Бачки Брег (на хрватски Bereg) е село кое се наоѓа во градот Сомбор, во Западнобачкиот управен округ, во покраината Војводина, Србија. Селото има хрватско мнозинство (Шокци) и населението брои 769 жители (според пописот од 2022).
Бачки Брег е на самиот северозападен дел од Србија, на важниот патен правец кој ги поврзува Србија и Унгарија. Унгарскиот град веднаш до границата е Херцегшанто.
Име На српски селото се вика Бачки Брег, на хрватски селото се вика "Bereg" (од 2009) Radio Subotica Tradicijski nazivi naselja vraćaju mještanima osjećaj sigurnosti, Nov 20, 2009, accessed Nov 23, 2009 или "Bački Breg'' (пред 2009), на унгарски селото е познато како "Béreg", и на германски селото е наречено "Bereg".
Историја
Селото беше првпат спомнато во 1319 година. Во 1620, селото беше населено од Шокците кои по потекло се од Сплит, Хрватска. Првата црква во селото беше изградена во 1740. Во 18. век, Германците и Унгарците се доселија во селото.
Етнички групи (попис од 2002)
Хрвати =738 (53.17%) Срби = 344 (24.78%) Југословени = 67 (4.83%) Унгарци = 34 (2.45%) Останати = 24 (2.25%)
Историско население
1961: 2,045 1971: 2,006 1981: 1,770 1991: 1,585
Наводи Slobodan Ćurčić, Broj stanovnika Vojvodine, Novi Sad, 1996.
Надворешни врски
www.soinfo.org
Категорија:Сомбор Категорија:Населени места во Војводина категорија:Хрватски населби во Србија