Акапулко или целосно Акапулко де Хуарез — град, општина и главно морско пристаниште во државата Гереро на тихоокеанско крајбрежје на Мексико, 300 километри (190 милји) југозападно од Град Мексико. Акапулко се наоѓа на висок, полукружен залив и бил пристаниште уште од почетокот на колонијалниот период од историјата на Мексико. Тоа е попатно пристаниште за транспорт и крстарење помеѓу Панама и Сан Франциско, Калифорнија и САД. Градот Акапулко е најголемиот град во државата, поголем е дури од главниот град Чилпанцинго. Акапулко е исто така најголемата плажа на Мексико и летувалиште со спа центри.
Градот е познат како еден од најстарите и најпознатите места за одмор на плажа, кој станал значаен во 1950-тите како место за одмор на холивудските ѕвезди и милионери. Акапулко е сѐ уште популарен по неговиот ноќен живот и привлекува многу туристи, иако повеќето од нив се од Мексико. Пределот за летувалиште е поделен на два дела: северниот дел на заливот е „традиционален“ предел, каде што во средината на XX век познатите биле на одмор; и јужен дел каде доминирале поновите луксузни и многукатнички хотели.
Името „Акапулко“ доаѓа од Ацтечки јазик „Aca-pōl-co“, и значи „каде што трските беа уништени и однесени“. Во 1885 година на славниот Бенито Хуарез, поранешниот претседател на Мексико му се додало „Де Хуарес“ (de Juárez) на официјалното име. Печатот на градот е скршена трска или стап.
Историја Од 8 век, во областа на Акапулко постоела мала култура во која првпат Олмеците доминирале, а потоа други за време на пред-шпанскиот период. Во заливот на Акапулко, имало две локации на Олмеците, еден близу до Плаја Ларга (Playa Larga) и друга на врвот познат како Ел Гитарон (El Guitarrón). Влијанието на Олмеците овде предизвикало мало раширување на селата за да се спојат со поголемите објекти и да се изгради церемонијални центри. Подоцна, влијанието на Теотивакан го направил своето овде преку Куернавака и Чилпанцинго. Потоа, влијанието на Мајанска цивилизација пристигнала од провлакот Тевантепек и преку она што сега е Оахака. Оваа историја е позната по археолошките ракотворби кои се откриле овде, посебно на Плажа Хорнос (Playa Hornos), Пи де ла Куеста (Pie de la Cuesta) и Тамбуко (Tambuco). Во 11 век, овде се појавиле нови бранови на миграција на Нахуа и Коиксас. Овие луѓе биле претходници на Ацтеките. По четири години од воената борба, Акапулко станал дел од империјата на Ацтеките за време на владеењето на Ахуитзотл ( Ahuizotl) и се присоединиле кон приточната провинција наречена Тепекоакуилко (Tepecuacuilco); сепак ова било само краткотрајно, бидејќи Ацтеките можеле само да воспостават неорганизирана воена позиција во периферијата на градот, која што била на територија под управување на Јопите (Yopes), кои продолжиле да ги бранат и да живеат таму сè до пристигнувањето на Шпанците.
мини|лево|Изгледот на Акапулко во 1879 година
Постојат две приказни за тоа како заливот Акапулко бил откриен од Европејците. Првото наведува дека две години по Шпанското освојување на Мексико, Ернан Кортес ги испратил истражувачите на запад да најдат злато. По 1523 година, истражувачите ја резервирале оваа област, и Кортес го овластил капетанот Саведра Церон (Captain Saavedra Cerón) за да најде населено место тука. Другото наведува дека заливот бил откриен на 13 декември 1526 година со помош на мал брод кој се викал Ел Тепаче Сантјаго (El Tepache Santiago) кој бил управуван од Сантјаго Гевара. Првиот легален систем бил основан во 1525 година во Какахуатепек (Cacahuatepec), кој е дел од современата градска управа на Акапулко. Во 1531 година, извесен број на Шпанци, особено Хуан Родригес Де Вилафуерте (Juan Rodriguez de Villafuerte), го напуштиле брегот на Оахака и го основал селото Вилафуерте, каде што сега е градот Акапулко. Вилафуерте не бил во состојба да ги покори локалните домородци, и ова на крајот завршило со востание (Yopa Rebellion) во регионот на Куатепек. Ернан Кортес бил обврзан да го испрати Васко Поркаио „Vasco Porcayo“ да преговара со тукашните луѓе за да им даде отстапка. Провинцијата на Акапулко станала легален систем на Родригес Де Вилафуерте кој примал даноци во форма на какао, памук и пченка.
