Водниот трскар () е мала врапчевидна птица од кладот Sylvioidea (трскари). Се размножува низ умерена источна Европа и западна Азија, со популација што е намалена на 15.000 пара. Таа е птица преселница што зимува во западна Африка. По многу години несигурност каде точно зимуваат овие птици, конечно (2007) е откриено дека само во Националниот резерват на птици - Џуџ во Сенегал, зимуваат меѓу 5-10.000 птици.Expedition solves Aquatic Warbler mystery , Birdlife International (2007). Retrieved 2012 Опис Водниот трскар е со средна големина во неговото семејство. Долг е 12-13 см. Одозгора е кафеавоцрвеникав, избразден со потемни шарки, над опашката е потокаловокафеав со ситни прошарувања, а одоздола е жолтобел. Има впечатлива светла линија над окото, круната на главата му е темнокафеава со светла линја на средината. Клунот му е силен, тенок и елегантен. Половите се исти. Поведение Живеалиштето на водниот трскар за време на сезоната на парење се влажните, мочурливи предели со вегетација до 30 см, со плитка вода, од 1 до 10 см. Тоа се речните долини, мочуриштата, барите, бреговите на езерата, со трски и ниски грмушки кои ќе му служат на мажјакот за перчење и пеење. Пеењето на птицата е разговорливо тпр-р-р-р-р-р-р тпр-р-р-р-р-р-р тпр-р-р-р-р-р-р, испрекинато со типични свиркања. Исхрана Оваа птица се храни со поголеми членконоги животни, разни пајаковидни животни, муви, пеперуги и нивните гасеници, водни молци и слично. За разлика од другите трскари, младенчињата се хранат со релативно големи членконоги. Вон сезоната на парење може да јаде и разни бобинки и семиња. Размножување

Водниот трскар има специфичен начин на размножување кој е помеѓу промискуитет и полигинијаLeisler, B. & Wink, Michael (2000): Frequencies of multiple paternity in three Acrocephalus species (Aves: Sylviidae) with different mating systems (A. palustris, A. arundinaceus, A. paludicola). Ethology, Ecology & Evolution 12: 237-249. PDF цел текст. Мажјаците речиси целосно се ослободени од грижата за пилињата, тие ја воспоставуваат својата територија која опфаќа 8 хектари, но се преклопува со територијата на другите мажјаци, па основната територија е околу 1ха. Во текот на сезоната на парење, од почетокот на мај до крајот на јули, интензивно се „рекламираат“, пеат и ги привлекуваат женките. Гнездото го градат на сува земја, меѓу трските. Женката несе 3-5 јајца, која ги инкубира и одгледува сосема сама. Успешноста на леглата е доста висока, околу 83%, а загубите од грабливци изнесуваат околу 11%. Половина од женките имаат и второ легло. На околу 59% од леглото татковци се различни мажјаци.Dyrcz 1993; Dyrcz & Zdunek 1993; Schulze-Hagen et al. 1993, 1995; Kozulin & Flade 1999; Kozulin et al. 1999

Статус и заштита

Водниот трскар е најредок и единствен загрозен вид од врапчевидните птици во континентална Европа. На глобално ниво е класифициран како ранлив, а на европско како загрозен. Некогаш широко распространет и броен во мочурливите и влажни ливади низ Европа, водниот трскар сега е исчезнат во поголемиот дел од неговиот опсег. Денес, неговата светска популација од само 12.100-13.800 возрасни мажјаци е ограничена на помалку од 40 редовни места за размножување, во само шест земји, со четири локации кои се поддржани и заштитени, каде се размножува 80% од светското население.

Оваа птица редовно се размножува во Белорусија, Германија, Унгарија, Литванија, Полска и Украина (нередовно во Русија и Латвија). Видот е изумрен во Западна Европа во текот на 20 век и има драматично намалување во Средна Европа. Порано се размножувал и во: Франција, Белгија, Холандија, поранешна Западна Германија, поранешна Чехословачка, поранешна Југославија, Австрија и Италија. Планот и програмата, како и мерките што се преземаат за заштита на оваа птица може да ги видите во Списокот на проекти за заштита 2010.pdf

Наводи

Надворешни врски

Фотографии и видеа на воден трскар (Acrocephalus paludicola) BirdLife International The Aquatic Warbler Conservation Team Conserving Aquatic Warbler in Poland and Germany an EU LIFE NATURE project Baltic Aquatic Warbler an EU LIFE NATURE project Списокот на проекти за заштита на водниот трскар 2010.pdf CMS Aquatic Warbler Memorandum of Understanding Возраст и пол (PDF; 1.3 MB) од Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze

Категорија:Трскари Категорија:Птици на Македонија