Лисиче — населба во Општина Аеродром, во источниот крај на градот Скопје.
Географија и местоположба
Лисиче е урбанизирана населба во источниот дел на градот Скопје, на 4 км оддалеченост од центарот на Скопје. Се наоѓа на десниот (јужниот) брег на реката Вардар. На исток Лисиче се граничи со населбата Горно Лисиче, на север со Реонски Центар, на северозапад со населбата Аеродром и на запад со населбата 11 Октомври.
Историја Лисиче почнало да биде градено како бараки после земјотресот во Скопје во 1963 година. Бидејќи населбата била градена во атарот на Горно Лисиче, населбата го добила името Лисиче. Населбата била наменета за Скопјани, кои им биле урнати домовите. Потоа поголемиот дел на Скопјани се вратиле во новоизградените станови во Скопје. По отселувањето на Скопјани, луѓето од внатрешноста започнуваат да се доселуваат.
Стопанство Демографија Општествени установи На територијата на населбата Лисиче се наоѓа ОУ „Димитар Македонски“. Училиштето било основано во 1964 годинa и го носело името ОУ „Сава Ковачевиќ“. Истото било изградено по земјотресот како училиште од монтажен тип, и било донација од Република Франција. Во 2020 започнала неговата реконструкција.
Во населбата има детска градинка „Буба Мара“ која работи во два клона - клон “Пчелка 1“ кој се наоѓа на улицата „Грамос“, блиску до трговскиот центар и вториот клон “Пчелка 2“ кој е понов објект и се наоѓа на улицата „Аврора“, на влезот во населбата. Во градинката престојуваат 275 деца. Во текот на 2012 година се извршила реконструкција на покривот, прозорците и на санитарните јазли.
Во центарот на населбата, се наоѓа зградата на Секторот за прекршоци - Полициската станица „Лисиче“. Овој објект во минатото бил полициски интернат.
Во населбата работи и библиотеката „Рајко Жинзифов“ како подружница на Градска библиотека “Браќа Миладиновци“ - Скопје.
Администрација и политика
Избирачко место +Населба Лисиче, општина Аеродром - организација на избориБрој на избирачко местоУстанова кадешто се наоѓаЖенски гласачиМашки гласачиРегистрирани гласачи2725ОУ „Димитар Македонски“3263396652726ОУ „Димитар Македонски“2362634992727ОУ „Димитар Македонски“4044418452729ОУ „Димитар Македонски“53501032730ОУ „Димитар Македонски“56357211352731ОУ „Димитар Македонски“3994088072732ОУ „Димитар Македонски“8218341655Вкупно2.8022.9075.709 Дел од гласачите биле од Горно Лисиче.
На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 3.774 жители, каде 66% од гласовите освоила Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 9% Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ и 14% партијата Левица.
Културни и природни знаменитости Редовни настани Личности
Петре М. Андреевски - писател Сашка Петковска - пејачка на македонски шлагери Славе Димитров - композитор Никола Поповски - политичар, поранешен министер за финансии Стојна Костовска - глумица родена во Крива Паланка Димитар Чемков - музичар, член на групата Бис-Без Томислав Кежаровски - новинар
Култура и спорт Иселеништво
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Населби во Скопје Категорија:Општина Аеродром Категорија:Појавено во 1963 година во Македонија Категорија:Појавено во 1963 година во Југославија