мини|десно|Ернан Кортес
Од почетокот на 1530-тите година, Кортес го основал Акапулко како главно пристаниште, со првиот главен пат помеѓу Град Мексико и пристаништето кое било констуирано од 1531 година. Пристаништето, кој се викал Маркес (Marqués), бил конструиран во 1533 година помеѓу местото Бруја ( Bruja Point) и местото Дијамант (Diamond Point). Набргу потоа, областа била прогласена за „алкадиа“ (главна провинција или град).
Шпанската трговија во Далечниот Исток би му дала на Акапулко видно место во економијата на Вицекралство Нова Шпанија. Од 1550 година, галионите од Азија почнале да пристигнуваат тука, и во таа година триесет шпански семејства биле испратени да живеат овде од Град Мексико за да имаат постојано место како европски жители.
Акапулко би станал второто најважно пристаниште, после Веракрус, поради неговата директна трговија со Филипините. Оваа трговија би се насочила кон годишната галеонска трговија на Манила и Акапулко ( Manila-Acapulco Galleon trade), која била врска на сите видови на комуникација помеѓу Нова Шпанија, Европа и Азија. Во 1573 година, пристаништето било доделено на монополот на трговијата на Манила.
Галиската трговија го направила нејзиното годишно одвивање од средината на 16 век до почетокот на 19 век. Луксузните предмети, кои ги донеле на Нова Шпанија, го привлекле вниманието на англиски и холандски пирати, како што се Френсис Дрејк, Хенри Морган и Томас Кевендиш, кој ги нарекле „Црниот Брод“. Сан Диего Форт (San Diego Fort) бил изграден, за да го заштити пристаништето и товарните бродови. И покрај постоењето на тврдината, една холандска флота го освоила Акапулко во 1615 година, уништувајќи голем дел од градот и тврдината пред да си заминат. Земјотрес ја уништил тврдината во 1776 година и повторно била изградена во 1783 година. Во почетокот на 19 век, кралот Чарлс IV го прогласил Акапулко за државен град и станал неопходен дел од Шпанската Круна. Сепак, не долго откако започнала Мексиканската војна за независност. Во 1810 година, Хосе Марија Морелос Павон (José María Morelos y Pavón) го нападнал и го запалил градот, откако го поразил ројалистичкиот командант Франциско Перес во битката „Tres Palos“. Независноста на Мексико во 1821 година завршила со бегство на галијата на Манила. Значењето на Акапулко како пристаниште било пронајдено за време на Калифорниска трка за злато (California Gold Rush) во средината на 19 век, со бродови кои оделе и доаѓале од Панама застанувајќи овде.
Во 1911 година, Мексиканската револуција ја презела главната плажа на Акапулко. Во 1920 година, принцот од Велс (идниот крал Едвард VIII) ја посетил областа. Воодушевен од она што го видел, тој го препорачал местото на неговите сонародници во Европа, правејќи го местото популарно за елитата таму. Стопанственик, по име Алберт Б. Пулен од Кориган, Источен Тексас, изградил многу необични хотели и трговска инфраструктура во областа сега позната како Старо Акапулко. Но, некои други ги изградиле најпознатите хотели. Во 1933 година, Карлос Бернард го започнал првиот дел на хотелот Ел Мирадор ( Hotel El Mirador) со 12 соби на гребенот на Ла Кебрада. Волф Шоенборн купил голема сума на необработена земја, а Алберт Пулен го изградил хотелот „Лас Америкас“( Las Americas Hotel).
