Хакан Шукур (роден на 1 септември, 1971) — поранешен турски фудбалер со албанско потекло кој играл како напаѓач. Тој го поминал поголемиот дел од неговата професионална кариера во екипата на Галатасарај, во чии дрес бил трипати најдобар стрелец во турското првенство, бранејќи ги боите на клубот во три различни периоди во кој освоил вкупно 14 големи наслови.
Шукур ја претставувал репрезентацијата на Турција вкупно 112 пати, постигнувајќи 51 гол, што го прави најдобар стрелец на нацијата и 19-ти во светот. Како еден од најплодните напаѓачи на модерната ера, тој постигнал 383 гола во текот на неговата клубпка кариера, како и најбрзиот гол некогаш постигнат на Светските првенства, во натпреварот за бронзата 2002. Тој се повлекол од фудбалот во 2008 година, постигнувајќи само еден погодок во едноцифрен број на настапи за неговиот главен тим. Тој го добил прекарот на "Булот на Босфор", заради неговата способност во играта со глава.
Надворешни врски Биографија Галатасарај профил Профил на Турската фудбалска федерација
Наводи
Категорија:Турски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Галатасарај Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Парма Категорија:Фудбалери на ФК Блекбурн Роверс Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1971 година