Тур де Франс 2013 било 100. издание на Тур де Франс, една од големите трки во велосипедизмот. Трката започнала на 29 јуни со рамна етапа од Порто-Векио до Бастија. Трката завршила со церемонијална етапа на Шанзелизе во Париз на 21 јули. Дваесет и две екипи настапиле на трката, која ја освоил Британецот Крис Фрум од . Второто и третото место соодветно им припаднало на Колумбиецот Наиро Кинтана и Шпанецот Хоаким Родригес.

Германскиот спринтер Марсел Кител бил првиот возач кој ја носел водечката жолта маичка. Кител го загубил водството следниот ден од Јан Бакелантс кој успеал да постигне една секунда предност по нападот кон крајот на етапата. Австралијанецот Сајмон Геранс го преземал водството откако неговата екипа, , го освоила екипниот хронометар на четвртата етапа. Геранс бил поминат во водството од колегата Дарил Импи по завршувањето на петтата етапа. Крис Фрум го преземал водството од Импи по завршувањето на осмата етапа. Фрум го одржал водството до крајот на трката во Париз преку постојаните добри резултати на поединечните хронометри и планинските етапи.

Крис Фрум станал вториот последователен британски велосипедист, кој го освоил Тур де Франс, откако Бредли Вигинс успеал во тоа една година пред тоа. Во другите пласмани на трката, возачот на Наиро Кинтана го освоил планинскиот пласман и исто така завршил како најдобар млад возач во генералниот пласман, завршувајќи на второто место; Петер Саган од екипата бил освојувач на бодовниот пласман, додека завршиле како победници на екипниот пласман.

Екипи

Сите 19 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Три професионални континентални екипи, сите од Франција, биле исто така поканети.

†: Поканети професионални континентални екипи

Фаворити пред трката

мини|upright|Возачот на Крис Фрум, крајниот победник, бил сметан за фаворит пред трката

Бредли Вигинс, бранителот на титулата, бил насочен кон Џиро д’Италија, но се повлекол на почетокот поради болест. Подоцна се повлекол и од Тур де Франс поради болест и повреда поради која не бил во можност доволно да тренира. Поради ова Крис Фрум, второпласираниот на трката во 2012, станал предводник на и главен фаворит на трката, освојувајќи ги Трката околу Оман, Критериум Интернасионал, Тур де Романди и Критериум ду Дофине во 2013. Уште еден возач на Ричи Порт имал одлична форма во 2013, победувајќи на Париз-Ница и завршувајќи втор зад Фрум на Критериум Интернасионал и Дофине, но се очекувало да биде негов помошник и да вози за него. Еден од главниот фаворити, Алберто Контадор (), се вратил на трката откако бил суспендиран на минатото издание. Енди Шлек од , победникот во 2010, исто така повратник, откако ја пропуштил трката во 2012 поради повреда. Други кандидати биле Хоаким Родригес од , кој бил на подиум на Џиро и Вуелта во 2012, Алехандро Валверде од , кој бил втор на Вуелта 2012, неговиот колега Наиро Кинтана и победникот на Тур 2011, Кедел Еванс, иако најверојатно ќе го делел водството во со Тиџеј ван Гардерен. Возачот на Винченцо Нибали бил можен кандидат откако се искачил на подиумот на Тур де Франс 2012, но се насочил на Џиро д’Италија 2013.

Изјавувајќи по неговата победа на Критериум ду Дофине на 9 јуни, Фрум рекол дека тој е еден од седумте можни победници, додека останатите биле Контадор, Валверде, Родригес, Еванс, Ван Гардерен и Кинтана.

Рута и етапи

Имало 21 етапа на трката 2013 на вкупно растојание од 3.403,5 километри, сместени целосно на територијата на Франција, за разлика од многуте изданија на трката. Тур започнал на Корзика, посетувајќи ги единствените два департмани во континентална Франција, кои никогаш не биле посетени од трката, Јужна Корзика и Горна Корзика. Бидејќи било 100. издание на трката, изданието во 2013 вклучувало некои од најпознатите искачувања во историјата на трката, вклучувајќи ја завршницата на Мон Венту на етапата 15, а на етапата 18 Алп д’Ез бил искачуван двапати од возачите, вториот пат како цел на етапата.

