Холизам (од ὅλος [holos], грчки збор којшто значи сите, цело, целовитост, севкупност) е идеја според која системите (физички, биолошки, хемиски, општествени, економски, умствени, јазични итн.) и нивните одлики треба да се разгледуваат како целини, а не како збир од составните делови. Овде честопати се вбројува и гледиштето според кое системите на некој начин функционираат како целини, и дека нивното функционирање не може целосно да се разбере само со земање предвид на нивните составни делови...
Редукционизмот честопати се смета за спротивен на холизмот. Редукционизмот во науката вели дека еден сложен систем може да се објасни со редукција до неговите фундаментални делови. На пример, процесите во биологијата се редуцираат до хемија, а законите на хемијата се објаснуваат со помош на физиката.
Општествениот научник и лекар Николас Христакис објаснува дека „во последните неколку векови, картезијанскиот проект во науката се обидува да ја раздроби материјата на сè поситни делчиња, со цел разбирање. И ова делува, но до одредена мерка... меѓутоа, составувањето на нештата со цел тие да се разберат е потешко и најчесто доаѓа подоцна во развојот на научникот или во развитокот на науката“..
Наводи
Категорија:Епистемологија Категорија:Теорија за системите Категорија:Филозофски теории Категорија:Филозофија на науката Категорија:Политичка филозофија Категорија:Општествени теории