Во средината на 1940-тите години, биле изградени првото трговско пристаниште и складиште. Во почетокот на 1950-тите години, претседателот Мигел Алеман Валдес ја подобрил инфраструктурата на пристаништето, инсталирајќи електрични линии, системи за одводнување, патишта и првиот автопат за поврзување на пристаништето со Град Мексико.
Економијата пораснала и со тоа странските инвестиции. За време на 1950-тите години, Акапулко станало популарно место за богатите холивудски ѕвезди како што се: Елизабет Тејлор, Френк Синатра, Еди Фишер и Бриџит Бардо. Поранешниот свинг музичар Теди Стофер, наречен „Господин Акапулко“ ("Mister Acapulco") бил раководител во хотели („Вила Вера“, „Казабланка“), кој привлечел многу од познатите личности во Акапулко.Teddy Stauffer: Der Swingkönig im Paradies – STOCKPRESS.de | STOCKPRESS.de
Од популација од само 4.000 или 5.000 во 1940-тите години, Акапулко имал популација од околу 50.000 од почетокот на 1960-тите години. Во 1958 година, Папа Пиј XII ја создал Епархијата на Акапулко. Во 1983 година станал архиепископија.
За време на 1960-тите и 1970-тите години се граделе нови хотелски центри, а сместувањето и превозот биле направени поевтини. Не било потребно да бидеш милионер за да отидеш на одмор во Акапулко; странците и средно мексиканската класа можеле да си допуштат да патуват овде. Сепак, како што повеќе хотели се граделе во јужниот дел од заливот, старите хотели од 1950-тите години го изгубиле нивниот раскош.
Во 1970-тите години, постоела значајно развивање на пристаништето. Свечената приредба Мис Универс во 1978 година ( Miss Universe 1978) зазела место во тој град, подоцна во таа декада. Во 1983 година, кантавторот Хуан Габриел ја напишал песната „Amor eterno“, која оддава почит на Акапулко. Песната прва ја снимила познатата Роцио Дурцал. Покрај тоа, Акапулко е роден град на глумицата, пејачка и комичарка Аида Пиерсе, која станала позната во текот на 1980-тите, 1990-тите години и првата декада од 21 век.
За време на 1990-тите години, бил изграден патот познат како Рута Дел Сол (Ruta del Sol), кој ги поминувал планините помеѓу Град Мексико и Акапулко. Патувањето трае само околу три и половина часа, правејќи го Акапулко омилена викенд- одредиште за жителите на Град Мексико. Пристаништето продолжило да се развива, и во 1996 година била создадена нова приватна фирма „АПИ Акапулко“ (API Acapulco) за да извршува функција. Ова консолидирана функција и сегашниот Акапулко е главно пристаниште за извоз на автомобили на Тихиот Океан.
Во 1997 година, ураганот Паулин го опустошил градот. Бурата заглавила туристи и оставила повеќе од 100 мртви во градот. Повеќето од жртвите биле од сиромашни квартови изградени на стрмни падини што го опкружуваат градот. Други жртви биле однесени од бранови од триесет метри и ветрови од 150 милји на час (150 mph) (241 км/ч).
Во 2000 година, војната против нарко-картелите во Мексико имала негативен ефект на туризмот во Акапулко, бидејќи соперничките трговци со дрога се борат едни со други за брегот Гереро, преку кој се доведува дрога од Јужна Америка, исто како и војниците кои се борат на картелите од 2006 година.
Голема вооружена битка, која траела со часови, се случила во текот на летото на 2009 година во крајбрежната област на Стариот Акапулко, помеѓу 18 вооружени лица и војници при што загинале 16 од вооружените лица и двајца војници. Ова дошло, порано во годината, по свинскиот грип кој речиси ја парализирал Мексиканската економија, принудувајќи ги хотелите да им даде попусти на туристите да се вратат назад. Меѓутоа, времетраењето на хотелите за 2009 година паднало за 5 проценти од претходната година. Смртта на Артуро Белтран Лејва, во декември во 2009 година, довела до борба за власт помеѓу различни етнички групи во рамките на картелот Белтран Лејва.