Трката започнала во Корзика, во градот Порто-Векио. На островот се одржале првите три етапи. Корзика бил единствен континентален регион, а Јужна Корзика и Горна Корзика биле единствените континентални департмани низ кои никогаш претходно не поминал Тур и организаторите сакале да го спојат 100. издание на Тур со првата посета на Корзика. За да ја смести придружбата на трката во текот на нивниот престој на Корзика, организаторите го најмиле крстосувачот Мега Смералда, во кои се сместиле членовите на организацијата, медиумот и другите кои работеле на Тур и во него се одржувале конференциите за печат, иако возачите останале во хотели во и околу Порто-Векио.

Трката била првата која целосно се одржала на француска почва од онаа во 2003. Вклучувала етапи кои биле опишани како „брутални“, три алпски етапи во последната недела заедно со „екстремно тешкиот“ хронометар. Ова вклучувало двојно искачување на Алп д’Ез, првпат во историјата на трката се извело двојно искачување на некое искачување од ваков размер. Имало осум рамни етапи, три ридски етапи, седум планински етапи (од кои четири со завршница на нагорнина), два поединечни хронометри и еден екипен хронометар. Трката се одржала на растојание од 3.403 километри, и традиционално завршила во Париз.

Трката имала екипен хронометар околу Ница на четвртата етапа и два поединечни хронометри. Сите други етапи биле со заеднички старт на возачите и биле поделени во три категории: од видот на етапата зависел бројот на бодови кои се добивал за бодовниот пласман и временската граница. Победникот на рамна етапа добивал 45 бода, победникот на среднопланинска етапа добивал 30 бода и победникот на планинска етапа добивал 20 бода.

Трката завршила на етапата 21, со ноќна завршница на Шанзелизе во Париз за првпат во историјата на трката.

+Список на етапиЕтапаДатумДвижењеРастојаниеВидПобедник129 јуни Порто-Векио – Бастија 213 км 22п рамна етапа 230 јуни Бастија – Ајачо 156 км 22п среднопланинска етапа 31 јули Ајачо – Калви 145,5 км 22п среднопланинска етапа 42 јули Ница – Ница 25 км 20п екипен хронометар 53 јули Кан – Марсеј 228,5 км 22п рамна етапа 64 јули Екс ан Прованс – Монпелје 176,5 км 22п рамна етапа 75 јули Монпелје – Албу 205,5 км 22п рамна етапа 86 јули Кастр – Акс 3 Домен 195 км 22п планинска етапа 97 јули Сен-Жирон – Бањер де Бигор 168,5 км 22п планинска етапа 8 јули Ден за одмор109 јули Сен Жилда де Буа – Сен-Мало 197 км 22п рамна етапа 1110 јули Авранш – Мон Сен-Мишел 33 км 20п поединечен хронометар 1211 јули Фужер – Тур 218 км 22п рамна етапа 1312 јули Тур – Сен Аман Монтрон 173 км 22км рамна етапа 1413 јули Сен Пурсен сир Сиул – Лион 191 км22п среднопланинска етапа 1514 јули Живор – Мон Венту 242,5 км 22п планинска етапа 15 јули Ден за одмор1616 јули Везон ла Ромен – Гап 168 км 22п планинска етапа 1717 јули Амбрен – Шорж 32 км 20п поединечен хронометар 1818 јули Гап – Алп д’Ез 172,5 км 22п планинска етапа 1919 јули Ле Бург-д’Оазан – Ле Гран Борнан 204,5 км 22п планинска етапа 2020 јули Анси – Семноз 125 км 22п планинска етапа 2121 јули Версај – Париз 133,5 км 22п рамна етапа

Пласмани

Постоеле четири главни пласмани на Тур де Франс 2013. Најважниот бил генералниот пласман, пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистот со најмало вкупно време е предводник на трката, на кој му се доделува жолтата маичка; победникот во овој пласман се смета за победник на целиот Тур. Во 2013, не постоеле бонус секунди.

