мини|десно|300п|XVII собрание на КПК во 2007 г|врска=Special:FilePath/XVII_Congress_CPC_(foto_3).JPG Комунистичка партија на Кина или КПК (; пинјин: Zhōngguó Gòngchǎndǎng) — државотворна и владејачка партија во Народна Република Кина. Иако формално владее во коалиција со Обединетиот фронт на други партии,'New Approaches to the Study of Political Order in China', Donald Clarke, Modern China, 2009 во практика, КПК раководи со земјата во еднопартиски систем, запазувајќи ја унитарноста на управата и централизмот на државата, војската и медиумите.Ralph H. Folsom, John H. Minan, Lee Ann Otto, Law and Politics in the People's Republic of China, West Publishing (St. Paul 1992), стр. 76–77. Правото на владеење на партијата е втемелено во уставот на државата, и истата е поставена над законот, што се должи на нејзините ленинистички корени.Susan V. Lawrence & Michael F. Martin, "Understanding China’s Political System", Congressional Research Service. 10 мај 2012. стр 2. Тековен партиски водач е Си Ѓинпинг, кој е на функцијата Генерален секретар на Централниот комитет.

Во текот на нејзината историја како владејачка партија, покрај официјалниот марксизам-ленинизам, во партијата постојат и неоформални табори со олигархиски карактер што застапуваат потрошувачки и неолиберални гледишта, како и левичарски табори што ѝ го оспоруваат правото на партијата и другите табори.Politics in China: An Introduction. Oxford, England, UK: Oxford University Press, 2010. стр. 159–161.

Партијата е основана во јули 1921 г. во Шангај. По долготрајната граѓанска војна, КПК извојувала победа над Куоминтангот и во 1949 г. завладеала со цела континентална Кина.Gay, Kathlyn. (2008). 21st Century Books. Mao Zedong's China. ISBN 0-8225-7285-0. стр. 7 Куоминтангот се повлекол на островот Тајван, со кој владее и денес.

Историјата на партијата пред и по основањето на НР Кина бележи разни борби за превласт на идеологиите, од кои најдраматична е деструктивната Културна револуција. Во прво време партијата членувала во Коминтерната, но во 1960-тите дошло до идеолошко разидување со Комунистичката партија на СССР и раскинување на меѓусебните врски. Во следниот период, партиската идеологија доживеала преобразба под водство на Денг Сјаопинг, усвојувајќи го моделот на пазарна економија, што овозможил силен и долготраен економски раст и развој.

КПК е најголемата политичка партија на светот,Jayshree Bajoria, The Communist Party of China , Council of Foreign Relations backgrounder, 12 октомври 2007 со повеќе од 80 милиони членови кон крајот на 2010 г. или 6,0% од населението. Речиси сите функционери и чиновници во државната и воената управа се членови на партијата. Почнувајќи од 1978 г., партијата настојува да ги институционализира сите политички промени, обраќајќи големо внимание на целовитоста на структурата. Денес таа полага особено значење на единството во партијата, избегнува секакви јавни судири и функционира по пат на отворен демократски централизам.

Организација Организациската структура на партијата доживеала колапс за време на Културната револуција, пред да биде повторно изградена од Денг Сјаопинг, кој го вратил државниот апарат во рацете на партијата.

Во теорија, највисокиот орган на партијата е Националниот конгрес на КПК, кое се состанува барем еднаш на пет години. Најважни органи уредени со уставот на партијата се: Централниот комитет, каде спаѓаат: Генералниот секретар — највисоко рангиран член на партијата и врховен водач на државата. Политбирото со 25 полноправни членови (вкл. членови на Постојаниот комитет); Постојаниот комитет на Политбирото со седум члена; Секретаријатот — главниот управен механизам на КПК, на чело со Генералниот секретар на Централниот комитет; Централниот воен комитет (владата има иста ваква установа, во истиот состав); Централната комисија за дисциплинска инспекција — во непосредна надлежност на Националното собрание и на исто ниво како ЦК на КПК, со задача да спречува и казнува злоупотреби и малверзации кај партиските кадри.

Организации во надлежност на Централниот комитет Други централни организации во непосредна надлежност на Централниот комитет на партијата се:

Општа служба Централно организациско одделение; Централно одделение за пропаганда; Централно одделение за меѓународни врски; Централно одделение за работа со Обединетиот фронт; Централна служба за политичко истражување; Централна служба за работа со Тајван; Централна служба за односи со јавноста; Централна безбедносна служба; Централно партиско училиште; „Народен дневник“ (партиско гласило); „До вистината преку фактите“; Центар за истражување на историјата на партијата; Партиски центар за истражување; Централна служба за составување и превод

Покрај ова, постојат разни одбори и предводни групи со партиска и државна надлежност. Во нив членуваат повисоките државни функционери заклучно со претседателот и премиерот. Најважни се:

Комисија за политички и законодавни работи на ЦК на КПК; Централна предводна комисија градење на духовна цивилизација (пропагандна комисија); Централен одбор за опфатно раководење со општествениот поредок; Државен одбор за реформи во јавниот сектор; Централна предводна група за финансови работи; Централна предводна група за финансово-економски работи; Централна предводна група за тајвански работи; Централна предводна група за надворешни работи; Централна предводна група за државна безбедност; Централна предводна група за рурални работи; Централна предводна група за градење на партијата; Централна предводна група за пропагандно-идеолошки работи; Централна предводна група за борба против порнографијата и протизаконските изданија; Централна предводна група за спречување на и справување со отстапничките организации (особено Фалун гунг); Централна предводна група за запазување на стабилноста; Централна предводна група за системски реформи во културата; Централна предводна група за хонгконшки и макајски работи; Централна предводна група за борба против митото; Централна предводна група за заштита на партиските тајни; Централна предводна група за унапредување на партиската организација меѓу народот и обука на партиските членови; Централна предводна група за работа со Тибет; Централна предводна група за работа со Синѓанг; Централна предводна група за противкорупциско воспитување.

