мини|десно|Отрантската Врата на карта
Отрантска Врата (; ) — проток што ги поврзува Јадранското и Јонското Море Италија from Албанија. Во најтесниот дел кај Отрантскиот ’Рт (Палашија) источно од Саленто, протокот е широк само 72 км. Протокот е наречен по италијанскиот град Отранто.
За време на Првата светска војна, протокот имал големо стратешко значење. Италија, Франција и Велика Британија во него сместиле лесни пловила, попречувајќи ѝ го влезот на Австроунгарската воена морнарица во Средоземното Море.
Истите барикади не можеле да се справат со германските подморници кои успешно напаѓале во Јадранот и Средоземното Море во текот на целата војна.First World War - Willmott, H.P., Dorling Kindersley, 2003, стр. 186
Во денешно време протокот се соочува со голем број на нелегални имигранти кои албанската мафија ги криумчари на бродови.
Поврзано Отрантски ’Рт Османлиска инвазија на Отранто „Отрантскиот замок“ — првиот готски роман Тарантски Залив
Наводи
Категорија:Протоци во Албанија Категорија:Протоци во Италија Категорија:Протоци во Европа Категорија:Протоци во Средоземното Море Категорија:Меѓународни протоци Категорија:Јонско Море Категорија:Јадранско Море Категорија:Јадрански брег на Албанија Категорија:Јонски брег на Албанија