Кама (; ; ) е важна река во Русија. Таа е најголема лева притока на Волга и најобемната река во земјата по истек на вода. Пред да се влие во Волга, Кама е всушност поголема од неа.
Реката извира во Удмуртија, кај Кулига, и тече на северозапад во должина од 200 км, па врти на североисток кај селото Лојно и тече уште 200 км, пред да сврти на југ и запад во Пермскиот крај. Потоа течението продолжува низ Удмиртија и низ Татарстан, каде се влева во Волга.
Име Името на реката е од угрофинско.Матвеев А. К. Географические названия Урала: Топонимический словарь. — Екатеринбург: Сократ, 2008. — С. 117-118. — 352 с. — ISBN 978-5-88664-299-5 Современиот облик е изведен од удмуртскиот поим кам со значење „река“Фасмер М. Этимологический словарь русского языка. Т. II. С. 172. Туркиските народи реката ја нарекуваат „Чулман“ и ја сметале за извор на Волга.
Течение и стопанско значење Кама има вкупна должина од 1805 км. Најголеми притоки се Коса, Вишера, Силва, Чусоваја, Белаја, Ик, Иж, Зај, Вјатка и Мјоша. Тече низ градовите Соликамск, Березники, Перм, Сарапул и Набережние Челни. Течението е расположено западно од Урал и игра мошне значајна улога во превозот на стоки.
Пред воведувањето на железничкиот сообраќај, Кама била поврзана преку сувоземни траси со сливовите на Северна Двина и Печора. Во раниот XIX век, горното течение на Кама било поврзано преку Североекатеринскиот канал со реката Вичегда (притока на Северна Двина), но каналот бил напуштен за само неколку години порани неискористеност.
Брани и акумулации Реката има три брани за хидроенергија, со три вештачки езера: кај Перм — Камска ХЕЦ со Камското Езеро кај Чајковски — Воткинска ХЕЦ) со Воткинското Езеро кај Набережние Челни — Нижнекамска ХЕЦ) со Нижнекамското Езеро
Кама како мотив во уметноста „Кама“ - песна на рускиот поет Осип Мандељштам од 1935 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 107-108.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Набережние Челни и реката Кама
Категорија:Камски слив Категорија:Реки во Русија Категорија:Пермски крај Категорија:Татарстан Категорија:Удмуртија Категорија:Притоки на Волга Категорија:Реки во Пермскиот крај Категорија:Реки во Татарстан Категорија:Реки во Удмуртија