„Space Truckin'“ е песна на англискиот рок бенд Deep Purple. Таа е седма и последна песна од нивниот шести албум Machine Head. Во песната се пее за патување низ вселената и во неа се истакнуваат вокалните способности на фронтменот Ијан Гилан и моќното свирење на тапани на Ијан Пајс.
Во преработената верзија од нивниот албум од 1982 година, Live in London, песната трае 31 минута во изведба во живо. Во оваа верзија од песната може да се забележат различни импровизации од страна на членовите на бендот кои на моменти ги свират главните делови од песната „Child in Time“.
Оваа песна се појавува во филмот Lords of Dogtown кога протагонистите се прикрадуваат во празни базени со цел да возат скејтборд.
Персонал Ијан Гилан – вокал Ричи Блекмур – гитара Роџер Глоувер – бас гитара Џон Лорд – клавијатура Ијан Пајс – тапани
Наводи
Категорија:Песни на Deep Purple Категорија:Песни од 1972 година