Сталагмит (од , „капка“) — минерална образба која која расте од подот на пештера со насобирање на материјал наталожен со капење од нејзиниот таван. Обично се сочинети од калциум карбонат, но понекогаш и од лава, минерали, кал, тресет, катран, песок и др. Кога талозите се нафаќаат на таванот на пештерата, образбата се нарекува сталактит.

Образување и видови Варовнички сталагмити Најчести сталактити се капниците (слепеотеми), кои обично се образуваат во варовнички пештери. Настануваат само под извесни услови на pH-вредности во пештерата. Се создаваат со нафаќање на калциум карбонат и други минерали присутни во водни раствори. Варовникот е главен облик на калциум карбонат во карпите, кои се раствора во водата која содржи јаглерод диоксид, образувајќи раствор со калциум бикарбонат во пештерските одаи.C. Michael Hogan. 2010. “Calcium”. eds. A. Jorgensen, C. Cleveland. Encyclopedia of Earth. National Council for Science and the Environment. За раст на сталагмитот потребно е Делумниот притисок на јаглерод диоскидот во водата мора да биде поголем од делумниот притисок на јаглерод диксидот во пештерската одаја.

Ако сталактитите (капниците на таванот) пораснат доволно долги, тие се спуштаат и се спојуваат со сталагмитите на подот, образувајќи столб.

Сталагмитите не треба да се допираат бидејќи нивниот раст зависи од насложување на водениот раствор врз постоечката површина; маснотијата на кожата или нечистотијата на рацете можат да го изменат површинскиот напон на дотечната вода, и со тоа да го поремети растот на сталагмитот и трајно да му ја измени бојата.

Лавини сталагмити Друг вид на сталагмити настанува во лавини цевки додека стопената лава внатре е уште течна. Нивниот минералошки состав е поинаков, сличен на оној на силициумски минерали застапени во базалтот (на пр. опсидијан), главна составница на вулканското стакло. Механизмот на образување/кристализација е значително поинаков од оној на варовничките сталагмити () иако и тој се создава под дејство на Земјината тежа. Капките на стопена лава (силикатен материјал, ) се стврднуваат на подот на веќе испразнетата лавина цевка, кога температурата на лавата ќе биде доволно намалена по испразнувањето на цевката.

Разликата помеѓу лавините и варовитите сталагмити е во тоа што преносот на силикатен материјал се одвива во стопена состојба, а не во воден раствор; ослободувањето на не игра значајна улога. Лавините сталагмити настануваат многу бргу (часови, денови или недели), а на варовничките сталагмити им треба иладници или стотици илајдници години. Значајна разлика е тоа што лавините сталагмити престануваат да растат кога ќе престане да тече лавата. Ако се скрши, ваквиот сталагмит никогаш нема да се опорави. Сталагмитите во лавини цевки се поретки од сталактитите произлезени од истите бидејќи при нивното образување стопениот материјал најчесто капе врз сè уште подвижна лава и таа го носи со себе.

Ледени сталагмити Мошне чест сталагмит во пештерите присутен сезонски или преку целата година е ледениот сталагмит, добро познат како мразулец. Кога водата прокапница се исцедува од површината и паѓа на пештерскиот под, а температурата е под мрзнење, оваа вода образува сталагмити. Се образуваат и со замрзнување на водената пареа. лично како лавините, ледените сталагмити се создаваат многу бргу, за неколку часа или дена. Ледените сталагмити се почести од ледените сталактити бидејќи топлиот воздух се крева нагоре во пештерата и може да ги одмрзне второспоменатите.

Ледените сталактити исто така прават сталагмити под нив, и со време може да сраснат во леден столб.

Бетонски сталагмити

Сталактитите и сталагмитите се образуваат и на бетонски тавани и подови, иако многу побргу отколку во природни пештери.Hill, C A, and Forti, P, (1997). Cave Minerals of the World, 2nd editions. pp. 217 & 225 [Huntsville, Alabama: National Speleological Society Inc.]Smith, G K. (2016). "Calcite straw stalactites growing from concrete structures". Cave and Karst Science, 43(1), 4–10.

Вторичните наслаги од бетон се производ на деградацијата на бетонот, каде калциумските јони се процедуваат од бетонот и растворот се нафаќа од долната страна на бетонската градба, образувајќи сталактити и сталагмити. До таложење на калциум карбонат како сталагмит доаѓа кога растворот е процедок богат со калциум паѓа на тлото под бетонската градба. Јаглерод диоксидот се впива во базниот процедок,Macleod, G, Hall, A J and Fallick, A E, 1990. An applied mineralogical investigation of concrete degradation in a major concrete road bridge. Mineralogical Magazine, Vol.54, 637–644. што овозможува хемиски реакции за нанесување на калциум карбонатот како сталагмит.Sundqvist, H. S., Baker, A. and Holmgren, K. (2005). "Luminescence in fast growing stalagmites from Uppsala, Sweden". Geografiska Annaler, 87 A (4): 539–548. Овие сталагмити ретко се повисоки од неколку сантиметри.Smith, G K., (2015). "Calcite Straw Stalactites Growing From Concrete Structures". Proceedings of the 30th 'Australian Speleological Federation' conference, Exmouth, Western Australia, edited by Moulds, T. pp. 93–108.

Вторичните наслаги како сталактити, сталагмити, наталожени камења и др. вон природната пештерска средина се нарекуваат „калтемити“. Оние произлезени од бетонот не можат да се наречат капници поради дефиницијата на поимот.

Рекорд Најголемиот познат сталагмит во светот е висок 70 м и се наоѓа во пештерата Шондонг, Виетнам.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Пештерски украси — за сталактитите, сталагмитите и другите пештерски образби, Истражувачко друштво „Урсус Спелеос“

Категорија:Спелеологија