Митрополитот Јосиф (Прилеп, 1977) — македонско свештено лице и поранешен митрополит Кумановско-осоговски.

Образование По завршувањето на средното образование, во 1995 година, тој се запишал на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде што дипломирал во 2000 година, со одбрана на дипломскиот труд „Иконите низ историјата на Црквата“.

Во 2001 година, тој се запишал на последипломски студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што магистрирал во јуни 2005 година, на тема „Сфаќањето на личноста во антропологијата на Св. Григориј Палама“.

Докторските студии ги завршил на Православниот богословски факултет во Скопје, со темата „Догматско-богословското учење за исихазмот во делата на Св. Јован Лествичник, Св. Симеон Нов Богослов и Св. Григориј Палама“.

Монашки живот Тој се замонашил во 2005 година, кога е ракоположен и во јероѓакон, а следната 2006 година, тој бил ракоположен во јеромонашки чин.

Во 2009 година, тој станал игумен на Калишкиот манастир „Рождество на Пресвета Богородица”.

Со одлука на САС на Македонската православна црква, во 2011 година, тој станал архимандрит.

На 28 јуни 2012 година, тој бил избран за епископ Лешочки. На 21 октомври 2012 година, тој бил хиротонисан во соборниот храм на Полошко-кумановската епархија и бил поставен за викар на митрополитот Кирил.

На 17 септември 2013 година, тој избран за митрополит на Кумановско-осоговската епархија, а бил устоличен е на 10 ноевмри 2013 година, во соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово.

Во 2020 година, тој се повлекол од митрополитската должност.

Библиографија

Автокефалноста на МПЦ‒ОА (интракохезијални предразговори за долгорочноста на nominatio auctoris на правниот сукцесор на Охридската архиепископија ‒ македонската православна црква) - во соавторство со митрополитот Григориј (2018)

Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Магистри на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Живи луѓе