Ин (; ); ) — река во Швајцарија, Австрија и Германија, десна притока на Дунав. Долга е 517 км, а највисока точка во сливот е планината Бернина (4.049 м).

Географија Реката извира во Швајцарските Алпи, западно од Санкт Мориц во областа Енгадин, која е наречена по реката (реторомански Engiadina: „инска градина“). Веднаш потоа, реката тече низ најголемите езера по течението: Зилското и Силвапланското. Потоа оди североисточно, влегува во Австрија, а од Ландек оди на исток низ покраината Тирол и нејзиниот главен град Инсбрук („мост на Ин“). Потоа преминува во Баварија кај Куфштајн.

На баварска територија реката оди на север и минува из градовите Розенхајм, Васербург на Ин и Валдкрајбург, па врти на исток, оди низ Милдорф на Ин и Нојетинг, а потоа се проширува благодарение на двете поголеми притоки Алц и Залцах.

Оттука до Дунав, реката ја образува границата помеѓу Германија (Баварија) и Австрија (Горна Австрија). Во последниот дел од течението се сместени градовите Зимбах на Ин, Браунау на Ин и Шердинг. Во градот Пасау, Ин конечно се влева во Дунав.

Меѓу бројните помали градови по течението се Браунау на Ин (Австрија), родно место на Адолф Хитлер и Марктл (Германија), родно место на папата Бенедикт XVI. Реката Ин е единствената река што извира во Швајцарија и завршува во Црното Море (преку Дунав).

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Австрија Категорија:Реки во Швајцарија Категорија:Дунавски слив Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Притоки на Дунав Категорија:Австриско-германска граница Категорија:Реки во Баварија