Дополнително, тука бил бодовниот пласман, кој се наградува со зелената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови за завршување меѓу најдобрите во етапата или на средните спринтови. Велосипедистот се најмногу бодови води во пласманот и му се доделува зелената маичка.

Исто така, постои и планински пласман. Организаторите категоризираат одредени искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодови за овој пласман може да освојат првите велосипедисти на некое искачување, со разлика во бодовите на секое категоризирано искачување. Велосипедистите со најмногу бодови води во пласманот и му се доделува точкестата маичка.

Четвртиот поединечен пласман е пласманот за млад возач, кој е награден со белата маичка. Овој пласман се преместува на истиот начин како генералниот пласман, но учествуваат само возачи помлади од 26 години.

За екипниот пласман се додаваат времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечка екипа е екипата со најмало вкупно време. Возачите во екипата, кои водат во овој пласман, добиваат жолти броеви на нивните дресови и за првпат од 2012 и жолти кациги.

Наградата за борбеност (исто така именувана како награда за најагресивен возач) е одредена од судиите по секоја етапа.

Етапа Победник Генерален пласман25п Бодовен пласман25п Планински пласман25п Пласман за млад возач25п Екипен пласман25п Награда за борбеност25п 1 Марсел Кител Марсел Кител Марсел Кител Хуан Хосе Лобато Марсел Кител Жером Кузен 2 Јан Бакелантс Јан Бакелантс Пјер Ролан Михал Квијатковски Блел Кадри 3 Сајмон Геранс Петер Саган Сајмон Кларк 4 Сајмон Геранс недоделена 5 Марк Кевендиш Томас де Гент 6 Андре ГрајпелДарил Импи Андре Грајпел 7 Петер Саган Блел Кадри Јан Бакелантс 8 Крис Фрум Крис Фрум Крис Фрум Наиро Кинтана Наиро Кинтана 9 Даниел Мартин Пјер Ролан Ромен Барде 10 Марсел Кител Жером Кузен 11 Тони Мартин Михал Квијатковски недоделена 12 Марсел Кител Хуан Антонио Флеча 13 Марк Кевендиш Марк Кевендиш 14 Матео Трентин Жилјен Симон 15 Крис Фрум Крис Фрум Наиро Кинтана Силвен Шаванел 16 Руј Кошта Руј Кошта 17 Крис Фрум недоделена 18 Кристоф Риблон Кристоф Риблон 19 Руј Кошта Пјер Ролан 20Наиро Кинтана Наиро Кинтана Јенс Фогт 21Марсел Кител недоделена На крајКрис ФрумПетер СаганНаиро КинтанаНаиро КинтанаКристоф Риблон

Забелешки На етапата 2, Александер Кристоф, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Марсел Кител (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапата. На етапата 2, Дани ван Попел, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Марсел Кител (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапата. На етапата 9, Пјер Ролан, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел точкестата маичка, бидејќи Крис Фрум (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапата. Обајцата, Фрум и Ролан, имале по 31 бод, но Фрум ја имал точкестата маичка, бидејќи прв повеќепати преминал преку искачување од прва категорија отколку Ролан. На етапата 13, наградата за борбеност им припаднала на со одлука на судиите како признание на целата екипа. Марк Кевендиш бил избран да ја претставува екипата на подиумот. На етапите 16-18, Микел Ниеве, кој бил трет во планинскиот пласман, ја носел точкестата маичка, бидејќи Крис Фрум (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапите, а Наиро Кинтана (на второто место) ја носел белата маичка како предводник во пласманот за млад возач во текот на истите етапи. На етапата 19, Кристоф Риблон, кој бил трет во планинскиот пласман, ја носел точкестата маичка, бидејќи Крис Фрум (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапата, а Наиро Кинтана (на второто место) ја носел белата маичка како предводник во пласманот за млад возач во текот на истата етапа. На етапата 20, Пјер Ролан, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел точкестата маичка, бидејќи Крис Фрум (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапата. На етапата 21, Ендру Талански, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Наиро Кинтана (на првото место) ја носел точкестата маичка како предводник во планинскиот пласман.

Поредок