Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од Вестфалскиот мир (1648), па сè до основањето на сојузна Швајцарија (1848), секој кантон бил наполно суверена држава со своја царина, војска и валута. Најнов кантон е Јура, кој се одделил од Берн во 1979 г.
Поимот „кантон“ (, , , ) е од француско потекло и значи „агол“ или „околија“.
Историја Во XVI век, стариот Швајцарски сојуз () се состоел од 13 суверени држави: шест краински (или шумски) и седум градски. Иако сите технички биле дел од Светото Римско Царство, независноста де факто ја стекнале во 1497 г. кога извојувале победа над царот Максимилијан. Шесте шумски кантони биле демократски републики, додека пак седумте градски кантони олигархиски републики под власта на благородниците.
Устав Секој кантон има свој устав, законодавство, влада и судство. Највеќето законодавни домови се еднодомни парламенти, со по 58 до 200 пратеници. Неколку од нив се народни собори (). Кантонските влади имаат по 5 до 7 члена, зависно од кантонот.Влада на Швајцарија со врски до секоја кантонска влада ,
Според Сојузниот устав на Швајцарија, кантоните се суверени за сето она што не е во надлежност на централната власт. Меѓу самостојните надлежности спаѓаат и здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, како и даночењето. Уставите на поединечните кантони го уредуваат степенот на самоуправа што го уживаат општините, кој се разликува од случај до случај, но секогаш подразбира право на даночење и носење на општински закони. Според големината, кантоните се движат од 37 км2 до 7.105 км2, а според населението, од 15.471 до 1.244.400 жители.
Список Грб Крат. Кантон Изворно име Создаден Админ. центар Население (2009) Површина (км2) Густина (жит/км2) Општини Службени јазици 25п|Грб на Апенцел Аусероден AR Апенцел Аусероден Appenzell Ausserrhoden 1513 дел од Апенцел сè до 1597/1999 г. Херизау 220 20 германски 25п|Грб на Апенцел Инероден AI Апенцел Инероден Appenzell Innerrhoden 1513 Апенцел 87 6 германски 25п|Грб на Аргау AG Аргау Aargau 1803 Арау 388 220 германски 25п|Грб на Базел-град BS Базел-град Basel-Stadt 1501како Базел до 1833/1999 г. Базел 5.072 3 германски 25п|Грб на Базел-краина BL Базел-краина Basel-Landschaft 1501/1833дел од Базел сè до 1833/1999 г. Листал 502 86 германски 25п|Грб на Берн BE Берн Bern 1353 Берн 158 383 германски, француски 25п|Грб на Вале VS Вале Valais 1815 Сион 53 143 француски, германски 25п|Грб на Во VD Во Vaud 1803 Лозана 188 339 француски 25п|Грб на Гларус GL Гларус Glarus 1352 Гларус 51 3 германски 25п|Грб на Граубинден GR Граубинден Graubünden 1803 Кур 26 180 германски, реторомански, италијански 25п|Грб на Женева GE Женева Genève 1815 Женева 1.442 45 француски 25п|Грб на Золотурн SO Золотурн Solothurn 1481 Золотурн 308 122 германски 25п|Грб на Јура JU Јура Jura 1979се отцепил од Берн Делемон 82 64 француски 25п|Грб на Луцерн LU Луцерн Luzern 1332 Луцерн 233 87 германски 25п|Грб на Нешател NE Нешател Neuchâtel 1815/1857полагал право прускиот крал Фридрих Вилхелм III сè до Нешателската криза во 1856–1857 г. Нешател 206 53 француски 25п|Грб на Нидвалден NW Нидвалден Nidwalden 1291како Унтервалден Штанс 138 11 германски 25п|Грб на Обвалден OW Обвалден Obwalden 1291 или 1315Може да се смета за основан во 1315 г. како дел од Унтервалден Зарнен 66 7 германски 25п|Грб на Санкт Гален SG Санкт Гален St. Gallen 1803 Санкт Гален 222 85 германски 25п|Грб на Тичино TI Тичино Ticino 1803 Белинцона 110 157 италијански 25п|Грб на Тургау TG Тургау Thurgau 1803 Фрауенфелд 229 80 германски 25п|Грб на Ури UR Ури Uri 1291основачки шумски кантон, основано во 1307, 1304 или 1291 г. Алтдорф 33 20 германски 25п|Грб на Фрибур FR Фрибур Fribourg 1481 Фрибур 141 167 француски, германски 25п|Грб на Цирих ZH Цирих Zürich 1351 Цирих 701 171 германски 25п|Грб на Цуг ZG Цуг Zug 1352 Цуг 416 11 германски 25п|Грб на Шафхаузен SH Шафхаузен Schaffhausen 1501 Шафхаузен 246 27 германски 25п|Грб на Швиц SZ Швиц Schwyz 1291 Швиц 143 30 германски 25п|Грб на Швајцарија CH Швајцарија Берн 7.968.705 174 2.596 германски, француски, италијански, реторомански
Поврзано Географија на Швајцарија Демографија на Швајцарија Градови во Швајцарија Автомобилски регистарски таблички во Швајцарија ISO 3166-2:CH
Белешки
Владата и парламентот се во Херизау, но судството е во Троген Парламентот Фрауенфелд и Вајнфелден
Наводи Cited as Ehrenzeller. Cited as Häfelin.
Надворешни врски
Кантони во Швајцарија — swissworld.org Сложувалка — составете ги кантоните на карта
Категорија:Административна поделба на Швајцарија Категорија:Списоци за Швајцарија Категорија:Првостепени административни единици на земјите