Фугази () е американска пост-хардкор група, формирана во Вашингтон во 1987 година. Постојани членови на групата се: гитаристите и вокалисти Јан Мекеј и Ги Пичиото, басистот Џо Лели и тапанарот Брендон Канти. „Фугази“ се познати по нивниот DIY етички став, начин на деловна практика и презир кон музичката индустрија. Фугази имаат направено бројни светски турнеи, имаат издадено шест студиски албуми, филм и снимки во живо добивајќи позитивна критика и успех во целиот свет. Фугази се наоѓаат на неодредена пауза од 2003 година.Perlah, Jeff. "The Independent". Guitar World март 2002.

Настапи во живо Помеѓу 1987 и 2003 година, Фугази отсвириле над 1000 концерти во сите 50 држави во САД и во многу други низ целиот свет. Над 800 од овие концерти биле снимени од страна на инженерите за звук на бендот. Во 2005 и 2006 година Фугази издадоа 30 компакт дискови со настапи во живо на кои настапуваат во различни точки во нивната кариера. Подоцна снимките од нивните концерти беа достапни и на интернет.

Mузички стил и влијанија Музиката на Фугази претставува намерно отстапување од онаа на хардкор-групите. Иако јасно вкоренета во панк и хардкор-музиката, во музиката на Фугази лесно се препознаваат и фанк и реге елементи, неправилни старт-стоп структури на песните и „тешки“ рифови инспирирани од групите како што се Лед Џепелин и Квин кои биле омаловажувани од панк и хардкор сцената.

Членови Сегашни членови Јан Мекеј - вокал, гитара (1987-денес) Брендон Канти - тапани (1987-денес) Џо Лели - вокал, бас гитара (1987-денес) Ги Пичиото - вокал, гитара (1988-денес)

Членови кои учествувале на турнеи Џери Бушер - дополнителни тапани, труба (1998-2002)

Дискографија Студиски албуми 13 Songs (1989) Repeater (1990) Steady Diet of Nothing (1991) In on the Kill Taker (1993) Red Medicine (1995) End Hits (1998) The Argument (2001)

Наводи

Надворешни врски

Фугази на Dischord [ Фугази на Allmusic]

Категорија:Музички групи основани во 1987 година Категорија:Пост-хардкор музички групи Категорија:Американски панк рок музички групи Категорија:Музички групи основани во 1986 година