Пердувестата кукумјавка () е мала утка. Таа спаѓа во „типичните утки“ на семејството Strigidae, која ги содржи повеќето видови утки. Се среќава и во Македонија. Опис

Пердувестата кукумјавка е долга 22-27 см со распон на крилјата 50-62 см. Таа кафеава одозгора, со бели дамки на рамењата. Одоздола е бела прошарана со надолжни линии со боја на ’рѓа. Главата е голема со жолти очи и бели фацијални дискови и со изглед на „изненаденост“. Клунот е светложолт. Летот е силен и директен. Младенчињата се чоколаднокафеави. Поведение Пердувестата кукумјавка е несоцијална ноќна утка.The Owl Pages. , Посетено на May 10, 2013

Огласувањето на оваа утка е како звукот на мавтање со крилјата.Boulder County Nature Association. , Посетено на May 10, 2013.

Овој вид вообичаено не е птица преселница, но наесен значаен број се селат појужно. Таа не се оддалечува многу од местото на размножување, иако е тешко да се открие надвор од сезоната на парење, кога воопшто не се огласува.

Размножување

Оваа птица се размножува во густите четинарски шуми низ северниот дел на Северна Америка и Евроазија, во планините како Алпите и Карпести Планини во Канада. Несе 3-6 јајца во дупка во дрво. Низ Европа, но и низ Азија и Америка, природнонаучниците и орнитолозите ставаат кутии за гнездење за оваа и другите мали утки.

Исхрана Оваа мала утка претежно се храни со глодачи, други мали цицачи, но и со птици и инсекти и други безрбетници. Таа е ноќна птица, но понекогаш е принудена да лови и дење заради кратките ноќи летно време.

Смртност Познато е дека пердувестата кукмјавка живее над 16 години. Бидејќи е ова мала утка, таа често е ловена од страна на поголемите, како и од други грабливци, што го скратува нејзиниот просечен животен век.

Подвидови Пердувестата кукумјавка има 7 подвида: A.f. richardsoni, северноамерикански подвид, кој живее од Алјаска до источна и југоисточна Канада; A.f funereus, живее од Скандинавија на север, до Пиринејскиот Полуостров на југ; A.f. pallens, се среќава од југоисточен Сибир до Кина; A.f. caucasicus, на Кавказ; A.f. magnus, од источен Сибир до Камчатски крај; A.f. beickianus, од северозападна Индија до западна Кина; A.f. sibiricus, низ цел Сибир.

Наводи

Надворешни врски Boreal Owl at owlpages.com Boreal Owl videos, photos & sounds on the Internet Bird Collection

Категорија:Утки Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј