Дордоња (; ) — река во југозападна Франција.

Името на реката доаѓа од латинскиот назив „Дураниј“ (),Сидониј Аполинариј кој пак е изведен од преткелтскиот корен дур-, дор-.

Географија мини|280п|Реката Дордоња на карта Течението на реката почнува од падините на планината Пиј де Санси (1.885 м) во Оверњ, откако ќе се спојат два потока над гратчето Мон Дор: Дор () и Доњ (), и така реката го добива името како кованица од нивните имиња. Реката тече на во западен правец во должина од 500 км низ областите Лимузен и Перигор пред да се влее во естуарот Жиронда, кој го дели со Гарона во северниот дел на градот Бордо.

Природа Реката Дордоња е една од малкуте во светот што добиваат приливен бран од морето.Tidal bores, Mascaret, Pororoca (1). Myths, Fables and Reality !!!

Горната долина на Дордоња се одликува со низа длабоки клисури. Водата тече во брзаци по тесните кланци, но на неколку места има брани со долги длабоки езера. На пошироките места има летниковци и кампови.

Под Аржента и околу Болие на Дордоња, долината се шири плодни полиња, пасишта и овоштарници. Населените места се привлечни за туристи поради нивната историја и архитектура, а кејовите се полни со ресторани, кафетерии и барови. Во Перигор, долината е уште поширока и опфаќа едно од главните гастрономски во земјата со лозја и винарии, живинарски фарми и шумовити предели богати со тартуфи.

Туристичката сезона во Долината на Дордоња трае од јуни до септември, а ударни месеци се јули и август

Течение Реката тече низ следниве населени места:

Пиј де Дом: Мон Дор, Ла Бурбул Корез: Аржента, Бор лез Орг и Болие на Дордоња Лот: Сујак, Пенсак, Лакав, Мејрон, Крес, Монвалан, Глиж, Флоарак, Каренак Жентрак, Торијак и Придомат Дордоња: Бенак и Казнак, Сарла, Сен Сипријан и Бержерак Жиронда: Сент Фоа ла Гранд и Либурн

Притоки мини|280px|Дордоња во Перигор мини|280px|Дордоња во Аржента, Корез

Главни притоки на Дордоња се:

(Д) Шаванон (Л) Ру (Д) Дјеж (Л) Симена (Д) Триузун (Л) Оз (Д) Лизеж (Д) Дустр (Л) Марона (Л) Сер (д) Сурдоар (Л) Уис (Л) Сеу (Д) Везер (Д) Ил (Л) Лоранс

Поврзано Дордоња — истоимениотдепартман Гарона

Наводи

Надворешни врски Река Дордоња — база „Сандр“ Долина на Дордоња — портал

Категорија:Реки во Нова Аквитанија Категорија:Реки во Оверњ-Рона-Алпи Категорија:Реки во Окситанија Категорија:Корез Категорија:Дордоња (департман) Категорија:Жиронда Категорија:Лот Категорија:Пиј де Дом Категорија:Дордоњски слив Категорија:Биосферни резервати во Франција