Бајрам Шабани ( во — во ) — учесник во НОВ во Македонија, првоборец и народен херој.

За народен херој на Југославија бил прогласен на 10 октомври 1951 година.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 427„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1643 стр.

Животопис

Потекнува од сиромашно селско семејство кое во Липково немало доволно земја за обработување. Сирак од шестгодишна возраст, од својата петнаесетта година работел во Куманово како земјоделски и градежен работник и како ковач. Во 1939 година се вклучил во синдикалното движење, а во летото 1941 година станал член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ).Јордан Цеков – Дане „Загинаа за слободата на Македонија“, „Графотекс“, Куманово, 2001, 43 и 45 стр.

Во септември 1941 година, Шабани е дел од групата која, по наредба на кумановската партиска организација, го проучува просторот на делување на Карадачкиот партизански одред. При престојот на групата во селата, Шабани на албански јазик ги убедуваше своите соговорници дека бугарската власт е ненародна и дека ги пљачкосува и Албанците и Македонците.Јордан Цеков – Дане, цит. дело, 45 стр.

На 12 октомври 1941 година кога се формира Карадачкиот партизански одред, Шабани станува борец на одредот. Загинал по два дена, во борба со бугарската војска и полиција во атарот на с. Белановце, Кумановско, држејќи отстапница на своите другари. Во моментот кога ја фрлил последната бомба, бил погоден од митралески оган и паднал мртов.

За народен херој бил прогласен на 10 октомври 1951 година.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски Албанци Категорија:Народни херои на Југославија Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија