Белиз е најголем град во Белиз и некогаш бил главен град на поранешната територија Британски Хондурас. Населението во градот е околу 68.000 жители, а со соседните предградија се искачува на околу 80.000. Се наоѓа на устието на истоимената река на брегот на Карипското Море. Градот е главно пристаниште во земјата и негов финансиски и индустриски центар. Градот бил скоро целосно уништен во 1961 кога го погодил ураган. Бил главен град на Британски Хондурас (како што бил именуван Белиз тогаш) додека владата не била преместена во новиот главен град Белмопан во 1970.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Историја на градот Електронско списание за градот
Категорија:Градови во Белиз Категорија:Населени места основани во 1638 година