220px|мини|Поглед од влезната капија мини|220px|Манастирот во зима 220px|мини|Манастирските гробишта Манастир „Св. Троица“ (, ) е машки ставропигиален манастир на Руската Задгранична Православна Црква. Манастирот Пресвета Троица се наоѓа во држава Њујорк во местото Џорданвил, во САД, на 4 часа од градот Њујорк.

Историја на манастирот Основан е од двајца монаси - Пантелејмон Нижник (+ 1984) и Јосиф Колос (+ 1970) во 1930 г. По изградбата на црквата и по осветувањето на истата и првата литургија во храмот, додека сите биле за заедничниот ручек, црквата се запалила и изгорела до темел. По ова големо искушение архимадритот Пантелејмон рече: “Тоа беше Божјо испитување на нашата вера“.

Во 1946 година, четиринаесет нови монаси пристигна во Џорданвил од Европа, на чело со епископот Серафим Иванов. До 1946 повторно е изградин нов, поубав и поголем храм, кој во истата година беше осветен.

12 октомври 1948 година на манастир отвори училиште за потребите на монашкото братство. Наскоро го добиле официјалното признавање и регистрација на акредитација орган училишта од државата Њујорк.

Во Троитскиот манастир поминале многу монаси, архимандрите, некои од нив подоцна биле и Митрополити и Архиепископи, како што се Архиепископ Аверки Таушев, митрополит Антониј (Храповицки), Митрополит Анастасиј (Грибановски), Митрополит Филарет (Вознесенски) и др.

Духовната богословија е во делот на манастирот и фукционираат заедно. Богословијата има огромна библиотека со нас 50 000 книги со разна духовна и светска содржина. Манастирот живее активен духовен живот. Се истакнува со својата убавина, посебно катедралниот храм. Целиот манастирски комплекс (покривите) е во зелена боја. Истиот манастир има своја печатница, која го носи името на свети Јов Почаевски. Во оваа печатница се печатат речиси сила главни списанија, книга и православни календари за Руската Задгранична Црква. Има и своја свеќоливница, во која се прават свеќи од чист восок.

Игумени Архимандрит Пантелејмон (Нижник) (1930-1946) Архиепископ Серафим (Иванов) (1946-1948) Архиепископ Виталиј (Максименко) (1948-1960) Архиепископ Аверкиj (Таушев) (1960-1975) Митрополит Лавр (Шкурла) (1975-2008) Архимандрит Лука (Мурянка) (од 2008 година)

Надворешни врски

http://www.hts.edu официјално мрежно место Џорданвил - Троитско Свет Манастир Свято-Троицкая духовная семинария в Джорданвилле

Категорија:Манастири во САД Категорија:Православни манастири Категорија:Руска православна црква