Планинското ливадарче () е мала врапчевидна птица, која долго време беше сместена во семејството на дроздовите (Turdidae), но генетските докази ја сместија со своите роднини во фамилјата на муварчињата (Muscicapidae). Оваа птица ја има во Македонија.

Таксономија и систематизација Засега се прифатени два слабо дефинирани подвида: Saxicola rubicola rubicola, на југ и исток од распространетоста, од Данска југозападно до Шпанија , на југ до Мароко, источно до Полска и Украина и југоисточно до Турција. Saxicola rubicola hibernans, северозападна Европа, на крајбрежјето на Атлантикот, во југозападна Норвешка, Велика Британија, Ирска и северозападна Франција. Птиците од крајбрежјето на Португалија, исто така, се сметаат за овој подвид, но тоа е малку спорно.Siddle, J. P. (2006). Which subspecies of Common Stonechat breeds in coastal Portugal? British Birds 99: 372-374.

Опис

Планинското ливадарче е долго 11.5–13 см и тежи 13–17 грама, и е малку помало од црвеногушката. Двата пола имаат впечатливо кратки крилја. Летно време, мажјакот има црни горни делови, црна глава, портокалови грло и гради и бели стомак и задник. Исто така, има половина бел ѓердан на страните на вратот, бела дамка на крилјата и многу мала бела, а често црно-бела ознака на задниот дел од опашката. Женките имаат кафеави горни делови и глава, и немаат бел ѓердан, ниту стомак и задник, овие делови ѝ се прошарани со посветло и потемно кафеаво. Единствено бело има на крилјата, а и тоа често е портокаловобело.Urquhart, E., & Bowley, A. (2002): Stonechats. A Guide to the Genus Saxicola. Christopher Helm, London. ISBN 0-7136-6024-4

Поведение Живеалиштето на планинското ливадарче се планинските ливади и пасишта, крајбрежните дини и пределите со мали грмушки. Тие се преселници на кратки растојанија или воопшто не се преселници. Популациите од посеверните делови на опсегот зиме се селат во јужна Европа или северна Африка.

Мажјакот пее со висок тон и треперливо, слично на обичното попче. Двата пола се огласуваат со кликање, како чукање камчиња.

Наводи

Надворешни врски

Пол и возраст (PDF; 3.9 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze

Категорија:Муварчиња Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј