 таблени списи, напишани во клинесто акадијански јазик но во исто време и на непознат јазик но со египетски хиероглифи, со што се потврдил идентитетот на овие две имиња. Тој исто така докажал дека урнатините во Хатуша се всушност остатоците на нивниот главен град.
Под водство на Германскиот Археолошки Институт, во 1907 г. биле спроведени ископувања во Хатуша, но со паузи за време на војните. Ќултепе бил успешно истражен од страна на професорот Тахсин Озгуч, од 1948 г. сè до неговата смрт во 2005 г. ископувања во помали размери исто така биле спроведени околу Хатуша, вклучително на каменото светилиште во Јазиликаја, каде се пронајдени релјефи во камен каде биле илустрирани хетитските владетели како и боговите на самите Хетити.
Географската положба на Хетитското царство мини|277x277пкс|Локација на регионите и главните градови на Хетитска Анадолија. Кралството на Хетитите било распространето околу Хатуша и Неша, подрачје познато како “Земјата на Хатите”. По именувањето на Хатуша за нивна престолница, таа била всушност во срцето на царството по течението на реката Кизил.
На западните и јужните делови на нивната територија се наоѓал регион и според најстарите Хетитититски текстови бил наречен Лувија. Но со растот на неколку кнежевства оваа терминологија била заменета со имињата Арзава и Кизуватна.John Marangozis (2003) A Short Grammar of Hieroglyphic Luwian Сепак, Хетитите продолжиле да го именуваат јазикот кој се зборувал на ова подрачје како лувиски. Заедно со развојот на Кизуватна, во срцето на територијата во Силиција за првпат Хетитите го нарекле ова подрачје Аданија.Beal, Richard H (1986). "The History of Kizzuwatna and the Date of the Šunaššura Treaty". Orientalia. 55. pp. 424ff. Во текот на бунтот на Хетитите за време на владеењето на Амуна, се користел називот Кизуватна, успевајќи да ја прошират територијата северно кон планинскот масив на Антитаурус. Таму живеел народ наречен Каскијани. На југоистокот од Хетитите се наоѓал народот наречен Митани. Кога тие биле на својот врв, за време на владеењето на Мурсили Втори, нивното царство се протегало од Арзава на запад, до Митани на исток, како и поголемиот дел на каскианската територија на север вклучувајќи ја царството Хајаса Ази и на југ сè до јужните граници на Либан.
Историја на Хетитите мини|308x308пкс|Свечени садови во форма на свети бикови изработени од печена глина, наречени Хури (= Ден) и Сери (= Ноќ); висина: 90 см; пронајдени во тврдината Бујаккале во Божазкој (Хатуша); Хетитско старо кралство; 16 век пред нашата ера; Музеј на анадолски цивилизации, Анкара, Турција мини|Индоевропска експанзија од 4000 до 1000 г. п.н.е според Курганската хипотеза- Центар: Степски култури
1 (црно): анадолски јазици
2 (црно): Афанасиево
3 (црна) ширење на Јамната култура (Понтоско-касписка Степа, долината на Дунав)
4А (црно): Western Corded Ware
4B-C (сино и темно сино):
5A-B (црвено):
5С (црвено): Синташта (праиндоирански)
6 (магента): Андроново
7А (виолетова): Индо-Ариевци (Митани)
7Б (виолетова): Индо-Ариевци (Индија)
[NN] (темно жолта): пра-балто-словенска
8 (сиво): грчки
9 (жолто): Иранци
- [не е нацртано]: ерменски, проширен од западната степа|250x250пкс Околу 5000 г.п.н.е. во регионот на Хатуша кој подоцна ќе стане и главен административен центар на нивното кралство, бил населен од народ кој имал препознатлива култура и кој не говорел индоевропски јазик. Името “хатиски” бил употребуван од страна на Анадолците за да го разграничат овој јазик од останатите индоевропски јазици. Хетитскиот јазик кој се појавил на историската сцена на почетокот на 2-от милениум п.н.е. а со тоа станал и државен јазик на ова кралство и ќе остане на оваа позиција во следните седум века.
Раните Хетити за кои не е познато од каде водат потекло, позајмиле многу културни елементи од нивните претходници Хатите и Хурите, исто како и позајмици од асирските колонии, нивното клинесто писмо и употребата на цилиндричниот печат.
Бидејќи хетитскиот јазик се користел во кралството за религиозни намени, и се согледува дека двете култури живееле заедно, не се знае дали населението кое го користело хатискиот јазик бил заменет со оние кои го зборувале хетитскиот, дали биле претопени или едноставно сами го прифатиле, не е познато.
Потеклото на Хетитите
Се верува дека Хетитите дошле во Анадолија околу 2000 г.п.н.е. Додека нивната претходна локација не е до целост позната, но постојат силни докази дека домот на индоевропските цивилизации во 4-от и 3-от се наоѓал во понтиските степи, во денешна Украина околу Азовско Море.
Доаѓањето на Хетитите во Анадолија во праисториско време всушност довело до судир на тамошната култура што постоела со нивната култура, но пред сè судир за контрола на територија и постепена асимилација.Puhvel, J. (1994). "Anatolian: Autochton or Interloper". Journal of Indo-European Studies. 22 (3 & 4): 251–264Steiner, G. (1990). "The Immigration of the First Indo-Europeans into Anatolia Reconsidered". Journal of Indo-European Studies. 18 (1 & 2): 185–214 Со археолошка терминологија, односите на Хетитите со културата Езеро од Балканот и културата Маикоп од Кавказот се сметале за постоечки. Индоевропскиот елемент ја направило Хетитититската култура натрапник на територијата на Анадолија.
Хетитите и другите народи од овој полуостров дошле од север, веројатно од населени места по бреговите на Каспиското Море. Оваа преселба прераснала во масовна миграција низ целиот Близок Исток приближно околу 1900 г.п.н.е. Доминантното население во Централна Анадолија било сочинето од Хуријанци и Хатити кои не зборувале ниеден од индоевропските јазици. Исто така постоеле асирски колонии, од кои Хетитите го усвоиле клинестото писмо. Било потребно време Хетитите да воспостават авторитет. Со векови функционирале поделени во групи, со центар на владеење околу некој град. Подоцна со појавата на силни водачи се случиле промени, со нивен центар во Божазкој тие успеале да го спојат поделеното население а со тоа и успеат да го освојат поголемиот дел од Централна Анадолија и со тоа да го формираат Кралството на Хетитите.