Хенигсдорф () е град во округот Горен Хафел, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа северозападно од Берлин и се граничи со него, а границата е главно одредена од реката Хафел.
Историја
Општината се граничела со поранешниот Западен Берлин, па затоа во периодот 1961-1990 била одделена од него со Берлинскиот ѕид.
Во 1951-1952 бил изграден Каналот Хафел за да го поврзе Хенигсдорф со Парец, со тоа избегнувајќи го преминот низ реката Хафел, помеѓу Шпандау и Потсдам, кој бил под политичка контрола на Западен Берлин. Каналот е сè уште во употреба, обезбедувајќи пократка рута за бродовите од западниот дел на Берлин до Одра-Хафел и Полска.
Географија Градски единици
Хенигсдорф се состои од 3 градски единици:
Хенигсдорф Нидер Нојендорф (од 1923) Штолпе-Зид (од 1 мај 1998)
Соседни места
Фелтен Хоен Нојендорф Берлин Шенвалде-Глин Оберкремер
Меѓународни односи
Хенигсдорф е збратимен со:
25п Кралупи на В’лтава (Чешка) 25п Шаози ле Роа (Франција) 25п Алсдорф (Северна Рајна-Вестфалија, Германија)
Спорт
Хенигсдорф е дом на рагби клубот Штал Хенигсдорф. Екипата создадена во 1948 под водство на Ервин Тизис била најуспешната екипа во Источна Германија, освојувајќи 27 национални првенства од 1952 до 1990.Рагби во Хенигсдорф - Хронологија Hennigsdorf
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Горен Хафел Категорија:Бранденбург (покраина)