Трстјански Залив (, , , ) — мошне плиток залив во Јадранското Море и дел од поголемиот Венецијански Залив на територијата на Италија, Словенија и Хрватска. Од јужната страна се граничи со полуостровот Истра, поделен помеѓу Хрватска и Словенија. Во заливот е сместено целото словенско приморје.
Преглед Заливот е ограничен со замислена линија imaginary од ’ртот Талјаменто на италијанска до местото Савудрија од хрватска страна. Зафаќа површина од околу 550 км2, со просечна длабочина од 18,7 м, а максимална од 37 м. Нема острови, со исклучок на малите рамни островчиња што ја штитат Градишката Лагуна. На источниот брег се наоѓаат Трст и областа Приморска, чие подрачје се одликува со понерамен терен.
Морската стрија се движи лева насока, при просечна брзна од 0,8 јазли. Плимата и осеката во заливот се меѓу најголемите на Јадранот, но сепак обично не надминуваат 60 см. Просечната соленоста на водата изнесува 37-38‰, но лете паѓа и под 35‰.
Помали заливи во Трстјанскиот Залив се Панцанскиот, Милјскиот (Муџански), Коперскиот и Пиранскиот.
Во заливот е сместено сето словенечко приморје, чија должина изнесува 46,6 км.Словенија — Светска книга на факти на ЦИА Крајбрежни градови (од исток кон запад) на словенечкото приморје се Копер, Изола и Пиран.
Поврзано Венецијански Залив Трст Трст (покраина) Осимски договор
Наводи
Надворешни врски Хидролошки податоци за морето кај Копер (водостој и температура) и Пиран — Агенција за околина на Словенија (ARSO)
Категорија:Заливи во Италија Категорија:Заливи во Словенија Категорија:Заливи во Хрватска Залив Категорија:Заливи во Јадранското Море Категорија:Словенечко-хрватска граница Категорија:Италијанско-словенечка граница