Лин или Линче () — село во источна Албанија, на самото Охридско Езеро. Сместено е во Општина Поградец, Област Горица.

Историја

Лин е населен уште од метално време. Пронајдоците кои се откриени на ридовите над Лин вклучуваат остатоци од ранохристијанска римска црква, која датира од VI век. Црквата е културен споменик на Албанија и е вклучена во списокот на УНЕСКО за заштита на Охридскиот регион на албанска страна.

Географија Лин е сместено на мал полуостров на Охридското Езеро, јужно од планинскиот превој и граничен премин Ќафасан. Оддалечено е 22 км од градот Поградец, и околу 10 км од Струга. Селото Радожда на другата страна на границата е најблиската населба до Лин.

Демографија Според статистиката на Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, Лин имало 600 жители, од кои 300 Македонци христијани и 300 Албанци муслимани.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Лин е претставен како мешано македонско-албанско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 70 куќи.

Дијалект Лин е единственото село во Албанија каде што е зборуван вевчанско-радошкиот дијалект на македонскиот јазик, кој го претставуваат уште три села во Македонија: Вевчани, Радожда и Мали Влај.Hendricks, P. "The Radozda-Vevcani Dialect of Macedonian". Peter De Ridder Press, 1976, p. 3.

Култура

Личности

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Поградец (општина) Категорија:Села во Албанија Категорија:Струшки села Категорија:Македонски населби во Албанија