Мали свиркач или мала пескарка (), е многу мала крајбрежна птица од семејството на мочварките (), родот на пескарките (Calidris). Се размножува во арктичка Европа и Азија и е преселничка на долги растојанија, зимувајќи на југ во Африка и јужна Азија. Минува и во Македонија. Понекогаш заскитува во Северна Америка и во Австралија.

Опис Тоа што е малечок, со убав темен клун и има побрзи движења, го разликува малиот свиркач од останатите крајбрежни птици.

Должината на телото му е 13 см, а има распон на крилјата 35 см. Перјето му се разликува сезонски и возрасно. Вон сезоната на парење, во есенско-зимскиот период, возрасните птици одозгора се сивокафеави, а одоздола бели; а во сезоната на парење одозгора перјето им е црвенокафеаво со забележително бело V на грбот. Младенчињата личат на возрасните како во сезоната на парење. Кај сите возрасти нозете се црни. Се огласуваат со пит или чит.

Гнездото на малиот свиркач е исто како на другите водни птици, мала „гребнатинка“ на земјата, опкружена со малку вегетација. Несат 3-5 јајца. Овие птици се полигамни, па и мажјакот и женката може да инкубираат посебни легла.

Се хранат со мали безрбетници кои ги собираат од калта.

Зимно време се здружува во големи јата, формирајќи ги и со други крајбрежни птици, особено со обичниот свиркач во крајбрежните блата или во мочуриштата.

Статус Бројот на птици од овој вид зависи од популацијата на лемингот (мал глодач), кој е основна храна на грабливките од арктичките предели. Ако годината е сиромашна со овие глодачи, грабливките се хранат со малиот свиркач. На овие птици се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Галерија

Наводи

Литература

Jonsson, Lars & Peter J. Grant (1984) Identification of stints and peeps British Birds 77(7):293–315

Надворешни врски Little Stint - Species text in The Atlas of Southern African Birds. Oiseaux Photos Ageing and sexing (PDF; 1.2 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Avibase

Категорија:Птици на Македонија Категорија:Пескарки