Виндхук (англиски и африкаанс: Windhoek, херерски: Otjomuise, намански: ǀAi-ǁGams) е главниот и најголемиот град во африканската држава Намибија. Градот се наоѓа во средишниот дел на државата, во висорамнината „Комас“ на надморска висина од 1700 метри. Според податоците од 2020 година Виндхук имал население од околу 431,000 жители. Градот е во постојан раст, и територијално и во демографска смисла поради бројот на Намибијци кои се доселуваат во Виндхук.

Градот се развил на местото на топли извори, кои пак биле доста познати за локалните народи со векови. Првичната населба нагло почнала да се развива откако Јонкер Африканер се доселил тука во 1840 година и изградил камена црква за неговата заедница која го следела при доселувањето. Следните години биле исполнети со голем број вооружени битки, немири и судири што резултирало со разрушување на населбата. По втор пат градот бил основан во 1890 година од страна на германскиот воен мајор Курт фон Франсоа, во периодот кога Намибија била колонизирана од Германската Империја.

Денес Виндук е социјален, економски, политички и културен центар на Намибија. Скоро секоја општествена, владина или приватна организација има седиште во Виндхук.

Потекло на поимот Има повеќе теории за потеклото на името на градот. Повеќето веруваат дека името на градот потекнува од африкаанс, односно холандскиот wind-hoek што значи „ветров агол“. Според друга теорија, капетанот Јонкер Африканер го именувал градот како „Виндхук“ по планините „Виндхук“ во Јужноафриканската Република, каде живееле неговите предци. Прв пат името се споменува во писмото испратено до Џозеф Тиндал од страна на Јонкер на 12 август 1844.

Географија

Поради географската положба на градот, покрај финансиските рестрикции, ширењето на градот е отежнато. Во јужните, источните и западните предели Виндхук е опколен од карпести и планински предели, со што растот на градот во тој правец е многу скап и отежнат. Јужните предели не се погодни за индустриски развој поради подземни водостои. Поради сето ова, само северниот дел кај Бракватер е погоден за ширење на Виндхук."Windhoek's battle for land" , by Desie Heita; New Era, 10 Feb 2010

Градските власти на Виндхук планираат драстично да ги прошират градските граници па така вкупната површина на градот би била 5133.4 квадратни километри. По површина градот би бил трет по големина во светот, иако бројот на жители е многу помал од другите големи градови по површина во светот.

Населби

Виндхук е поделен на следните населби:

Клима Виндхук има над 300 сончеви дена годишно. Градот има топла полупустинска клима со просечна годишна температура од 18 степени. Сепак, температурата годишно е поумерена поради високата надморска висина. Најладен месец е јули со просечна температура од 13 степени, додека пак најтопол е декември со просечна температура од 23 степени. Поради близината на пустината Калахари, има доста сончеви периоди.

Демографија

Во 1971 година во Виндхук имало само 26,000 белци кои живеат во Винхук, со што ги надминале во број црнците кои биле 24,000 на број. Околу една третина од белците во тоа време, од прилика 9000 жители, биле Германци. Според податоците од 2010, Виндхук имал 325,858 жители, од кои 65% црнци; 17% белци и 18% други.

Во секојдневниот живот на Виндхук најчесто се користи африкаанс, а во помала мера и германскиот, како „лингва франка“. Сепак, владата користи англиски како работен јазик.Thomas Schoch. 2003. Visit Windhoek, People and languages

Политика Виндхук е единствена самоуправувачка населба во регионот Комас. Градот е управуван од повеќепартиски општински совет која има 15 члена. Советот се состанува еднаш месечно. Членовите немаат административна власт, односно неможат да даваат наредби или да вршат контрола на градскиот персонал.

Меѓународни односи Виндхук е збратимен со:

Шангај, Кина, 1 јуни 1996 Ричмонг, САД, 20 март 1998 Вецлар, Германија Берлин, Германија, 18 април 2000 Тросинген, Германија, 3 октомври 2000 Бремен, Германија, 18 април 2000 Дуала, Камерун, 31 август 2000 Хараре, Зимбабве, 8 ноември 2000 Јоханесбург, ЈАР Габороне, Боцвана, 23 август 2001 Хавана, Куба, 23 октомври 2001 Енхана, Намибија, 17 април 2002 Кингстон, Јамајка, 6 февруари 2019 Онгведива, Намибија,17 април 2002 Ондангва, Намибија, 17 април 2002 Оутапи, Намибија, 17 април 2002 Ошакати, Намибија, 18 април 2002 Лепхалале, Намибија, 22 мај 2002 Сан Антонио, САД, 27 октомври 2016 Валвис Беј, Намибија, 8 октомври 2002 Мариентал, Намибија, 11 март 2003 Гибеон, Намибија, 11 март 2003 Малтахехе, Намибија, 12 април 2002 Аранос, Намибија, 13 март 2003 Стамприт, 13 март 2003 Рехобот, 14 март 2003 Лидериц, Намибија, 14 март 2003

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Службено мрежно место

Категорија:Градови во Намибија Категорија:Главни градови во Африка Категорија:Комас Категорија:Населени места основани во 1840 година