Лукас Родриго Биља (роден на 30 јануари 1986 година, во Мерседес) — аргентински фудбалер, играч од средниот ред, кој за последно настапувал за на Милан и на аргентинската репрезентација.

За сениорската репрезентација на Аргентина дебитирал во 2011 година и оттогаш е стандарден репрезентативец, а претходно тој настапувал и за репрезентацијата под 20 години, со која триумфирал на Светското првенство за играчи под 20 години во 2005 година.

Животопис Биља има италијанско потекло, бидејќи неговите предци биле од Фиренца. Во април 2009 година, тој добил италијански пасош.

Технички одлики Внатрешен играч од средниот ред кој има улога на плејмејкер, или како што во Италија ја нарекуваат таа позиција реџиста, со значителна техника, карактер и визија за играта. Ужива брзо размислување и способност за добри и прецизни проигрувања, како и чувство за асистенции за гол.

Кариера Кариерата во Аргентина Биља ја започнал својата кариера во Аргентинос Хуниорс. Сепак, недостатокот на настапи за првиот тим го натерало играчот да го напушти клубот по само 17 одиграни натпревари и постигнат еден гол.

Во 2005 година, тој се преселил во Индепендиенте за необјавена сума. Во првата половина од неговата сезона во Индепендиенте, тој направил единаесет настапи пред да стане прв играч на тимот во следната сезона, каде што тој играл во секој еден натпревар.

Андерлехт

Во јули 2006 година, по една и пол сезона во Индепендиенте, Биља направил трансфер во белгискиот прволигашки гигант Андерлехт, потпишувајќи договор со четири-годишна трајност. По преселувањето во Белгија, Биља го зел дресот со бројот пет на грбот, кој никогаш нема да го смени за време на неговата кариера во Андерлехт. Биља претходно бил на проби во шпанските клубови Валенсија и Виљареал. Играјќи за Андерлехт, Биља имал постојано добри настапи во средниот ред, пред да стане капитен на клубот. Заради техничкиот стил на игра Биља честопати го споредуваат со сонародникот Фернандо Редондо, кој исто така го носел дресот со број 5 во поголемиот дел од неговата кариера. Биља е познат по своите точни додавања, и тврдите стартови, кој често резултираат со добивање на жолт картон. Биља се смета за еден од најдобрите играчи на Андерлехт од средината на теренот, и за омилен меѓу навивачите.

Во сезоната 2006-2007, Биља го направил своето деби за клубот, влегувајќи како замена за Марк Де Ман кој се жалел на повреда, а Андерлехт издвојувал победа со 4-2 над Сент Труиден во тој прв натпревар од сезоната. Првично, Биља имал потешкотии во почетокот, откако бил изоставени за натпреварот од Суперкупот на Белгија, што Андерлехт го освоил вторпат по ред. Неговиот соиграч Ивес Вандерхаге, кој исто така бил играч од средниот ред и, исто така, знаел да зборува шпански, почувствувал симпатии кон Биља и му помогнал многу да се прилагоди на животот во Белгија. Тој, исто така, го направи своето деби во Лигата на шампионите, кога Андерлехт одиграл нерешено 1-1 против Лил во првото коло од групната фаза. Подоцна во текот на сезоната, Биља станал многу важен играч за клубот. Кон крајот на сезоната, тој постигнал погодок од пенал, во убедливата победа на Андерлехт над Брисел со 6-0, постигнувајќи го така својот прв првенствен гол во Белгија. Првата сезона на Биља во клубот му донела триумф во првенството.

Со текот на сезоните и успешните настапи на Биља во Андерлехт, се зголемувале и интересите од другите клубови за него. Во текот на сезоната 2010-11, Андерлехт одбил понуда од 4,5 милиони евра од Галатасарај, со образложение дека понудената сума е мала за да се одречат од еден од најдобрите играчи во тој момент во клубот.

Во текот на сезоната 2011-2012, Биља потпишал нов договор, во трајност до 2015 година. Меѓутоа по Копа Америка, Биља изјвил дека сака да го напушти Андерлехт, за да може да се тестира себеси во другите лиги. Еден месец подоцна, Биља бил назначен за заменик-капитен од страна на новиот тренер Ариел Џејкобс, додека Оливие Дешахт останал прв капитен. Наскоро поради повредата на Дешахт, Биглја ја презел капитенската лента за времето кога Дешахт бил отсутен и ја носел во секој натпревар на Андерлехт па дури и кога Дешахт се вратил на теренот повеќе не бил капитен. Во текот на сезоната, Биља постигнал два првенствени гола против екипите на Монс и Сент-Труиден. На крајот на сезоната, клубот и Биља освоиле уште една лигашка титула.

Пред почетокот на сезона 2012-13, Биља уште повеќе бил поврзан со заминување од Андерлехт откако тој бил на проби во Арсенал, Норич Сити, Реал Мадрид и Интер. Подоцна во текот на јануари 2013, Саутхемптон бил најзагреан да го доведе Биља во својте редови, откако играчот најавил дека сака да си замине од Андерлехт. Сепак, и оваа зделка пропаднала и Биља останал во Андерлехт да ја доигра сезоната 2012-2013 и да освои уште една титула Првак на Белгија.

Лацио На 23 јули 2013, Биља потпишал петгодишен договор со Лацио. За ова искуство се одлучил да го избере дресот со број 5, истиот број го носел претходно во Андерлехт. На 18 август 2013, го имал своето деби во поразот со 4-0 од Јувентус во Суперкупот на Италија. На 25 август, го направил своето деби во италијанското првенство, во победата со 2-1 над Удинезе. На 22 декември 2013, го постигнал својот прв гол во дресот на Лацио; Биља постигнал убав погодок со глава, против Верона за моментален резултат 1-1, но натпреварот завршил со катастрофален пораз на Лацио со 4-1 за домаќините.

Репрезентативна кариера Во 2005 година, Биља бил дел од репрезентацијата на Аргентина која победила на Светското првенство за фудбалери до 20 години во Холандија. Своето деби во сениорската репрезентација на Аргентина, Биља го имал на 9 февруари 2011 против Португалија во Женева, кога Аргентина победила со 2-1. Откако одигра неколку натпревари на сениорско ниво на 1 јуни 2011, тој се нашол на списокот на селекторот Серхио Батиста за Копа Америка, каде Аргентина стигнала само до четвртфиналето.

Репрезентативна хронологија на настапи и постигнати голови

Титули Андерлехт Белгиска Про лига (4) : 2006-07, 2009-10, 2011-12, 2012-13. Белгиски куп (1) : 2007-08. Суперкуп на Белгија (4) : 2006, 2007, 2010, 2012.

Аргентина Светско првенство за играчи до 20 години (1) : 2005.

Наводи

Надворешни врски Лукас Биља на soccerway Лукас Биља на transfermarkt Лукас Биља на eurosport Лукас Биља на goal.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Андерлехт Категорија:Фудбалери на ФК Лацио Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Родени во 1986 година