Секои пет години партијата свикува Национален конгрес со две формални функции: да разгледува и усвојува измени во уставот на партијата и да избира Централен комитет со околу 300 члена. Централниот комитет пак, ги избира членовите на Политбирото. Во практика, составот на Централниот комитет и Политбирото се определува пред свикувањето на собранието, а главната цел на самото собрание е да ги објави целите и плановите на партијата за следните неколку години.

Центарот на моќта во партијата е содржан во Постојаниот комитет на Политбирото. Членовите на овој комитет и Политбирото се определуваат зад затворени врати вон собранието. Новиот состав на врховното раководство се објавува на заобиколен начин преку распоредот на портретите во партиското гласило „Народен дневник“. Бројот на членови на Постојаниот комитет се разликува во зависност од мандатот, со тенденција на зголемување.

Постојат уште две партиски организации од клучно значење: формалната управа (влада) и Народноослободителната армија (вооружените сили на Кина). Главните органи што вршат надзор и контрола на војската се Централниот воен комитет и Општото политичко одделение.

Покрај нив, постојат советодавни комитети како Народното политичко советодавно собрание.

Табори Според стручната јавност, партијата има два табора. Едниот е наречена „Шангајска клика“ или „Елитисти“ и се состои од функционери што дошле на позициите од понапредните покраини. Другиот се нарекува „Народна клика“ и се состои од функционери што се издигнале во хиерархијата претежно од руралната внатрешност, преку учество во Сојузот на комунистичката младина на Кина. Помали неформални групи се „Чингхуа“ и погрдно наречените „Престолонаследници“, кои се деца или роднини на претодни функционери. Двата табора се надополнуваат и имаат свои стручности и не дозволуваат соперништвото да ѝ наштети на партијата. Ова е постигнато благодарение на мошне претпазливиот пристап за да се добие рамнотежа помеѓу таборите. Ваквата поставеност на власта се нарекува „една партија, два табора“.

Дисциплина Установата задолжена за борба против корупција е Централната комисија за дисциплинска инспекција, која врши истрага и ги гони осомничените во доверливи услови. Нејзините овластувања и надлежности се независни од редовната полиција и редовното судство бидејќи така би подлежеле на влијанија и ургенции од локалните кадри. Во методите спаѓаат силни притисоци и закани од физички и психолошки карактер. Системот е многу успешен во борбата против корупцијата, отстранувајќи голем број на корумпирани функционери, меѓу кои и некои многу моќни државници.

Историја мини|десно|Местото каде се одржалo првиот собрание (конгрес) на КПК (јули 1921) во Шангај. Партијата води потекло од Четворомајското движење (1919), со кое интелектуалците усвоиле радикални идеологии како анархизмот и комунизмот. Идеологијата на КПК претрпела големи измени од нејзиното основање и доаѓање на власт во 1949 г. до денес. Револуцијата на Мао Цетунг на која почивала партијата номинално се засновала на марксизам-ленинизам со осврт на руралните подрачја како главна проблематика во земјата во тоа време. Во текот на 1960-тите и 1970-тите, партијата претрпела голем идеолошки пресврт и ги раскинала врските со Комунистичката партија на СССР под водство на Никита Хрушчов и Леонид Брежнев. Според тогашната Маова селанска идеологија, државата треба да биде под „постојана и непрекината револуција со диктатура на пролетаријатот“. По успехот на социјалистичката револуција, на дневен ред дошла културата во земјата, доведувајќи до Културната револуција. Овој спој на идеи подоцна е наречен маоизам, силна идеологија во противположба на советскиот „марксистички ревизионизам“.

Меѓутоа, по смртта на Мао во 1976 г., новиот водач Денг Сјаопинг покренал темелни економски реформи, воведувајќи „социјализам со кинески одлики“. Отфрлајќи ги „крајно левичарските“ елементи од маоизмот, Денг ги предводел реформите со тврдењето дека социјализмот не е спротивен на и нескладен со пазарната економија. Системот останал еднопартиски и авторитарен, но промените во политиката донеле значаен економски раст и развој. Меѓутоа, самата идеологија се судрила со маоистите и прогресивните либерали. Овие несогласување, заедно со други општествени фактори, довеле до познатите протести на плоштадот „Тјенанмен“ во 1989 г. Денговата замисла за успешни економски остварувања и новиот социјалистички пазарен модел биле усвоени и втемелени во уставот на партијата од 1997 г. како идеологијата денгизам.

Раководството од „третото поколение“ на чело со Џанг Цемин, Џу Женгџи и нивните колеги продолжиле да ја водат земјата според начелата на денгизмот, дополнета со повторното заживување на кинескиот национализам во 1990-тите и негово неформално прифаќање како начело на партијата. Како дел од Џанговата оставнина, во 2003 г. партијата ги усвоила неговите „три претстави“ како идеолошки начела, каде се бара партијата да ги претставува (застапува) „напредните производни сили, прогресивната насока на кинеската култура и фундаменталните интереси на народот.“ Постојат различни толкувања за овие начела, меѓу кои и она со кое се дава легитимитет навлегувањето на олигарси во партијата.

Постојаната и исклучива насоченост кон економскиот развој довела до најразлични сериозни општествени проблеми. Раководството од „четвртото поколение“ предводено од Ху Ѓинтао и Вен Ѓабао стапило на сцената во 2003 г. со обид да го измени овој неповолен тренд со мешан пакет од економско-социјални мерки. Оваа нова идеологија подразбирала создавање на „социјалистичко складно општество“ преку концептот на научен развој.