Министерството за животната средина и присторно планирање или скратено МЖСПП — едно од министерствата во Владата на Македонија. Формирано е во 1998 година. Претходно, заштитата на животната средина била во надлежност на министерство чиј ресор ги опфаќал урбанизмот, градежништвото и заштита на животната средина. Актуелен министер за животна средина е Мухамед Хоџа.
Надлежности Надлежностите на министерството сеВодич за граѓаните , Министерство за животна средина и просторно планирање.:
следење на состојбата на животната средина, заштита на водите, почвата, флората, фауната, воздухот и озонската обвивка од загадување, заштита од бучава, зрачење, заштита на биоразновидноста, георазновидноста, националните паркови и заштитените области, реставрација на загадените делови на животната средина, предлагање мерки за третман на цврст отпад, просторно планирање, просторен информативен систем, надзор од негова надлежност, други работи утврдени со закон.
Наводи
Поврзано
Министер за животна средина и просторно планирање на Македонија Влада на Република Македонија
Надворешни врски Официјално мрежно место Органограм на МЖСПП
Категорија:Министерства на Република Македонија Македонија