Девизни резерви (англиски: Foreign exchange reserves, Official reserves) ја сочинуваат странската актива која се наоѓа под контрола на монетарната власт и се наоѓа на располагање за финансирање на нерамнотежата во платниот биланс, како и за интервенција за девизниот пазар (влијание на девизниот курс) и за останати потреби.
Девизните резерви на државата во поширока смисла се состојат од девизни резерви на централната банка и девизните резерви на банките. Тие, меѓу останатото, служат за обезбедување на меѓународна ликвидност на земјата, остварување на задачите на монетарната политика и за полесен пристап на меѓународниот пазар на капитал.
Во периодот 2000-2014 година, светските девизни резерви пораснале од околу 2.000 милијарди на речиси 12.000 милијарди долари. Во 2015 година, најголеми девизни резерви имала Кина (3.300 милијарди долари).Горан Петревски, „Колку повеќе, толку подобро“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 22-24.
Девизни резерви на централната банка Девизните резерви на централната банка можат да ги сочинуваат: девизите на централната банка на сметки во странство делотворните странски пари странските кусорочни хартии од вредност социјалните права на влечење и резервна позиција кај Меѓународниот монетарен фонд златото и другите благородни метали.
Девизни резерви на банките Девизните резерви на банките ги сочинуваат: делотворните странски пари во трезорите на банките, странски хартии од вредност и девизи на сметките кои банките ги поседуваат во странски кореспондентни банки.
Поврзано Монетарна политика Фискална политика Народна банка на Република Македонија
Наводи
Категорија:Монетарна економија Категорија:Централни банки