Ерменска Висорамнина (, Хајкакан лернашхарх) — планинско подрачје на северот на западна Азија и највисока од трите висорамнини во регионот.Hewsen, Robert H. "The Geography of Armenia" in The Armenian People From Ancient to Modern Times Volume I: The Dynastic Periods: From Antiquity to the Fourteenth Century. Richard G. Hovannisian (ed.) New York: St. Martin's Press, 1997, стр. 1-17 На запад се граничи со Анадолската Висорамнина што постепено се издига од низинското крајбрежје на Егејското Море на просечна висина од 910 м. Во Ерменија, висорамнината нагло се искачува од 900 на 2.000 м во просек. На југоисток се граничи со Иранската Висорамнина, каде надморската височина набргу се спушта на 600-1.500 м.
Во антиката подрачјето се нарекувало Голема Ерменија и имало важна улога во развојот на ерменската цивилизација и претставува една од трите геополитички области на ерменскиот народ (другите две се Мала Ерменија и Софена). Во средниот век на висорамнината се доселиле туркиски народи во мошне голем број. Поради ова го добила и името Туркоманија.
Низ историјата, на висорамнината живееле повеќе разни народи како Хуроурарти, Ерменци, Грузијци, Асирците, Курди, Персијци, Грци, Арапи, Турци и Монголци. Христијанското население во западната половина на подрачјето е истребено со Ерменскиот геноцид во почетокот на XX век.
Денес најбројни народи се Ерменците, Азерите, Грузијците, Курдите и Турците.
Географија Висорамнината зафаќа површина од 400.000 км2.Ерменска Висорамнина — Енциклопедија „Британика“ 2007 Во подалечното минато ова било сеизмички активно подрачје,Volcanoes, their structure and significance Thomas George Bonney - 1912 - стр. 243 чиј вулканизам создал големи релјефни образби и низа масиви. Тектонските движења создале предуслови за настанокот на трите најголеми езера — Севан, Ван и Урмија.Пилотен проект на Смарагдната мрежа во Ерменија — Совет на Европа Од тие причини, висорамнината изобилува со вода.Der Völkermord an den Armeniern, Nikolaĭ Oganesovich Oganesian - 2005 - стр. 6
Најголемиот дел од висорамнината денес се наоѓа во турската област Источна Анадолија, но опфаќа и делови во северозападен Иран, цела Ерменија и западните краишта на Азербејџан. Западните делови на висорамнината го сочинуваат масивот Мал Кавказ, кој се смета за прататковина на Ерменците.
Историја Во текот на периодот од 4000 до 1000 г. п.н.е., на висорамнината се произведувал метал и метални предмети, кои потоа се тргувале во соседните региони. Според преданијата, се смета за едно од можните места кајшто се наоѓа библиската Еденска градина.Mesopotamian Trade. Noah's Flood: The Garden of Eden, W. Willcocks, H. Rassam стр. 459-460 Висорамнината е наречена и „епицентар на железното време“, бидејќи се смета дека тука за првпат се појавила металургијата (крај на II милениум п.н.е.).Lang, David M. Armenia: Cradle of Civilization. London: George Allen & Unwin, 1970, стр. 50-51, 58-59. Во раното железно време, висорамнината била под власта на кралството Урарту (Арарат).
Земјата Арата опишана во епот „Гилгамеш“ одговара на денешната Ерменска Висорамнина.Encyclopedia of the Peoples of Asia and Oceania, By Barbara A. West, 2009, стр. 47
Во текот на стариот и средниот, висорамнината престставувала јаболко на раздорот помеѓу големите држави како Византија и Османлиите, Персија и Арапите. Во XVI век подрачјето конечно потпаднало под отоманска власт, а во XIX век играло важна улога како граница помеѓу Отоманското и Руското царство. На почетокот на XX век, турскиот аскер го спровел познатиот Ерменски геноцид, збришувајќи огромен број на луѓе од висорамнината и преименувајќи го подрачјето во Источна Анадолија.The Armenian Genocide: Cultural and Ethical Legacies - стр. 3, by Richard G. Hovannisian - 2011 По распадот на царството, Ерменската Висорамнина претставувала тромеѓа помеѓу Турција, Иран и СССР, а по распадот на сојузот и помеѓу Ерменија, Грузија и Азербејџан.
Поврзано Арарат Историја на Ерменија Источна Анадолија
Наводи
Категорија:Планински венци во Турција Категорија:Планински венци во Иран Категорија:Планини во Ерменија Категорија:Поделени региони Категорија:Висорамнини во Азија