Уасим Боуи (роден на 11 јуни 1993 во Амстердам) — холандски фудбалер кој моментално игра за фудбалскиот клуб Јувентус.
Боуи игра како внатрешен играч за врска, но омилена позиција му е да игра зад напаѓачите.
Клупска кариера Ајакс Боуи ја започнал својата кариера во клубот од родниот град, Ајакс. Тој настапувал три години за младинскиот тим на Ајакс, но иако му предвидувале блескава кариера во клубот, тој го напуштил Ајакс без да одигра ниту еден натпревар за првиот тим.
Јувентус Во февруари 2012 Боуи одлучил да се пресели во Торино и да потпише договор со Јувентус. До крајот на сезоната настапувал за младинскиот тим на Јувентус. Боуи бил дел и од младиот тим на Јувентус кој триумфирал на Турнирот Вијареџо во 2012 година, каде тој бил еден од најзапазените играчи на тимот со својте асистенции и голови. На 31 август 2012, Јувентус се согласил да и го позајми Боуи на Бреша на една година.Calciomercato: le trattative del Brescia Тој дебитирал само еден ден подоцна во натпреварот против Јуве Стабија во Серија Б.<2:0 (0:0) - Brescia Juve Stabia Веќе во вториот натпревар тој го постигнал својот прв професионален погодок, носејќи и предност на Бреша нагостувањето кај Специја, но неговиот тим на крајот бил поразен во тој натпревар со 3-1. До крајот на неговиот заем одиграл 17 натпревари и имал 5 асистенции, но неуспеал да постигне уште некој гол.
На 30 јуни 2013, Боуи се вратил во Јувентус по завршувањето на позајмицата. Тој бил вклучен во првиот тим на Јувентус за сезоната 2013-14, добивајќи го дресот со број 24 кој малку претходно бил испразнет од страна на Емануеле Џакерини.
Надворешни врски Уасим Боуи на transfermarkt Уасим Боуи на soccerway
Наводи
Категорија:Холандски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Бреша Категорија:Родени во 1993 година