Шумската треперка () е мала врапчевидна птица од семејството на тресиопашките (Motacillidae), родот на треперките (Anthus); која се размножува низ умерена Европа и Азија, и северозападна Африка. Ја има и во Македонија. Таа е птица преселница што зимува во тропска Африка и Азија. Опис
Оваа мала треперка е слична на ливадската треперка. На земја е незабележлива заради нејзините бои, прошарани со кафеаво одозгора и црни ленти, бел стомак и кремави гради со потемни вертикални линии. Се разликува од ливадската по тоа што е малку поголема, по потешкиот клун и посилниот контраст меѓу кремавите гради и белиот стомак. Шумската треперка почесто се перчи на гранките од дрвјата. Повикот ѝ е силно спик. Песната при летот ѝ е непогрешлива. Птицата полетува на кратко растојание нагоре од дрвото, а потоа со вкочанети крилја полека се спушта надолу, кога песната со приближувањето станува сè поразвлечена. Поведение Живеалиштето на шумската треперка се шумите и грмушките. Претпочитаат пустари, или брезови шуми, со ниски грмушки, со треви и во близина да има потоци. Таа е птица преселница која се размножува од почетокот на мај до август, а се сели во Африка на почетокот од септември.
Гнезди на земја, во тревата и несе 4-8 јајца.
Се харанат со безрбетници кои ги пронаоѓаат пасејќи во тревата, но исто така, јадат и семиња.
Систематизација Видот Anthus trivialis има 4 подвида: A. t. haringtoni A. t. schueteri A. t. sibiricus A. t. trivialis
Галерија
Наводи
Надворешни врски Возраст и пол (PDF; 1.7 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze
Категорија:Тресиопашки Категорија:Птици на Македонија Категорија:Таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј